Васко Караџа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васко Караџа
Роден/аВаско Караџа
21 мај 1923
Д’мбени, Егејска Македонија
Починат/а9 февруари 2005
Скопје, Република Македонија
Занимањемашински инженер, писател, поет и преведувач
НационалностМакедонец
Периодсовремена македонска книжевност
Жанрпоезија, проза
Значајни наградипрва награда во Италија во 1990 г.,две златни пера за превод и награда „Глигор Прличев“ од ДЛПМ
Сопруг/аСула Караџа, родена Калиманова (25.03.1932 - 15.02.2011)
ДецаАтанас Караџа и Анастас Караџа

Васко Караџа (21 мај 1923, Д’мбени, Костурско - 9 февруари 2005 во Скопје) — македонски писател и преведувач од македонски на грчки јазик и обратно[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој е роден во селото Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија. Васко Караџа во 1946 г. се приклучил кон Демократската армија, а во 1949 г. заминува како политички емигрант во тогашна Југославија, па потоа, по личната перипетија низ државите на Источна Европа-СССР, за подоцна во 1963 година да се пресели во Скопје, тогаш Социјалистичка Република Македонија[1].

Васко Караџа бил значаен писател и уважен преведувач на дела од грчки на македонски јазик и обратно. Меѓу останатите негови дела, тој е автор на современиот грчко-македонски речник кој бил издаден на 2 јуни во 2009 година во Солун и содржи околу 15 000 збора. Творецот го доставил ова духовно наследство на Виножито, малку време пред смртта, за да се напечати во Грција, односно Солун[1].

Творештво[уреди | уреди извор]

Своите први песни ги напишал во 1943 година. Во 1960 г., во Ташкент, излегла неговата прва збирка песни „Стихови“, како и првиот грчки превод на РациновитеБели Мугри“. Во 1984 година, во Атина била објавена поетската збирка „Миросувањето на вечноста“ (на грчки јазик, во сопствен превод), во 1986 година, во Скопје се појавила збирката „Егејски мотиви“, додека во 1993 година зилегла збирката „Со Д'мбени во срцето“ („With D'mbeni at heart“), како двојазично издание на македонски и на англиски јазик. Во 1988 г. излегла збирката „Елегии за родниот крај“. Караџа има преведено повеќе од триесет дела поезија и проза од македонски на грчки јазик, седум книги од грчки на македонски јазик и уште седум поетски збирки од српски на грчки јазик. Во 1990 г., на анонимен меѓународен конкурс во Италија, неговата песна „Едно мајско утро“ ја освоила првата награда. За својата преведувачка работа, Васко Караџа е добитник на две „Златни пера“ и на наградата „Глигор Прличев“ што ги доделува Друштвото на литературните преведувачи на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Во спомен на Васко Караџа“. Архивирано од изворникот на 2011-01-02. Посетено на 2009-11-19.