Владо Јаневски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владо Јаневски
Владо Јаневски во 2019 година
Животописни податоци
Роден(а)27 јануари 1960(1960-01-27)(64 г.)
ПотеклоСкопје, НР Македонија, ФНРЈ
ЖанровиПоп-музика
ЗанимањаПејач, текстописец
ИнструментиГлас, клавир, гитара, тапани
Период на активност1991– сѐ уште
ИздавачиМоби Арт
Мистер Компани
Авалон
Аворд Ентертејнмент
Кроација Рекордс
Мреж. местоwww.vladojanevski.mk

Владо Јаневски (27 ноември 1960 во Скопје)[1]македонски поп-пејач и композитор. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.

Животопис[уреди | уреди извор]

Има завршено Филолошки факултет, отсек англиски јазик и литература.[1] Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979), Бон Тон (1986), Фотомодел (1989), Ластовица (1992). Свири на клавир, гитара и тапани. Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998.

Има учествувано и на Југовизија (Белград, 1992) и имал ревијални настапи на Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996), Кавен (Ирска, 1994), Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996), Каиро (Египет, 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали.

Зборува англиски, германски, италијански и руски јазик.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Владо Јаневски на насловна за албум
  • 1993: Парче душа (Моби Арт)
  • 1996: Сѐ најдобро (Мистер Компани)
  • 1996: Далеку е небото (Мистер Компани)
  • 2002: Има нешто посилно од сѐ (Авалон)
  • 2004: Ваков или таков (Авалон)
  • 2006: Повторно се заљубувам во тебе (Аворд Ентертејнмент)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]