В’мбел: Разлика помеѓу преработките

Координати: 40°38′36″N 21°03′54″E / 40.64333° СГШ; 21.06500° ИГД / 40.64333; 21.06500
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Географија и местоположба: Непотребно, removed: (Касторија)
Ред 34: Ред 34:


=== Родови ===
=== Родови ===
В'мбел некогаш било македонско православно село, кое денес е раселено, родовите од селото биле следните:
В'мбел некогаш било македонско православно село, кое денес е раселено. Родовите од селото биле следните:


''Љоровци (''доселени од областа [[Мала Преспа]] во [[Албанија]]), ''Дигаловци, Рошовци, Машенци, Почевци, Султовци, Гершановци, Таревци, Кичевци (''според името возможно е да потекнуваат од [[Кичево]] или [[кичевско]]), ''Шановци, Пуровци (''според непотврдени кажувања потекнуваат од [[кумановско]], доселени после [[Карпошово востание|Карпошовото востание]]), ''Палковци, Стајовци (Мишовци), Лафазановци, Дуљовци, Толичеви, Тимјовци, Крстовци, Сомовци, Чакаровци, Гапковци, Ставровци, Караискаковци, Дигаловци (''доселени се од [[Пештани]], [[охридско]]), ''Попдимитрови'', ''Камбуровци, Карамешовци, Фушкини, Троковци, Пановци и Лукровци.''<ref name=":0">{{Наведена книга|title=В’мбел|last=Пановски|first=Сократ|publisher=|year=2002|isbn=|location=Скопје|pages=}}</ref>
''Љоровци (''доселени од областа [[Мала Преспа]] во [[Албанија]]), ''Дигаловци, Рошовци, Машенци, Почевци, Султовци, Гершановци, Таревци, Кичевци (''според името возможно е да потекнуваат од [[Кичево]] или [[кичевско]]), ''Шановци, Пуровци (''според непотврдени кажувања потекнуваат од [[кумановско]], доселени после [[Карпошово востание|Карпошовото востание]]), ''Палковци, Стајовци (Мишовци), Лафазановци, Дуљовци, Толичеви, Тимјовци, Крстовци, Сомовци, Чакаровци, Гапковци, Ставровци, Караискаковци, Дигаловци (''доселени се од [[Пештани]], [[охридско]]), ''Попдимитрови'', ''Камбуровци, Карамешовци, Фушкини, Троковци, Пановци и Лукровци.''<ref name=":0">{{Наведена книга|title=В’мбел|last=Пановски|first=Сократ|publisher=|year=2002|isbn=|location=Скопје|pages=}}</ref>

Преработка од 09:40, 23 септември 2021

В’мбел
В’мбел во рамките на Егејска Македонија
В’мбел
Местоположба на В’мбел во Егејска Македонија
В’мбел на карта

Карта

Координати 40°38′36″N 21°03′54″E / 40.64333° СГШ; 21.06500° ИГД / 40.64333; 21.06500
Општина Смрдеш
Население 0 жит.
(поп. 2021)
Шифра во ЕЛСТАТ
Надм. вис. 1174 м
В’мбел на Ризницата

В’мбел (грчки: Μοσχοχώρι, Мосхохори; до 1927 г. Βάμπελ или Βαμπέλι, Вамбел, Вамбели) — напуштено село во Егејска Македонија, Република Грција, Околија Костур (Νομός Καστοριάς).

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 2 километри северозападно од селото Смрдеш (Кристалопиги) и на 54 километри југозападно од Лерин (Флорина) и на 40 километра северозападно од Костур во подножјето на планината Корбец и врвот Козик на областа Корешта.

Историја

За време на Илинденско востaние (1903),селото е изгорено до темел од страна на Отоманите.На почетокот, за време на балканските војни и Првата светска војна како и после голем дел од популацијата на ова чисто македонско село се исели во другите балкански држави и прекуокеанските земји.Во периодот меѓу двете светски војни селото трпи присилна грцизација, во понатамошниот период на Втората светска војна како и Граѓанската Војна во Грција (1946-1949),селото загуби многу жители кои загинале во борбите против окупаторите. На 13 јануари 1948 година во црквата на с. В'мбел, Костурско, беше одржан Првиот конгрес на македонската национално-ослободителна организација НОФ. За време на Граѓанската Војна во Грција (1946-1949),селото е изгорено и тотално опустошено. Населението било присилно иселено во источно европските земји, голем дел од населението се врати во својата татковина (Република Македонија) за време на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век. Надалеку се познати старите обичаи,народни песни и богатата но тажна историја на ова славно македонско село.

Стопанство

Селото е прославено по планинскиот чај кој се продавал на пазарите во Билишта, Корча, Костур, Лерин, Битола и Солун.Исто така жителите се занимавале со сточарство, екстензивно земјоделство и печалбарство.

Демографија

  • 1913 - 733 жители
  • 1920 - 574 жители
  • 1928 - 444 жители
  • 1940 - 483 жители

Во денешно време селото е ненаселено.

Родови

В'мбел некогаш било македонско православно село, кое денес е раселено. Родовите од селото биле следните:

Љоровци (доселени од областа Мала Преспа во Албанија), Дигаловци, Рошовци, Машенци, Почевци, Султовци, Гершановци, Таревци, Кичевци (според името возможно е да потекнуваат од Кичево или кичевско), Шановци, Пуровци (според непотврдени кажувања потекнуваат од кумановско, доселени после Карпошовото востание), Палковци, Стајовци (Мишовци), Лафазановци, Дуљовци, Толичеви, Тимјовци, Крстовци, Сомовци, Чакаровци, Гапковци, Ставровци, Караискаковци, Дигаловци (доселени се од Пештани, охридско), Попдимитрови, Камбуровци, Карамешовци, Фушкини, Троковци, Пановци и Лукровци.[1]

Општествени установи

Културни знаменитости

Во селото имало изграден православен христијански храм датира од 1870 година посветен на Свети Димитрија, веднаш после Граѓанската Војна во Грција во опустошеното село дошол митрополитот костурски со двајца полицајци и ги зел со себе старите вредни икони од црквата. По неколку години митрополитот загинал во сообраќајна незгода, едниот од полицајците се самоубил, а синот од другиот тешко се разболил.Овoj настан го знаат многу жители на Костур и околината.Во чест и слава на селото една улица во населба Автокоманда Општина Гази Баба во Скопје е именувана по селото Вамбел (В`мбел).

Редовни настани

За афирмација и зачувување на споменот на село В`мбел и корените на македонскиот народ, се организираат средби од Иницијативниот одбор на жителите и нивните потомци на село В`мбел во Скопје, Република Македонија.

Личности

Сократ Лафазановски
  • Пандо Андреев (1878-?) македонски револуционер;
  • Мурто, деец на ВМРО, војвода на в`мбелската чета за време на Илинденското востание;
  • Васил Жуглов (1880 - ?), македонски револуционер;
  • Мито Атанасов (1890-?), македонски револуционер;
  • Илија Дигалов (1890-1922), македонски револуционер;
  • Ендру Росос (р.1941), канадски историчар и македонист
  • Сократ Лафазановски (р.1939) македонски уметник;
  • Сократ Пановски (р.1936-2011), македонски писател и активист за човекови права;
  • Јани Лукаров (1922-1948), првоборец во НОВ;
  • Леонид Дулев (1920-1988), првоборец во НОВ.
  • Тед Кочев (р. 1931), канадски режисер. Најпознат како режисер на Рамбо. По мајка е од Вмбел;

Култура и спорт

Иселеништво

Од селото најмногу иселеници има во Република Македонија (161 семејство, во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Штип и Куманово), Бугарија (51 семејство, во Пловдив, Варна, Толбухин, Софија, Перник, Сливен, Пазарџик, Велинград и Враца), Грција (15 семејства, во Костур, Атина, Солун, Крит, Лерин, Лариса и Кожани), Албанија (15 семејства, во Билишта, Врбник, Корча и Тирана), Германија (10 семејства), Романија (11 семејства), Србија (7 семејства), Црна Гора (1 семејство), Русија (7 семејства), Полска (4 семејства), САД (8 семејства), Аргентина (4 семејства), Австралија (4 семејства), поранешна Чехословачка (4 семејства) и Канада (30 семејства).[1]

Литература

  • Сократ Пановски. „В'мбел“. Скопје, 2001.
  • Ivan Duridanov. Die FLURNAMEN der Dörfer Drenovene und Vъmbel (Südmazedonien). //Symbolae philologicae in honorem Vitoldi Taszycki. Wrocław - Warszawa - Kraków, 1968, с. 61-69.
  • Божидар Видоески. Вамбел (Общеславянский лингвистический атлас 107). Fonološki opisi srpsko hrvatskih, slovenačkih i makedonskih govora ubuhvačenih Opšteslovenskim lingvističkim atlasom. Knjiga I. Sarajevo: Akademija nauka i umjetnosti Bosne i Hercegovine, 1981, стр. 763-768.
  • „Програма на втората светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. 50 години Егзодус“, Скопје, 1998.
  • „Сеќавања на Браќата Зисо и Јане Гапковски“ - Првоборци во НОВ. весник „Македонско Сонце“ 674/1.6.2007

Наводи

  1. 1,0 1,1 Пановски, Сократ (2002). В’мбел. Скопје.

Надворешни врски

  • Виножито — портал на партијата на Македонците во Република Грција