Трета влада на Никола Груевски
Трета влада на Никола Груевски Груевски III | |
---|---|
27. влада на Македонија | |
2011-2014 | |
Груевски во 2012 | |
Конституирана | 28 јули 2011 |
Распуштена | 19 јуни 2014 |
Организација | |
Претседател | Ѓорѓе Иванов |
Премиер | Никола Груевски |
Статус во собрание | Коалициска влада |
Историја | |
Избори | 2011 |
Претходен кабинет | Груевски II |
Следен кабинет | Груевски IV |
27. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија избран по предвремените парламентарни избори одржани на 5 јуни 2011. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила најмногу гласови, а нејзиниот водач Никола Груевски добил мандат за создавање на нова влада од претседателот Ѓорге Иванов. Владата била изгласана во Собранието на Република Македонија на 28 јули 2011.
Состав на владата
[уреди | уреди извор]Составот на Владата од 2011 година е следниов:[1]
- Никола Груевски, Претседател на Влада
- Зоран Ставрески, заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии
- Муса Џафери, заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор
- Владимир Пешевски, заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања
- Теута Арифи, заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
- Никола Попоски, министер за надворешни работи
- Фатмир Бесими, министер за одбрана
- Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи
- Блерим Беџети, министер за правда
- Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски
- Ваљон Сарачини, министер за економија
- Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Никола Тодоров, министер за здравство
- Панче Кралев, министер за образование и наука
- Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација
- Невзат Бејта, министер за локална самоуправа
- Елизабета Канческа Милевска, министер за култура
- Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика
- Абдулаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање
- Хади Незир, министер без ресор
- Неждет Мустафа, министер без ресор
- Веле Самак, министер без ресор
- Бил Павлески, министер без ресор
Реконструкција на владата
[уреди | уреди извор]Во 2013 година се извршени две реконструкции на влада, во февруари и во мај. На 18 февруари Фатмир Бесими е избран за нов министер без ресор кој ќе биде задолжен за евроинтеграциите на местото на Теута Арифи, а на неговото место, како министер за одбрана дојде Талат Џафери. Тахир Хани стана нов министер за локална самоуправа на местото на Невзат Бејта.[2]
По оваа реконструкција на министри од редовите на ДУИ, во мај беше направена реконструкција на министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На 29 мај Спиро Ристовски, дотогашниот министер за труд и социјална политика е избран за министер за образование и наука на местото на Панче Кралев, а на неговото место, како нов министер за труд и социјална политика е избран Диме Спасов. За нов министер без ресор е избран Џери Наумоф.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Избрана новата Влада на Република Македонија“. Влада на РМ. 28 јули 2011. Посетено на 6 април 2014.
- ↑ „„Владата реконструирана.Талат Џафери нов министер за одбрана", „Капитал"“. Архивирано од изворникот на 2013-05-30. Посетено на 2014-04-06.
- ↑ „Спиро Ристовски, Диме Спасов и Џери Наумоф станаа министри“, „Плусинфо“[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профили на премиерот и министрите на Влада на РМ[мртва врска] - Курир, 29 јули 2011
|