До балчак

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од До Балчак)
„До балчак“
Промотивен плакат за филмот До балчак
РежисерСтоле Попов
ПродуцентДанчо Чевревски
Миливое Ѓорѓевиќ
СценаристГоран Стефановски
Столе Попов
Главни улогиИти Срај
Сашко Коцев
Мартин Јорданоски
Тони Михајловски
Искра Ветерова
Сенко Велинов
Мики Манојловиќ
Владо Јовановски
Младен Крстевски
Никола Ристановски
Драган Спасов - Дац
Гораст Цветковски
Салаетин Билал
Благоја Спиркоски-Џумерко
Најдо Тодески
Гоце Тодоровски
Бранко Бенинов
Јовица Михајловски
МузикаДуке Бојаџиев
КинематографијаАпостол Трпески
МонтажаАтанас Георгиев
Благоја Неделковски
ПремиераМакедонија 14 септември 2014
Времетраење165 минути
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

До балчак (англиски: To the Hilt) — македонски филм од 2014 година во режија на Столе Попов. Филмот трае 165 минути. Сценариото за филмот го напишал Горан Стефановски, директор на фотографијата е Апостол Трпески, сценограф е Миленко Јеремиќ, костимограф е Емилија И. Атанасовска, а шминкер е Светлана Гутиќ. Улогите во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Ана Костовска, Гораст Цветковски, Владо Јовановски, Камка Тоциновски, Билјана Јовановска, Ненад Нацев, Горан Трифуновски, Ѓорѓи Котев, Дениз Абдула, Береда Решит, Бојан Велевски, Наташа Петровиќ, Адем Карага, Горан Јовановски, Сенад Абдули, Хајрулах Рамизи, Салаетин Билал, Благоја Спиркоски-Џумерко, Митко Апостоловски, Петре Арсовски, Александар Шехтански, Марија Спиркоска Илијеска, Гоце Тодоровски, Младен Крстевски, Димче Мешковски, Гоце Влахов, Владо Дојчиновски, Мето Јовановски, Бранко Бенинов, Бранко Ѓорчев, Кети Дончевска Илиќ, Најдо Тодески итн.[1]

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Инти Срај Тереза
Сашко Коцев Крсто
Тони Михајловски Музафер
Мартин Јорданоски Филип
Сенко Велинов Боро
Владо Јовановски Илјо
Никола Којо Агентот
Драган Спасов - Дац Шиле
Камка Тоциновски Дара
Гораст Цветковски Кавал
Благоја Спиркоски-Џумерко Сотир
Гоце Тодоровски Гостин
Јовица Михајловски Непознатиот
Петар Арсовски Перо
Искра Ветерова Ана
Никола Ристановски Цветко
Ана Костовска Стамена
Снежана Стамеска Селанката
Кети Дончевска Илиќ Селанка
Салаетин Билал Хотелџијата
Најдо Тодески Митре Војвода
Васил Михаил Момокот
Бранко Бенинов Берберот
Димче Мешковски Селанец 1
Гоце Влахов Селанец 2
Младен Крстевски Орачот
Бранко Ѓорчев Втор трговец
Александар Шехтански Гостинот
Митко Апостоловски Прв трговец
Мите Грозданов Трговец
Анастас Тановски Машино возач
Соња Михајлова Перачката
Наџи Шабан Аусто-Унгарски генерал
Билјана Јовановска Јана
Ненад Нацев Пере
Ратка Радмановиќ Бабата на пенџер
Бојан Велевски Либе
Марија Спиркоска Илијеска
Дениз Абдула Ќосиот
Горан Трифуновски Тоше

Продукција[уреди | уреди извор]

Филмот е снимен во продукција на „Триангл филм“, а во копродукција со „Сектор филм“, „Fх3х“ и Македонската радио-телевизија. Главен продуцент на филмот е Данчо Чеврески од „Триангл филм“. Постпродукцијата е дело на продуцентската куќа „Fx3x“ од Скопје, а крајниот микс бил извршен во студиото „Барандов“ во Прага. Снимањето на филмот започнало во мај 2012 година, а филмот е сниман на локации во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп. Финансиска и логистичка поддршка на филмот обезбедиле: Владата на Македонија, неколку министерства, Филмскиот фонд на Македонија, Македонската православна црква, „Македонски железници“ итн., а како официјални спонзори се јавуваат „Алкалоид“ и „Лукоил Македонија“. Инаку, овој филм важи за најскапиот филм во македонската кинематографија, чиј буџет изнесува 3,6 милиони евра, од кои 2,5 милиони ги обезбедила владата, а 500 илјади евра обезбедил Филмскиот фонд.[1][2][3][4][5]

На почетокот, филмот бил сниман во продукција на продуцентската куќа „Триангл“, но таа западнала во големи долгови, така што, по снимањето на филмот, за промоција и дистрибуција на филмот била задолжена Агенцијата за филм.[6] Подоцна, за време на снимањето на филмот се случил скандал кога умрел еден коњ, кому му биле дадени премногу инјекции за заспивање. Овој настан предизвикал големи реакции од друштвата за заштита на животните.[7]

Филмот започнал да се прикажува во кината на 18 октомври 2014 година, со премиерата во киното „Милениум“ во Скопје. Филмот бил македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар странски филм.[8] На 13 февруари 2016 година, филмот бил прикажан во Шведска, во рамките на „Balkan New Film Festival“, а во март учествувал на фестивалот „Febiofest“ во Прага, а бил прикажан и во Минхен, во рамките на 10. Денови на Балканот.[9]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се случува во 1907 во Отоманска Македонија, неколку години по крваво задушеното Илинденско востание, после кое Македонија се наоѓа во општ колапс и тотален пустош. Приказната ги следи случувањата на комплексен љубовен четириаголник помеѓу Крсто (Сашко Коцев), безкомпромисен и идеалистичен комита, Музафер (Тони Михајловски), безмилосен турски офицер, Филип (Мартин Јорданоски), „татин син“ опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа, и Тереза (Инти Срај), луцидна и слободоумна Европејка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици.

Ликовите минуваат низ бурни судири, доживуваат катарзични искуства и стекнуваат длабоки нови самосознанија. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”. Поточно, сè е во знакот на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот, ако не си спремен да умреш за него”. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во којшто се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја, исполнет со историски апсурди. Антивестерн, пандан на традиционалниот „Аmerican Western“ или нешто што слободно би можеле да го наречеме „Macedonian Eastern“, ова е филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација.

Контроверзии[уреди | уреди извор]

Предозирање на коњ[уреди | уреди извор]

Една сцена од филмот прикажува мртов коњ, за која коњот требал да се успие со инјекција и да му се полее лажна крв. И покрај предупредувањата дека дозата е преголема и коњот може да умре од неа, екипата решила да ризикува и коњот пцовисал.[10]

Побуна на битолските дуќанџии[уреди | уреди извор]

На денот на премиерата на филмот дел од дуќанџиите од старата битолска чаршија се заканиле со протести и тужби, затоа што во 2012 година нивните дуќани биле затворени една недела, но и по две години подоцна не им биле исплатен предвидениот надомест.[11]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Форум Кајгана - Нов македонски филм: До балчак - приказна од дивиот исток (пристапено на 4.5.2014)
  2. "До балчак" ќе си ја бара среќата во Кан", Дневник, година XVIII, број 5454, петок, 2 мај 2014, стр. 21.
  3. „МКД - Прва клапа на филмот „До балчак" (пристапено на 4.5.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-09-24. Посетено на 2014-05-04.
  4. Мактел (пристапено на 4.5.2014)
  5. Сребра Ѓорѓијевска, „„До балчак“ во завршна фаза, за публика - напролет“, Дневник, среда, 16 октомври 2013, стр. 21.
  6. „„До балчак“ ќе си ја бара среќата во Кан“, Дневник, година XVIII, број 5454, петок, 2 мај 2014, стр. 21.
  7. „МКД - Продуцентот на „До балчак" бесрамно излажа: коњот е жив! (пристапено на 4.5.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-10-23. Посетено на 2014-05-04.
  8. „Столе Попов: Посакувам Македонците да се идентификуваат со До балчак“, Дневник, година XVIII, број 5595, сабота-недела, 18-19 октомври 2014, стр. 17.
  9. „Филмот „До балчак“ на фестивали во Скандинавија, Германија, Чешка...“, Дневник, година XX, број 5995, понеделник, 22 февруари 2016, стр. 22.
  10. „Свесно е убиен коњ на снимањето на „До балчак" (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)“. Архивирано од изворникот на 2014-11-02. Посетено на 2014-11-02.
  11. Дуќанџии од Битола ќе протестираат на премиерата на „До Балчак“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]