Прејди на содржината

Нирнбершки процес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Националсоцијализам
Кукест крст
Кукест крст

Нирнбершки процес (или Нирнбершки судења) е називот за последователните судења на истакнати членови на политичкото, военото и економското водство на Третиот рајх. Судењата биле одржани во градот Нирнберг, Германија, од 1945 до 1949, во Нирнбершката палата на правдата. Првото и најпознатото од овие судења е Судењето на главните воени злосторници на меѓународниот воен трибунал, коешто судело 24 лица од најважните заробени водачи во Нацистичка Германија.

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Меѓународниот воен трибунал имал интересни почетоци. Прашањето за решавањето на проблемот со нацистичките воени злостори се појавиле уште во 1942 година, кога Винстон Черчил предложил погубување на злосторниците според посебен закон и преку кратка постапка, од што се откажал под притисок на САД.

На Техеранската конференција, Сталин дал уште поригорозен предлог за неселективно стрелање на педесет до сто илјади германски офицери. Овој пат, и самиот Черчил се спротивставил на стреалњето на офицерите кои немале учество во злосторствата. Секретарот на трезорот на САД, Хенри Моргентау предложил план за целосна денацификација на Германија, познат како „Планот Моргентау“. Планот предлагал деиндустријализација на Германија, принудна работа и слични драстични мерки, слични на оние што самите нацисти ги планирале за Источна Европа. И Черчил и Рузвелт го поддржувале овој план и се обиделе да добијат одобрение на Квебешката конференција во септември 1944. Овој пат, СССР се спротивставил, барајќи судски процес.

По преговорите на конференциите во Техеран, Јалта и Потсдам, идното судење било регулирано со Лондонскиот договор од 8 август 1945. Списокот на идните обвиненици бил ограничен на поголеми воени злосторства на европските Сили на оската. Судењата започнале на 20 ноември 1945, во Нирнберг.

Обвинети и пресуди

[уреди | уреди извор]
Геринг и Хес за време на судењето

Пред меѓународниот воен трибунал биле обвинети 24 лица и 6 организации. Обвиненијата биле различни, но сите биле обвинети за некои или за сите од следниве четири кривични дела:

  1. Учество во заеднички план или завера за спроведување на злосторства против мирот.
  2. Планирање, започнување и водење на агресорски војни и други злосторства против мирот.
  3. Воени злосторства.
  4. Злосторства против човештвото.

24-те обвинети биле:

(Легенда: „О“ - обвинет; „В“ - обвинет и прогласен за виновен; „º “ - необвинет)

Име   Обвинение Казна     Забелешки
  1     2     3     4        

Мартин Борман
О º В В Смрт Наследник на Хес како секретар на Нацистичката партија. Осуден на смрт во отсуство, најден е во 1972 година.1 Архивирано на 31 декември 2006 г.

Карл Дениц
О В В º 10 години Заповедник на воената морнарица (Kriegsmarine). Станал претседател на Германија по смртта на Хитлер.2 Архивирано на 19 август 2012 г.

Ханс Франк
О º В В Смрт Началник на генералната управа во окупирана Полска. Искажал каење.3 Архивирано на 17 ноември 2006 г.

Вилхелм Фрик
О В В В Смрт Министер за внатрешни работи. Ги издал нирнбершките расни закони.4 Архивирано на 31 декември 2006 г.

Ханс Фриче
О О О º Ослободен Популарен радио коментатор и глава на одделот за вести во министерството за пропаганда.5 Архивирано на 31 декември 2006 г.

Валтер Функ
О В В В Доживотен затвор Министер за економија. Ослободен заради лошо здравје на 16 мај 1957 година.6 Архивирано на 4 јануари 2007 г.

Херман Геринг
В В В В Смрт Рајхсмаршал, командант на Луфтвафе и неколку одделенија на СС. Извршил самоубиство ноќта пред извршувањето на смртната казна.7 Архивирано на 4 јануари 2007 г.
Рудолф Хес
В В О О Доживотен затвор Заменик на Хитлер. Со авион прелетал во Шкотска во 1941 година во обид да склучи мир со Велика Британија. По судењето, бил затворен во затворот Шпандау. Починал во 1987 година.8 Архивирано на 21 декември 2006 г.

Алфред Јодл

В В В В Смрт Генералоберст на Вермахтот, потчинет на Кајтел. На 28 февруари 1953, посмртно е ослободен од вина од германскиот суд за денацификација.9 Архивирано на 1 декември 2006 г.

Ернст Калтенбрунер

О º В В Смрт Највисок преживеан водач во СС. Шеф на RSHA, централниот разузнавачки орган на нацистите. Управувал со многу одреди на Ајнзацгрупен и неколку концентрациони логори.10 Архивирано на 3 јануари 2007 г.

Вилхелм Кајтел
В В В В Смрт Главен заповедник на Врховната команда на Вермахтот (Oberkommando der Wehrmacht, OKW)11 Архивирано на 20 декември 2006 г.

Густав Круп фон Болен унд Халбах
О О О О ---- Голем нацистички индустријалец. Здравствено неспособен за судење.

Роберт Лај
О О О О ---- Глава на ДАФ. Извршил самоубиство на 25 октомври 1945 година, пред почетокот на судењето.

Барон Константин фон Нојрат

В В В В 15 години Министер за надворешни работи до 1938 година, наследен од Рибентроп. Подоцна, Заштитник на Бохемија и Моравија. Дал оставка во 1943, заради несогласување со Хитлер. Ослободен е заради лошо здравје на 6 ноември 1954 година.12 Архивирано на 3 јануари 2007 г.

Франц фон Папен

О О º º Ослободен Канцелар на Германија во 1932 година и вице-канцелар под Хитлер во 1933-34 година. Амбасадор во Австрија (1934-38) и амбасадор во Турција (1939-44). Иако бил ослободен во Нирнберг, во 1947 е осуден како воен злосторник од германскиот денацификациски суд на осум години тешка работа. Бил ослободен две години подоцна, по жалба.13 Архивирано на 3 јануари 2007 г.

Ерих Редер

В В В º Доживотен затвор Заповедник на воената морнарица (Kriegsmarine) 14 Архивирано на 3 јануари 2007 г.

Јоаким фон Рибентроп

В В В В Смрт Министер за надворешни работи од 1938 до 1945 година.15 Архивирано на 11 декември 2006 г.

Алфред Розенберг
В В В В Смрт Главен идеолог на расната теорија. Подоцна, заштитник на источните окупирани територии од 1941 до 1945.16 Архивирано на 1 јануари 2007 г.

Фриц Заукел
О О В В Смрт Главен идеолог на нацистичката теорија за ропска работа.17 Архивирано на 3 јануари 2007 г.

Д-р Јалмар Шахт
О О º º Ослободен Истакнат банкар и стопанственик. Предвоен претседател на Рајхсбанката (Reichsbank) и министер за економија. Признал дека го прекршил Версајскиот договор.18 Архивирано на 3 јануари 2007 г.

Балдур фон Ширах
О º º В 20 години Глава на Хитлеровата младина (Hitlerjugend) од 1933 до 1940 година, регионален водач на Виена од 1940 до 1943 година. Изразил каење.19 Архивирано на 31 декември 2006 г.

Артур Зајс-Инкварт
О В В В Смрт Работел на Аншлусот и кратко бил канцелар на Австрија во 1938 година. Изразил каење.20 Архивирано на 4 ноември 2011 г.

Алберт Шпер
О О В В 20 години Омилен архитект на Хитлер и личен пријател, и министер за вооружување од 1942 година. Бил одговорен за искористувањето на ропската работа од окупираните територии за производство на оружје. Изразил каење.21 Архивирано на 2 јануари 2007 г.

Јулиус Штрајхер
О º º В Смрт Регионален водач на Франконија од 1922 до 1945 година. Ширел омраза и убивање на Евреите преку неговиот неделен весник, Дер Штурмер (Der Stürmer).22 Архивирано на 1 јануари 2007 г.

Француските судии предлагале смртните казни да се извршуваат со стрелање, бидејќи тоа била пракса на воените трибунали, но Бидл и советските судии се спротивставиле. Тие сметале дека овие лица ги прекршиле сите воени етички правила и дека не се достојни за стрелачки вод, така што е утврдено смртните казни да се извршуваат со бесење.

Осудените на временски казни ги издржувале казните во затворот Шпандау во Берлин.

Од организациите обвинети се:

  • Раководството на НСДАП (Reichsregierung)
  • СС (Schutzstaffel, SS)
  • СД (Sicherheitsdienst, SD)
  • Гестапо
  • СА (Sturmabteilung, SA)
  • Врховната команда на Вермахтот (германската армија) (Oberkommando der Wehrmacht, OKW).

Од овие организации, за невини се прогласени Раководството на НСДАП, Врховната команда на Вермахтот, СА (бидејќи најголемиот дел од злосторствата се случиле пред почетокот на војната и не биле истражувани) и дел од СС, познат како Рајтер-СС (Reiter-SS).