Мигел Анхел Лопез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мигел Анхел Лопез
Лични податоци
Цело име Мигел Анхел Лопез Морено
Прекар Супермен
Роден 4 февруари 1994 (1994-02-04) (воз. 23 г.)
Песка,  Колумбија
Висина 1,70 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Астана
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист во искачување
Аматерски клубови
2014 Лотерија де Бојака-Индепортес Бојака
Професионални клубови
2015- Астана
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
2 индивидуални етапи (2017)

Етапни трки

Тур де Свис (2016)

Еднодневни трки и класици

Милано-Торино (2016)
Последна промена
28 септември 2017

Мигел Анхел Лопез (шпански: Miguel Ángel López; р. 4 февруари 1994) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Астана.[1]

Во 2016 година ја освоил етапната трка Тур де Свис.[2]

Следната сезона ја освоил првата етапна победа на некоја голема трка на единаесеттата етапа на Вуелта а Еспања, по што следела уште една победа на петнаесеттата етапа.[3][4]

Кариера[уреди | уреди извор]

2014[уреди | уреди извор]

Лопез имал успеси во 2014 година, освојувајќи неколку етапни трки додека бил аматер. Во август ја освоил Тур де л’Авенир, најпрестижната трка за возачи под 23 години. Воедно ја освоил и Вуелта а Колумбија под 23 години.

2015[уреди | уреди извор]

По успесите во 2014 година, Лопез потпишал договор со Астана. Неговиот успех на етапните трки продолжил, завршувајќи четврти на крај и освојувајќи една етапа на Вуелта а Бургос, како и седмото место на Тур де Свис.

2016[уреди | уреди извор]

Во 2016 година, Лопез го имал својот пробив, прославувајќи победи на големи етапни трки. Завршил како четврти на Тур де Сан Луис, првата трка во неговата сезона. На трката ја освоил шестата етапа и младинскиот пласман. Еден месец подоцна, Лопез завршил трет и освоил една етапа на Тур де Лангкави, осумдневна трка во Малезија. Во јуни му се случила најголемата победа досега на Тур де Свис, кога ја освоил етапната трка пред Јон Изагире и Варан Баргиј. По овие успеси, Лопез бил еден од петте возачи кои ја претставувале Колумбија на Летните олимписки игри 2016, настапувајќи на друмската трка. Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016,[5] но ја напуштил на шестата етапа.[6]

2017[уреди | уреди извор]

Лопез бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања заедно со поранешниот победник на трката Фабио Ару. На единаесеттата етапа ја остварил својата прва етапна победа на некоја голема трка, оддалечувајќи се од фаворитите на трката Крис Фрум, Винченцо Нибали и Вилко Келдерман во последните 2 километри на искачувањето од прва категорија до опсерваторијата Калар Алто.[3] Добрата форма на Лопез во планините продолжила на четиринаесеттата етапа до Сиера де ла Пандера, каде уште еднаш се оддалечил од фаворитите, завршувајќи втор зад Рафал Мајка на првото искачување од екстра категорија на трката.[7] На следната етапа заминал сам во бегство на завршницата, остварувајќи уште една етапна победа.[8]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2014
1. Краен пласман Вуелта а Колумбија под 23 години
1. Етапа 4
1. Класика де Самака
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 1 Класика Фусагасуга
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 6
Jersey polkadot.svg Планински пласман
2015
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 2 (ТТТ)
1. Етапа 4
7. Краен пласман Тур де Свис
8. Национално друмско првенство
2016
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Свис
1. Милано-Торино
3. Краен пласман Тур де Лангкави
1. Етапа 4
4. Краен пласман Тур де Сан Луис
1. Jersey blue.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 6
4. Национално друмско првенство
2017
3. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 4
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 5
8. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Jersey red number.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 11
1. Етапа 15

Распоред на резултати[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта СО 8
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки
Трка 2015 2016 2017
Jersey yellow.svg Париз-Ница
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико
MaillotVolta.png Волта а Каталуња СО 42
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 20
Jersey yellow.svg Тур де Романди СО
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине
Jersey yellow.svg Тур де Свис 7 1 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]