Мартин Јорданоски
Мартин Јорданоски | ||
Роден | 1987 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: До балчак Сенки Балканот не е мртов | |
Занимање | глумец |
Мартин Јорданоски (Скопје, 1987)[1] – македонски филмски и театарски глумец.
Животопис
[уреди | уреди извор]Мартин Јорданоски е роден во Скопје во 1987 година, каде го завршил основното и средното образование. Од својата 14. година се занимава со глума. Се запишал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин и дипломирал во 2012 година. Се вработил во Театарот за деца и младинци.[1]
Аматерски се занимава со жонглирање и магионичарство т.е. илузионизам.
Творештво
[уреди | уреди извор]Мартин Јорданоски преку 10 премиери и ги толкувал улогите на Могли, Капетан Кук, Мачорот во чизми, Страшилото, Данил Хармс и др.
Активен е на алтернативната театарска сцена со повеќе од 5 претстави. Има преку 30 детски концерти со Македонската филхармонија, а својот глас го позајмил во над 30 детски анимирани серии.[1]
Од 2023 до 2024 година, е водител на емисијата за деца "Квиско" на МРТ 1.
Филмографија[2]
[уреди | уреди извор]Година | Филм | Улога |
2007 | Сенки | Дамјан |
2013 | Кошмар | / |
2013 | Балканот не е мртов | Револуционер |
2014 | До балчак | Филип |
2014 | 5+ фамилија | Максимилијан |
2019 | Фамилијата Марковски | Стефан |
2020 | Зоки Поки | глумец во театар |
2022 | Снежана на крајот умира | Стопанственик муштерија |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Мартин Јорданоски на семрежното место на ТДМ
- ↑ Мартин Јорданоски на семрежното место на ИМДБ
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мартин Јорданоски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)