Прејди на содржината

Филмска награда на академијата на САД

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Оскари)
Филмска награда на академијата на САД
ДржаваСоединети Американски Држави Уреди на Википодатоците
Мрежно местоhttps://www.oscars.org/oscars Уреди на Википодатоците

Наградите на академијата широко познати како Оскари (англиски: The Academy Awards или Oscars), се годишно доделувани филмски награди од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС)[1] како признание за одличноста на професионалците од филмската индустрија, вклучувајќи глумци, режисери и сценаристи. Свечената церемонија на која се доделуваат наградите е една од најважните филмски церемонии во светот и истата се емитува во живо во повеќе од 200 држави. Важи и за најстара медиумска церемонија; нејзините еквиваленти, наградите Греми (за музика), Еми (за телевизија) и Тони (за театар) се изработени по образец на Академијата.

Академијата за филмски уметности и науки е основана од Луис Б. Мајер, шефот на филмското студио Metro-Goldwyn-Mayer, но всушност, глумецот Даглас Фербенкс е заслужен за отпочнување на наградната церемонија. Наградите се доделуваат во повеќе категории, но постепено, одредени категории се отстранети, а постојат и специјални награди кои се доделуваат периодично. Самата статуетка наречена е Оскар, а позната е и како Награда на акадамијата за заслужност, иако потеклото на името сè уште не е утврдено.

Првото доделување е одржано на 16 мај 1929 година, во Хотел Рузвелт во Холивуд за оддавање чест на извонредните филмски достигнувања од 1927 и 1928. Глумецот Даглас Фербенкс и режисерот Вилијам С. де Мил биле водители на церемонијата.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првото доделување е одржано на 16 мај 1928 година, на приватна вечера во Холивуд, со публика од околу 250 луѓе.[2] Почнувајќи од првата година, наградите се и медиумски прикажувани, најпрвин преку радиото, а сè од 1953 година и преку телевизијата.[2] За време на првата деценија резултатите секогаш биле предавани на весниците во 23 часот на ноќта на доделувањето за да можат да се испечатат. Овој метод бил уништен кога Los Angeles Times ги објавиле победниците пред да започне церемонијата. Оттогаш академијата користи убаво запечатен коверт за да ги објави имињата на победниците.[3] Се од 2002, наградите се прикажуваат директно од Кодак театарот.[3]

Статуетката Оскар

[уреди | уреди извор]

Теории за именувањето на златната статуа во „Оскар“ датираат уште пред одржување на првата церемонија. Што се однесува до самиот дизајн на истата, таа е изработена од златно-плочкаст британиум во ар деко стил. Како поддршка за вложениот труд на американците во Втората светска војна, статуетките биле изработувани од гибс, а биле заменувани за златни по крајот на војната.[4] Заклучно со 82. доделување на наградите одржано во 2010, неверојатни 2,789 статуетки се доделени за 1,825 награди.[5] Целосен број од 302 глумци се здобиле со Оскари во различни категории.

Иако постојат седум различни награди доделувани од Академијата (Меморијалната награда Ирвинг Г. Талберг, Хуманитарната награда Џин Хершолт, наградата Гордон Е. Соер, наградата за Наука и инженерство, наградата за Техничко достигнување, медалот за успех Џон А. Бонер и Студентската награда на академијата), најпозната е Награда на академијата за заслужност попозната како статуетката Оскар. Направена од златно-плочкаст британиум на црна метална база, висока е 34 cm, тежи 3,85 кг и претставува витез измазнет во Арт Деко стил држејќи крстоносен меч, стоејќи на округла филмска лента со 5 вдлабнати, средно големи кругови. Петте кругови ги претставуваат оригиналните гранки на Академијата: глумци, сценаристи, режисери, продуценти и техничари.[6]

Уметничкиот директор на MGM Седрик Гибонс, еден од оригиналните членови на Академијата, го надгледувал дизајнот на наградниот трофеј печатејќи го на ролна.[7] Бидејќи му бил потребен модел за статуетка, тогашната жена на Гибонс, Долорес дел Рио го запознала со мексиканскиот режисер и глумец Емилио Фернандес. Иако колеблив на почетокот, Фернандес на крајот конечно решил да позира гол за да се направи тоа што денес е познато како „Оскар“. Потоа, вајарот Џорџ Стенли од глина го изработил дизајнот, додека Сачин Смит ја излиал статуата во 92,5 проценти калај и 7,5 проценти бакар за да на крајот ја обложи со златно-плочкаст материјал. Единствената промена на статуата откако е направена е малото преструктурирање на базата. Оригиналниот калап на статуата бил излиан во 1928 во C.W. Shumway & Sons Foundry во Батавиа, Илионис, кои исто така придонеле и во лиењето на калапите на трофејот „Винс Ломбарди“ и наградата „Еми“. Сè од 1983[8] секоја година се изработуваат приближно 50 Оскари во Чикаго, Илионис од фабрикантот R.S. Owens & Company.[9]

Именување

[уреди | уреди извор]

Потеклото на името Оскар е оспорувано. Една биографија на Бети Дејвис тврди дека таа го именувала по нејзиниот прв маж, Хармон Оскар Нелсон.[10] Едно од најраните забележани споменувања на поимот Оскар доаѓа од една статија на списанието TIME Magazine од 1934 за шестото доделување на наградите[11] и за примањето на наградата на Бети во 1936.[12] Волт Дизни е исто така цитиран како се заблагодарува на академијата за неговиот Оскар уште од раната 1932. Друга потврдена теорија за потеклото на зборот е дека генералниот секретар на академијата, Маргарет Херик[13], која за првпат ја видела статуетката во 1931 рекла дека статуетката многу ја потсетува на нејзиниот вујко Оскар. Колумнистот Сидни Сколски бил присутен во тој момент и веднаш објавил, „Вработените воодушевно и го дадоа името „Оскар“ на својата славна статуа“.[14] Трофејот официјално бил именуван „Ocкaр“ во 1939 од Академијата за филмски уметности и науки.[15]

Сопствеништвото на статуетките

[уреди | уреди извор]

Сè од 1950, статуетките се легално заштитени така што ниту добитниците ниту нивните наследници не смеат да ги продадат статуетките на некому пред првин да ги понудат на академијата за еден долар. Ако некој од добитниците одбие да ја прифати оваа спогодба, тогаш академијата си ја задржува статуетката. Наградите на Академијата кои не се заштитени со овој договор досега се продадени, на јавни аукции и преку приватни договори, за шестцифрени суми.[16]

Ова правило е доста контроверзно, бидејќи додека "Оскарот" е во сопственост на примачот, всушност, тој не е слободен за продажба на пазарот.[17] Случајот со внукот на Мајкл Тод кој се обидел да ја продаде статуетката укажува дека има многу кои не се согласуваат со целата замисла. Кога внукот на Тод се обидел да ја продаде статуетката на колекор на филмски прибор, академијата ја добила правната битка со добивање на судски налог. Иако некои продажни трансакции на Оскарите досега биле успешни, купувачите подоцна ги враќаат статуетките назад во академијата, кои ги чуваат во својата ризница.[18]

Номинирање

[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од 2004, резултатите од номинациите академијата јавно ги објавува при крајот на јануари. Пред 2004, резултатите од номинациите биле објавувани на почетокот од февруари.

Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС), професионална хонорарна организација, вклучува гласачко членство од 5,829 се од 2007.[19]

Во најголем дел членови се глумци, броејќи 1,311 членови (22 проценти) од целокупниот членски состав на академијата. Гласачите се потврдувани од прегледната фирма PricewaterhouseCoopers (и нејзиниот претходник Price Waterhouse) за минатите 73 наградни церемонии.[20]

Сите оние кои сакаат да станат членови на АМПАС мора да бидат поканети. Поканата доаѓа исклучиво од Одборот на управители, во име на извршниот комитет. Квалификуваност за членство може да се достигне со конкурентско номинирање или пак некој од членовите може да поднесе име врз основа на некој значаен придонес во филмската индустрија.

Нови членски понуди се разгледуваат секоја година. Академијата јавно не ги обелоденува членствата, иако во едно новинарско соопштение од 2007 има список од тие кои се поканети да се придружат. Истото соопштение кажува дека има под 6,000 членови со право на глас. Додека членството расте, строги прописи ја одржуваат големината.[21]

Денес, според правилата 2 и 3 од официјалните правила на академијата, за некој филм влезе во трката за Оскар мора да биде прикажан во претходната календарска година, од полноќта на самиот почеток на 1 јануари до полноќта на крајот од 31 декември и тоа во некое од кината во Округот Лос Анџелес, Калифорнија (се разбира со исклучок на Најдобар странски филм).[22] Второто правило наведува дека филмот мора да биде „временско долг“, дефинирано со времетраење од најмалку 40 минути, со исклучок на наградите за пократки филмови и мора да биде или на формат од 35 mm или 70 mm, отпечатен на рамка 24 или 48, и со постепено скенирачка дигитална камера со домашна резолуција од 1280x720.

Членовите на одредената гранка ги номинираат тие кои спаѓаат во нивните соодветни полиња додека сите членови мора да гласаат за номинација за најдобар филм. Победниците се подоцна одредувани со втор круг на гласање каде на сите членови им е дозволено да гласаат во поголемиот дел од категориите.[23]

Се од седумдесет и деветтото доделување, 847 членови (сегашни и минати) на Screen Actors Guild биле номинирани за Оскар (во сите категории).

Церемонија

[уреди | уреди извор]

Телемитување

[уреди | уреди извор]

Рејтинзи

[уреди | уреди извор]

Собиралиште

[уреди | уреди извор]

Категории во кои се доделува Оскар

[уреди | уреди извор]

Наградата на академијата за заслужност

[уреди | уреди извор]

Сегашни награди

[уреди | уреди извор]

Минати награди

[уреди | уреди извор]

Предложени категории

[уреди | уреди извор]

Специјални категории

[уреди | уреди извор]

Сегашни специјални категории

[уреди | уреди извор]

Минати специјални категории

[уреди | уреди извор]

Досегашни најдобри филмови 1990 - сегашност

[уреди | уреди извор]
  1. „About the Academy Awards“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Архивирано од изворникот на 2008-04-20. Посетено на 2007-04-13.
  2. 2,0 2,1 „About the Academy Awards (page 2)“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences (англиски). Архивирано од изворникот (HTML) на 2008-12-19. Посетено на 2009-01-06.
  3. 3,0 3,1 „History of the Academy Awards“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences (англиски). Архивирано од изворникот (HTML) на 2008-04-13. Посетено на 2009-01-06.
  4. „Oscar Statuette: Manufacturing, Shipping and Repairs“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Посетено на 2007-04-13.
  5. „A Brief History of the Oscar“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Архивирано од изворникот на 2008-07-30. Посетено на 2008-08-04.
  6. „Oscar Statuette: Legacy“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Посетено на April 13, 2007.
  7. Academy of Motion Picture Arts and Sciences (3 мај 2007). "март html Academy to Commemorate Oscar Designer Cedric Gibbons". Соопштение за печат.  посет. 13 април 2007 г[мртва врска]
  8. „Eladio Gonzalez sands and buffs Oscar #3453“. The Big Picture. The Boston Globe. 20 февруари 2009. Посетено на 2009-02-21.
  9. Babwin, Don (2009-01-27). „Oscar 3453 is 'born' in Chicago factory“. Associated Press. Архивирано од изворникот на 2009-01-27.
  10. „Bette Davis biography“. The Internet Movie Database. Посетено на 2007-04-13.
  11. "Oscars" Архивирано на 13 август 2013 г., TIME Magazine, 26 март 1934
  12. „The Oscars, 1936“. Архивирано од изворникот на 2011-05-11. Посетено на 2008-02-17.
  13. OSCAR.com - 80th Annual Academy Awards - Oscar Statuette
  14. Levy, Emanuel (2003) All About Oscar: The History and Politics of the Academy Awards Continuum, New York. ISBN 0-8264-1452-4
  15. „OSCAR.com - 80th Annual Academy Awards - Oscar Statuette“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences.
  16. (Levy 2003, стр. 28)
  17. Lacey Rose (28 Feb 2005). „Psst! Wanna Buy An Oscar?“. forbes. Посетено на 2007-04-13.
  18. (Levy 2003, стр. 29)
  19. Sandy Cohen (2008-01-30). „Academy Sets Oscars Contingency Plan“. AOL News. Посетено на 2008-03-19.
  20. Jackie Finlay (2006–03–03). „The men who are counting on Oscar“. BBC News. Архивирано од изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2013-07-11. Посетено на 2007-04-13. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  21. oscars. org/press/pressreleases/2007/7 јуни 18.html „Academy Invites 115 to Become Members“ Проверете ја вредноста |url= (help). Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Посетено на 2007-09-04.
  22. „Rule Two: Eligibility“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Архивирано од изворникот на 2007-05-22. Посетено на 2007-04-13.
  23. „Rule Five: Balloting and Nominations“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Архивирано од изворникот на 2007-05-22. Посетено на 2007-04-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>