Гајза
Гајза | |
Поглед кон Гајза | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Вартбург |
Градоначалник | Мартин Хенкел (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 71,75 км2 |
Надм. височина | 318 м |
Население | 4.823 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 67 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WAK |
Пошт. бр. | 36419 |
Повик. бр. | 036967 |
Портал | www.geisa.de |
Местоположба на градот Гајза во рамките на округот Вартбург | |
Координати | 50°43′N 9°58′E / 50.717° СГШ; 9.967° ИГД |
Гајза (германски: Geisa) — град во округот Вартбург, во Тирингија, Германија. Се наоѓа на подрачјето на планините Рен, 26 километри североисточно од Фулда. Границата со Хесен е многу близу и таа била граница помеѓу Западна и Источна Германија во текот на Студената војна. Така, Гајза била во пограничната областа на Источна Германија на поранешната внатрегерманска граница.
Географија
[уреди | уреди извор]Гајза е град на север од планините Рен. Сместен е на реката Улстер.
Историја
[уреди | уреди извор]Гајза се наоѓа во областа Бухонија, близу Фулда.
Најстарите докази за населба во Гајза се пронајдени на ридот Ганголфиберг (Gangolfiberg), кој е исто така и највисока точка во градот и единствено преостанато средновековно место во Тирингија и се претпоставува дека потекнува од 11 век. Декретот за доделување на градските права бил изгубен, но првото споменување како град е од 1302. Како административен центар на опатијата Фулда, во Гајза преовладувало католичкото население. Атаназиус Кирхер е роден на 2 мај во 1601/1602 во Гајза.
Поради војните и пожарите во минатото, само неколку од историските градби се зачувани. Во срцето на градот е католичката парохиска црква (Stadtpfarrkirche) посветена на св. Филип и Јован, која била изградена помеѓу 1489 и 1504. Таа е единствената зачувана готска црква во областа на Гајза.
Реткост е кариљонот, специјален вид на 49 бронзени ѕвона на црковната кула. Над плоштадот се наоѓа замокот. Околу замокот се наоѓа мал плоштад (Schlossplatz), на кој се наоѓаат и локалниот суд, поранешен затвор, градскиот замок, голем број трговски градби и протестантска црква.
Во близина на градот се наоѓа поранешниот објект за набљудување на американската војска, наречен Поинт Алфа, кој бил едно од најжешките места за време на Студената војна. Од 2008 г., седиштето на здружението Поинт Алфа се наоѓа во замокот во Гајза, каде е сместен и градскиот музеј.
Во негова близина се наоѓаат одлично зачувани и уредени еврејски гробишта.
Музеи
[уреди | уреди извор]„Поинт Алфа“ е името на меморијалното место за поранешната внатрегерманска граница, која ги раздвојувала Источна и Западна Германија.
Луѓе
[уреди | уреди извор]- Атаназиус Кирхер (1602–1680), германски језуитски учител
- Петер Филип фон Дернбах (1619–1683), кнез-епископ на Бамбершко-вирцбуршката епископија
- Адалберт Гехеб (1842–1909), фармацевт
- Мориц Голдшмит (1863–1916), ботаничар
- Паул Гехеб (1870–1961), учител
- Ојген Бихел (1874–1954), мисионери, јазичар и етнолог
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Гајза“ на Ризницата ? |
|
Оваа статија за место во округот Вартбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |