Наташа Петровиќ
Наташа Петровиќ | |
---|---|
Роден(а) | Наташа Петровиќ 31 август 1988 Штип, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонка |
Народност | Србинка |
Алма матер | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Занимање | глумица |
Активен период | 2007–до сега |
Наташа Петровиќ (српски: Наташа Петровић; родена на 31 август 1988 во Штип) — македонска глумица од српска народност.[1] Дебитирала на ТВ-екраните во 2007 година, во македонскиот филм „Сенки“ на Милчо Манчевски, и постигнала светски успех во 2010 со филмот „Како да не сум таму“ од Хуанита Вилсон, кој е избран за ирски кандидат за најдобар странски филм на 84. Оскари.
Кариера
[уреди | уреди извор]Петровиќ дебитирала на екраните со мала улога во „Сенки“, македонски филм од 2007 година во режија на Милчо Манчевски. Во 2009 година, таа ја добила главната улога во ирскиот филм Како да не сум таму, во режија на Хуанита Вилсон, чија премиера била во 2010 година. Иако најголемиот дел од филмот бил снимен на српско-хрватски јазик, тој бил избран за ирски кандидат за најдобар странски филм на 84. Оскари.[2] Како да не сум таму собрал позитивни критики, додека личниот перформанс на Петровиќ и донел награда за најдобар глумица на Меѓународниот филмски фестивал во Сиетл,[3] како и номинации за најдобра интернационална глумица на Ирски Филмски и Телевизиски Награди[4] и најдобро глумечко остварување за жени на Милански интернационален филмски фестивал[5].
На 61-от Меѓународен филмски фестивал во Берлин, Петровиќ била една од десетте европски глумци - вклучително и Андреа Рисеборо, Клара Лаго, Александар Фелинг и Домнал Глисон - на кои им била доделена наградата „Ѕвезди што паѓаат“ од Европска филмска промоција.[6] Американското списание „ Вариети“ исто така ја прогласило за една од најперспективните глумици денес.[7] Во 2011 година, Петровиќ дебитирала на сцената како Селимен во „Мизантроп“ од Молиер.[8] Истата година, таа ја играла Еликија во „Звукот на пукачки коски“ од Сузана Лебо.[9]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Петровиќ течно зборува македонски, српски, англиски, босански, германски, бугарски, италијански и шпански.[10] Таа студирала драма на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од 2007 година, а било очекувано да дипломира во 2011 година.[11] Петровиќ е споредувана со тројната добитничка на Оскар, Ингрид Бергман, за нејзината убавина и талент.[12]
Филмографија
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Улога | |
---|---|---|---|
2007 | Сенки | Деа | |
2010 | Како да не сум таму | Самира | |
2013 | Соба со пијано | Слугинка | |
Во отсуство | Ева Серафимова | ||
2014 | До балчак | Марија | |
2015 | Еликсир | Лексиа | |
Лазар | Катерина | ||
Скора | Појас | ||
2017 | Secrets from the Past | Хана | |
2017 | Ќе дојдат децата | Велика | |
2018 | Сведокот | Инес Радин | |
2018 | Der Pass | Милица | |
2019 | Пепел | Надиа | |
2020 | Хомо | Кети | |
2020-2024 | Преспав | Натали | |
2022 | Снежана на крајот умира | Маја |
Театрографија
[уреди | уреди извор]Наслов | Година | Улога | Производство |
---|---|---|---|
Оркестар Б.Б. | 2010 | Театарот Театра Скопје | |
Брод за кукли | 2010 | Независниот театар Вондерленд | |
Пруга за ледната пролет | 2010 | Еврејска заедница на Македонија | |
Мизантропот | 2011 | Селимен | Театарот Театра Скопје |
Звукот на напукнување на коските | 2011 | Еликија | Театарот Театра Скопје |
Животот е сон | 2012 | Македонски народен театар Скопје | |
Оливер Твист | 2013 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Бескрајни соништа | 2014 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Нашиот клас | 2014 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Могли | 2014 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Пат околу светот | 2014 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Животинска фарма | 2015 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Заспаниот разум раѓа чудовишта или Денес не напишав ни збор | 2015 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Петар Пан | 2016 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Пепелашка | 2016 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Да го поздравиш и да ми го бациш | 2017 | Артопија Скопје | |
Терезин | 2017 | Алекси | The Steinberg Theater Group |
Еднаш свет изградив | 2018 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Сонот на Вилијам | 2018 | Театар за деца и младинци Скопје | |
THE SEE(I)T | 2018 | Артопија Скопје | |
Ужегнатост | 2018 | Артопија Скопје | |
Том Соер | 2019 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Едвард Раце Ножици | 2019 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Касета | 2019 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Кожурец | 2020 | Артопија Скопје | |
Глумици | 2021 | Артопија Скопје | |
Франкештајн | 2023 | Театар за деца и младинци Скопје | |
Хајди | 2024 | Театар за деца и младинци Скопје |
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]Награда | Година | Категорија | Номинирана за | Резултат |
---|---|---|---|---|
Награди "Ѕвезди што паѓаат" | 2011 | Ѕвезда што паѓа | - | Победничка |
Ирски филмски и телевизиски награди | 2011 | Најдобра меѓународна глумица | Како да не сум овде | Номинирана |
Награди за меѓународен филмски фестивал во Милано | 2011 | Најдобра глумечка изведба - Жени | Како да не сум овде | Номинирана |
Награди за меѓународен филмски фестивал во Сиетл | 2011 | Најдобра глумица | Како да не сум овде | Победничка |
Награди за Мостар филм фестивал | 2016 | Најдобра споредна улога | Лазар | Победничка |
Награди за Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп | 2018 | Најдобра женска епизодна улога | Еднаш свет изградив | Победничка |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Наташа Петровић у филму "Као да ме нема". The Cultural–Information Center of Serbs in Macedonia. 24 October 2011. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 12 November 2011.
- ↑ Melidonian, Teni (13 October 2011). „63 Countries Vie for 2011 Foreign Language Film Oscar“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Посетено на 12 November 2011.
- ↑ „2011 Award Winners“. Seattle International Film Festival. 12 June 2011. Архивирано од изворникот на 8 November 2011. Посетено на 12 November 2011.
- ↑ „Winners of the 8th annual Irish Film and Television Awards“. Irish Film and Television Awards. Посетено на 12 November 2011.
- ↑ „Natasha Petrovic“. Milan International Film Festival. Посетено на 12 November 2011.
- ↑ Nass, Markus (14 February 2011). „Shooting Stars 2011 honoured“. European Film Promotion Shooting Stars. Архивирано од изворникот на 2011-08-20. Посетено на 12 November 2011.
- ↑ Lazarevska, Suzana (16 February 2011). „Наташа Петровиќ – глумица со иднина според "Варајати"“. Mnogoo Entertainment. Архивирано од изворникот на 2011-02-19. Посетено на 12 November 2011.
- ↑ „Natasha Petrovic, Célimène vo "Mizantrop"“. YouTube. 30 March 2011. Посетено на 12 November 2011.
- ↑ „Natasha Petrovic, Elikia vo "Zvukot na koskite shto se krshat"“. YouTube. 3 October 2011. Посетено на 12 November 2011.
- ↑ „Natasha Petrovic, Republic of North Macedonia“. European Film Promotion Shooting Stars. Архивирано од изворникот на 2017-11-05. Посетено на 12 November 2011.
- ↑ Zafirova, Marija. „Biography for Natasa Petrovic“. Internet Movie Database. Посетено на 12 November 2011.
- ↑ „Штипјанката Наташа Петровиќ меѓу десетте најуспешни млади глумци на Европа“. Општина Штип. 15 February 2011. Архивирано од изворникот на 2 April 2012. Посетено на 12 November 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Natasha Petrovic на Семрежната филмска база на податоци (англиски)