Криви Дол

Координати: 41°47′13″N 22°06′18″E / 41.78694° СГШ; 22.10500° ИГД / 41.78694; 22.10500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 13:11, 20 ноември 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Историја: Јазична исправка, replaced: Во XIX век селото е дел → Во XIX век селото било дел, каза во [[Отоманско → каза на [[Отоманско)
Криви Дол
Криви Дол во рамките на Македонија
Криви Дол
Местоположба на Криви Дол во Македонија
Криви Дол на карта

Карта

Координати 41°47′13″N 22°06′18″E / 41.78694° СГШ; 22.10500° ИГД / 41.78694; 22.10500
Општина Штип
Население 50 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 30027
Надм. вис. 230 м
Криви Дол на општинската карта

Атарот на Криви Дол во рамките на општината
Криви Дол на Ризницата

Криви Дол — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

Историја

Во втората половина на XIV век селото му припаѓало на војводата Димитар, полубрат на деспотот Константин Драгаш, кој го дарувал на една од црквите во Штип.[2]

Во XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Криви Дол живееле 50 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Криви Дол имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 50 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 24
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 26
Срби 0
Бошњаци 0
останати 0

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 196
1953 147 57 3 ... 207
1961 126 ... ... ... 114 240
1971 179 ... ... 179
1981 66 47 1 ... 114
1991 33 39 ... 71
1994 29 35 ... 5 64
2002 24 26 50

Родови

Според истражувањата од 1957 година, родови во селото

Македонски

  • Доселеници: Прговци (7 к.) доселени се во 1908 година од селото Сушево; Дедо-Петрушеви (2 к.) по потекло се од раселеното село Скандалци, близу Тестемелци. Од таму се населиле во Кадрифаково, па потоа прешле во Криви Дол; Дедо-Ристови (4 к.) доселени се во 1908 година од селото Кадрифаково. И таму биле доселени однекаде. Алексови (1 к.) доселени се во 1908 година од селото Долни Балван; Златеви (6 к.) доселени се во 1909 година од селото Кадрифаково. А таму биле доселени од селото Чардаклија.

Влашки

  • Доселеници: Ташкови (1 к.), Костови (2 к.) и Петрушеви (1 к.) доселени се во 1918 година. Зегови (3 к.) доселени се во 1947 година. Џамбазови (1 к.), Баштавела (1 к.), Лико (1 к.) и Коле (1 к.) доселени се во 1956 година. Жителите порано биле номади. Потеклото им е исто како и на останатите влашки родови (Мустафино, и др.) во Овче Поле.[6]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2288 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[9]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Се знае за следните македонски родови иселени од селото. Во Горно Ѓуѓанци се иселиле Кушевци. Во Долно Ѓуѓанци се иселиле Миневи. Во Врсаково се иселиле Буклевци.

Од Криви Дол било големо иселувањето и по 1920 година. Во 1924 година во Амзабегово се иселиле Карапанџови. Во 1941 година во Кадрифаково се иселиле Петреви. Многу иселеници има и во градот Штип. Таму се иселени преку 15 семејства до 1957 година. Таму потполно заминал и родот Клинчарови.[6]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 248
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.232.
  4. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp.134-135.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. ЛОКАЛИТЕТ АРГАЧИ: Откриена импресивна ранохристијанска црква кај Штип. Архивирано од изворникот на 2016-08-21. Посетено на 2016-08-22.

Надворешни врски