Борка Велески: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Форматна исправка, replaced: ) е макед → ) — макед
Ред 12: Ред 12:
| националност =
| националност =
}}
}}
'''Борка Јованов Велески – Горанов''' ({{роден во|Прилеп}}, {{роден на|||1912}} - [[Мукос]], {{починал на|14|септември|1942}}) е македонски комунист, учесник во [[НОБ]]. Бил прогласен за [[народен херој]] на [[20 декември]] [[1951]] година.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 81</ref>
'''Борка Јованов Велески – Горанов''' ({{роден во|Прилеп}}, {{роден на|||1912}} - [[Мукос]], {{починал на|14|септември|1942}}) македонски комунист, учесник во [[НОБ]]. Бил прогласен за [[народен херој]] на [[20 декември]] [[1951]] година.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 81</ref>

== Помеѓу двете светски војни ==
== Помеѓу двете светски војни ==
Ред 24: Ред 24:
== НОВ ==
== НОВ ==
[[File:Биста - Борка Велески - Левата.JPG|thumb|Биста на Борка Велески - Левата во Могилата на непобедените]]
[[File:Биста - Борка Велески - Левата.JPG|thumb|Биста на Борка Велески - Левата во Могилата на непобедените]]
Пред [[Априлска војна|Априлската војна]], често е повикуван на воена вежба. Од [[1940]] година веќе е член на [[Комунистичка партија на Југославија|Комунистичката партија на Југославија]].<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 256 стр.</ref> Командата во која служел го открива и намерава да го предаде на Воениот суд.

По окупацијата, стапил во првата партизанска чета на [[Селечка Планина]] на [[12 септември]] [[1941]] година. Бидејќи бил пешадиски командант, тој е војнички најподготвен партизан во четата. Обучува млади борци кои на [[11 октомври]] го [[Ден на востанието на Македонија|нападнаа]] Прилеп.

Во текот на 1941 па до септември 1942 година Велески учествува во многу акции на партизаните. Како командант на прилепскиот [[Велешки партизански одред „Димитар Влахов“|одред „Димитар Влахов“]], во мај 1942 станува познат како Горанов.

Преработка од 08:26, 22 јануари 2021

Борка Велески
Роден 1912
Прилеп
Починал 14 септември 1942
Мукос

Борка Јованов Велески – Горанов (Прилеп, 1912 - Мукос, 14 септември 1942) — македонски комунист, учесник во НОБ. Бил прогласен за народен херој на 20 декември 1951 година.[1]

Помеѓу двете светски војни

Велески е роден во сиромашно семејство. Бил одличен ученик во основното училиште. Многу млад чита забранета политичка литература, поради тоа е исклучен од 7-ми клас на Прилепската гимназија. Се запишува на Воената школа во Нови Сад, но и неа не ја завршува па се враќа во Прилеп, каде се вработува во Монополот за тутун. Истовремено работи на одгледување тутун и е еден од организаторите на Здружението на производителите на тутун во Прилеп.

Во април 1938 година Велески е еден од предводниците на штрајкот на сезонските работници во монополот.[2] Штрајкувале повеќе од 1.500 штрајкувачи, барајќи подобрување на материјалната положба. Штрајкот имал делумен успех, но по месец дена на Велески му е затворена вратата за ново вработување. Обвинет е дека во говорите пред штрајкувачите внесувал „политичка содржина“. Затоа е уапсен, но наскоро и пуштен.

Последните две години пред Втората светска војна стекнува голем углед помеѓу граѓаните на Прилеп. Станува секретар на Здружението на произведувачи на тутун, преку кое произведувачите се борат за подобри откупни цени на тутунот. Велески бил повереник за откуп.

НОВ

Биста на Борка Велески - Левата во Могилата на непобедените

Пред Априлската војна, често е повикуван на воена вежба. Од 1940 година веќе е член на Комунистичката партија на Југославија.[3] Командата во која служел го открива и намерава да го предаде на Воениот суд.

По окупацијата, стапил во првата партизанска чета на Селечка Планина на 12 септември 1941 година. Бидејќи бил пешадиски командант, тој е војнички најподготвен партизан во четата. Обучува млади борци кои на 11 октомври го нападнаа Прилеп.

Во текот на 1941 па до септември 1942 година Велески учествува во многу акции на партизаните. Како командант на прилепскиот одред „Димитар Влахов“, во мај 1942 станува познат како Горанов.

Во непријателската офанзива од 14 септември 1942 година, првата чета на одредот „Димитар Влахов“, со која бил и Горанов, е опколена на планината Мукос. Јуначки се борат, пробивајќи се од обрачот. Во таа борба многу партизани гинат. Бранејќи ја отстапницата додека партизаните се пробиваат, Горанов паѓа смртно погоден од митралески рафал.

Наводи

  1. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 81
  2. Димитар Димески, „Штрајкот на тутунските работници во Прилепскиот монопол во 1938 година“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, 41-42 (1988-89), 5–29 стр.
  3. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 256 стр.