Кројцбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кројцбург
Замок Кројцбург
Замок Кројцбург
Грб на Кројцбург
Кројцбург is located in Германија
Кројцбург
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Вартбург
Општ. заед. Хајних-Вератал
Градоначалник Арнт Бројштет
Основни податоци
Површина 35,33 км2
Надм. височина 200 м
Население 2.359 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 67 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WAK
Пошт. бр. 99831
Повик. бр. 036926
Портал www.creuzburg-online.de
Местоположбата на градот Кројцбург во рамките на округот Вартбург
Карта
Координати 51°3′5″N 10°14′41″E / 51.05139° СГШ; 10.24472° ИГД / 51.05139; 10.24472Координати: 51°3′5″N 10°14′41″E / 51.05139° СГШ; 10.24472° ИГД / 51.05139; 10.24472

Кројцбург (германски: Creuzburg) — град на реката Вера, во округот Вартбург, во Тирингија, Германија.

Историја[уреди | уреди извор]

Со историја стара над 1000 години, Кројцбург е еден од најстарите градови во Тирингија. Ридот во околината на градот чува населба која се појавила во времето на каролиншката ренесанса. Почетоците на населбата, на која подоцна се издигнал замокот се последица на неговата положба на главните патишта. Старите трговски патишта исток-запад се сретнувале на Вера со трговскиот пат од југ. Во 10 и 11 век, областа била под контрола на Опатијата Фулда.

Камениот мост на Вера, изграден во 1225 и капелата Либориус, изградена во 1499

Во 1137, градот паднал под контрола на династијата Лудовинг од Тирингија. Ландгрофот Лудвиг I го припоил како замена за земјите кои ги држел во Хесен. Препознаен како место со стратешко и економско значење за областа, неговите наследници ја подобриле областа. Ландгрофот Херман I започнал со изградбата на замокот на ридот и им дозволил на фармерите во областа да изградат населба под ридот. Во 1213, Кројцбург ги добил правата на град. Бил донесен грб на градот, а бил изграден и градскиот бедем. Соседниот град Шербда, кој сега е дел од Кројцбург, бил прв пат споменат како населба околу 1229.

Најдобрите времиња во Кројцбург биле во владеењето на ландгрофот Лудвиг IV и неговиот син Херман II. По венчавката на Лудвиг со ќерката на кралот на Унгарија, Елизабета, која сега е позната како Светица Елизабета Унгарска, замокот Кројцбург станал втора резиденција на грофовите од Тирингија (по Вартбург). Во овој период биле одбележани многу фестивали, а во овој период биле родени и децата на двојката. Лудвиг го преуредил замокот и го изградил првиот камен мост преку Вера за обезбедување на трговските патишта. Пред да замине за Крстоносните војни во 1227 организирал собир на благородниците од Тирингија во замокот.

Црквата Св. Никола изградена во 1215

Лудвиг никогаш не се вратил. Неговиот брат Хајнрих Распе се прогласил за регент во текот на детството на синот на Лудвиг, Херман II. Елизабета ја напуштила Тирингија и се преселила во Хесен, каде подоцна и умрела во Марбург. Кога станал возрасен, Херман го започнал своето владеење како ландгроф на Тирингија и Хесен. Замокот Кројцбург останал негова резиденција до неговата неочекувана смрт на 18 годишна возраст. Неговиот чичко и единствен наследник Хајнрих Распе го користел само Вартбург како негова резиденција. Ова било како за градот Кројцбург, така и за замокот, крај на добрите времиња. Во следните векови тонел во економска и културна анонимност.

Туризам[уреди | уреди извор]

Кројцбург со кулата на црквата Св. Никола

Замокот Кројцбург, кој бил резиденција на династијата Лудовинг и омилен место за посета на Елизабета од Тирингија, е една од најважните знаменитости во градот. Исто така, во Кројцбург се сместени едни од најстарите мостови северно од Мајна.

Економија[уреди | уреди извор]

Покрај неколкуте хотели и ресторани во Кројцбург е сместено и седиштето на компанијата Pollmeier Massivholz GmbH & CO. KG, која се занимава во дрвната индустрија.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Автопатот Б7 од Касел до Ајзенах поминува низ Кројцбург.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]