Дуке Бојаџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дуке Бојаџиев
Биографски податоци
Познат(а) и какоДуке Б.
Роден(а)24 септември 1972
Македонија Скопје, Република Македонија
Жанровифилмска музика
Занимањакомпозитор, продуцент и пијанист
ИнструментиКлавир
Период на активност2001 - сè уште
Мреж. местоhttp://www.dukeb.com/
Концерт на Дуке Бојаџиев, одржан во Скопје на 12 мај 2018 година

Дуке Бојаџиев (24 септември 1972) е македонски композитор, продуцент и пијанист, кој живее и работи во Њујорк.

Животопис[уреди | уреди извор]

Уште од мал Дуке Бојаџиев имал можност да биде во допир со музиката и медицината, како син на Тодор Бојаџиев, македонски композитор на забавни мелодии и гинеколог по вокација. Свири пијано од три годишна возраст, а компонира од свои десет години.[1] Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, и потоа заминал за Бостон, каде дипломирал на колеџот Беркли во 2001 година. Од таму се сели во Њујорк, каде и денес живее и работи.[2]

Долги години работи во студио како композитор и продуцент, а од 2005 година и како музички директор и пијанист на култната њујоршка театарска група „Д Ситизенс Бенд“ (The Citizens Band), со која работел две и пол години на големи сцени низ цела Америка. Во неговата кариера остварил соработка со холивудската глумица Џина Гершон како музички директор и пијанист на нејзиното кабаре шоу во Њујорк, потоа со добитници на Оскар, како Џонатан Деми и Данис Тановиќ, меѓу кои и македонскиот режисер, номиниран за Оскар, Столе Попов. Работел на рекламни кампањи на големи фирми, како Мерцедес, Лореал, Пежо, Ланком и други, но и како продуцент на ремиксови на пејачката Синди Лопер.

Со свои концерти започнал од 2011 година, најнапред во Античкиот Театар во Охрид, а потоа и во „Карнеги хол“.[3] Соработува со Македонската филхармонија, Тања Царовска, Мартин Ѓаконовски, Каролина Гочева, Анѓела Мекласки, и други имиња од музичкиот свет.

Творештво[уреди | уреди извор]

Дуке Бојаџиев досега има издадено седум соло албуми. Неговата музика е дел од светски познатите компилации „Буда Бар” (Buddha Bar), „Маракеш Експрес” (Marrakech Express) и „Чил аут ин Париз“ (Chill out in Paris). Исто така, продуцирал ремикс за Синди Лопер и за „Блу Мен Груп“, а соработувал со Џонатан Дем и Данис Танович.[2] Има изработено авторска музика за повеќе македонски и странски филмски остварувања, меѓу кои за филмот „Страв од паѓање“ на Џонатан Дем, и за македонскиот филм „До балчак“ на режисерот Столе Попов.

Филм[уреди | уреди извор]

TV[уреди | уреди извор]

  • Марта Стјуарт (Martha Stewart)
  • Момент на луксуз (Moment of Luxury)
  • Светлина што води (Guiding Light)

Реклами[уреди | уреди извор]

Дуке Бојаџиев работел на рекламните кампањи за: Мерцедес, Крајслер, Ланком, Лореал, Мејбелин, Ана Суи, Куерво, Крест, Пежо, Веризон.

Мултимедијални проекти[уреди | уреди извор]

  • FontaineBleau Hotels
  • Vera Wang
  • GE
  • W hotels
  • Vanity Fair
  • Cosmopolitan

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • New York a.m.
  • The War is Over - музика од филмот
  • Love is The Way
  • Stream of Consciousness - соло пијано
  • Digital Confessions 2
  • Digital Confessions
  • Esma’s Dream

ЦД компилации[уреди | уреди извор]

  • Buddha Bar XIV
  • Chill Out in Paris 4, 5 & 7
  • Airfrance
  • Fashion Week 5
  • Marrakech Express 2
  • Diesel_U_Music
  • Styled in Italy
  • Papeete Beach Lounge
  • La Suite 6
  • Ram Cafe 4
  • KU DE TA 4

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • Личност на годината за 2015, награда што ја доделува Нова Македонија на најистакнатите личности што ја обележиле годината во областа на бизнисот, културата, политиката, уметноста, науката, образованието, спортот, општествените и хуманитарните дејности.[4]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. www.mkd.mk
  2. 2,0 2,1 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.
  3. www.carnegiehall.org
  4. http://m.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.aspx?vestId=55889&r=1&t&p#.VskJV_krLIV