Јосиф Сталин: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sq:Joseph Stalin
Ред 210: Ред 210:
[[sk:Josif Vissarionovič Stalin]]
[[sk:Josif Vissarionovič Stalin]]
[[sl:Josip Visarijonovič Džugašvili]]
[[sl:Josip Visarijonovič Džugašvili]]
[[sq:Joseph Stalin]]
[[sr:Јосиф Стаљин]]
[[sr:Јосиф Стаљин]]
[[sv:Josef Stalin]]
[[sv:Josef Stalin]]

Преработка од 20:01, 29 април 2008

Јосиф Сталин
Податотека:Stalin1.jpg
Роден [21 декември]] 1879
Гори, Руска империја денеска Грузија
Починал 5 март 1953
Москва, СССР

Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин ([21[ декември]] 1879 - 5 март 1953) е роден во Гори, Грузија. Тој бил четврто дете во семејството кое се родило за помалку од четири години. Првите три деца умреле, па мајка му се плашела дека и тој наскоро ќе умре. Оттука може да се разбере нејзината голема преокупираност со него. Името Сталин е политичко име кое што тој си го избрал на 34 години и кое во превод значи челичен човек. Од други извори пак се вели дека надимакот Сталин го добил додека бил во затвор!

Сталин до револуцијата

Уште како мал ја почувствувал на своја кожа сиромаштијата која што владеела во Русија. На седум години добива и сипаници на лицето кои му оставаат траги, па децата доста сурово го нарекуваат “рапавиот”. Бидејќи мајка му била многу религиозна, го запишала во религиозно училиште во кое тој, и покрај својата болест, успева да добие стипендија за теолошкото училиште во Тифлис. Таму тој станува член на тајна организација која тежнее кон ослободување на Грузија од Русија и тука за прв пат се среќава со идеите на Карл Маркс.

Во 1899 година тој е истеран од училиштето, за кое се дадени повеќе причини. Како една од причините била неговото непочитување на кажаниот збор ниту пак на авторитетот, како и читање на забранети книги. Подоцна, тој бил обвинет за обид на преобратување на своите соученици кон марксизмот.

Во годините кои следеле тој бил невработен. Успевал да спечали пари преку учење на деца од средната класа и работејќи како службеник во опсерваторијата во Тифлис. Во исто време почнал да пишува натписи за социјалистичкиот грузиски весник “Brdzola Khma Vladimir”.

Во 1901 година тој се зачленува во Социјалдемократската работничка партија каде што повеќето нејзини лидери се во прогонство. Останува во Русија и почнува да организира протести против царството. На 18 април 1902 година е уапсен за водење на штрајк и поминува 18 месеци во затвор, по што е депортиран во Сибир.

На вториот конгрес на РСДРП во Лондон во 1903 година, се појавува караница помеѓу Владимир Ленин и Јулиус Мартов, двата лидери на партијата. На крајот од расправијата, Мартов добива со 28 наспроти 23. Ленин морал да го прифати поразот и да се оддели од партијата, притоа создавајќи нов разгранок подобро познат како болшевици. Оние кои што му останале верни на Мартов биле наречени меншевици. Сталин решил да им се придружи на болшевиците.

Во 1904 година, тој успева да избега од Сибир и за неколку месеци да се врати на организирањето на штрајкови во Тифлис. Ленин бил импресиониран од успесите на Сталин и во 1905 година го поканил во Финска за да можат подобро да го запознае. Откако се вратил во Русија, во наредните осум години бил уапсуван дури четири пати, но секој пат успевал да избега. Се вратил во Санкт Петербург каде што станал уредувач на “Правда”.

Откога го апсат во 1913 година е протеран на живот во северен Сибир. По падот на Николај II, новиот премиер, Александар Кeренски, им дозволил на сите политички затвореници да се вратат дома. Сталин се враќа во Ст. Петербург и почнува да го издава “Правда”. Во исто време, Сталин, како и повеќето болшевици, го заземал ставот дека рускиот народ не е подготвен за социјалистичка револуција.

Сталин и револуцијата

Кога Ленин се вратил во Русија на 3 април 1917 година, ги објавил т.н. Априлски тези. Тој ги обвинил сите болшевици како предавници на својот народ заради тоа што не сакаат и немаат храброст да и се спротивстават на Привремената влада. Ги обвинил дека се предавници на социјализмот и дека треба да ја напуштат партијата. Некои, го послушале Ленин, кои сметале дека кревањето на револуција ќе доведе до уште поавторитетна руска влада.

Сталин бил во тешка позиција. Како еден од уредниците на “Правда”, бил свесен дека бил делумно виновен за “предавниците на социјализмот” како што Ленин ги нарекол своите сопартијци. Сега имал два избора. Можел да му спротивстави на Ленин и да тежнее кон лидерското место во партијата, или пак можел едноставно да се премисли и да не ја подржува привремената влада, туку да му остане лојален на Ленин.

По десетдневен молк, Сталин го повлекува својот потег. Во “Правда” пишува натпис со кој што ја отфрлил идејата да работи со Привремената влада, ги проколнува Кeренски и Чернов, ги обвинува за контрареволуционери и ги повикува селаните на заземање на земјата од нивните претпоставени. Во ноември 1917 година. Ленин го наградил Сталин за неговата поддршка на Октомвриската револуција и го назначил за комесар за националности. Со оглед на тоа што и самиот не бил Русин, туку Грузиец, на Сталин му се доверила улога која што најдобро му одговарала. Тој сега имал доста моќно место и требал да разрешува многу проблеми, ако се земе фактот дека половина од населението во Русија не биле Руси.

Политиката на болшевиците била да му се овозможи самоопределување на различните националности кои постојат во Русија. Ова било уште толку засилено со еден говор на Сталин кој се одржал на 16 ноември 1917 година во Хелсинки.

Во наредните неколку години Сталин имал доста проблеми со националностите кои не биле Руси. Имено, сите сонувале за идеа за создавање на посебна држава без да се консултираат со него и тоа воопшто не му одело во прилог. Така, за да се заштити себеси и своите интереси тој кажал дека доколку овие нови држави не се подготвени да прават сојуз со Русија, така наречен советски сојуз, тогаш болшевиците нема да дозволат да опстане самоопределувањето.

Исто како и Сталин, така и Ленин почнал да се премислува за политиката на самоопределување која што ја водел и тежнеел кон прекршување на своето ветување. Токму тоа прекршување ја направило владата на Ленин не толку сакана во Русија.

За време на Граѓанската војна, Сталин одиграл мошне важна улога во решавањето на воените прашања. Неговата стратегија била да ги интервјуира сите војници за да се увери во нивната лојалност. Доколку еден од нив не го уверил во тоа, го стрелал и фрлал во Волга.

Во 1918 година се врши атентат врз Ленин од страна на Дора Каплан. Сталин заповедува да се изврши немилосрден терор врз одговорните. Неговиот совет бил прифатен во септември 1918 година и се проценува дека во наредните месеци околу 800 социјалисти биле прогонувани и стрелани без да ја имаат можноста за судење.

Политиката на советската влада се повеќе станувала непопуларна, а тоа се гледало од многубројните демонстрации кои беснееле по Русија. Токму поради тоа, Ленин во март во 1921 година ја објавил својата Нова економска политика (НЭП) . Сталин ја подржал оваа политика која носела многу бенефиции за сиромашниот народ во Русија.

По објавувањето на својата нова политика, Ленин морал да се соочи со многубројни опструкции и повеќе не можел толку лесно да ги надминува несогласувањата кои доаѓале од сите страни. Наскоро почнал да чувствува замор и признал дека му требало помош во контролирањето на Комунистичката партија. На наредната конференција во април 1922, Ленин го предложил Сталин за местото за генерален секретар, а неговата кандидатура била подржана од неговите противници затоа што секој од нив на неа гледал само како на кандидатура за гласник на Ленин.

Генерален секретар

Многу наскоро откако Сталин бил назначен за генерален секретар, Ленин бил подложен на операција во која требало да му биде изваден куршум од телото кој што останал во него од атентатот на Каплан. Веднаш по операцијата, иако многумина сметале дека таа ќе придонесе за оздравување на Ленин, еден крвен сад во неговиот мозок пукнува и го остава парализиран на десната страна. Исто така Ленин боледува од сифилис, кое што ја влошува уште повеќе неговата состојба.

Наеднаш “гласникот” на Ленин станува многу важен. Додека Ленин бил инвалидизиран, многу важни решенија паднале во рацете на Сталин. Ја имал моќта да се ослободи од несаканите членови на партијата како што бил Лав Троцки, кој што бил главниот негов ривал за лидерското место во партијата. Опкружен од подржувачи, довербата во Сталин наеднаш почнала на расте. Во октомври 1922 година тој не се согласувал со Ленин во врска со прашање за надворешна трговија. Кога прашањето било изложено на Централниот комитет, политиката на Сталин била прифатена а онаа на Ленин отфрлена. Ленин почнал да стравува дека Сталин ќе му го преземе лидерското место во партијата, па затоа му пишал на Троцки за поддршка. На следниот централен комитет, прашањето за надворешната трговија било повторно разгледано, па Ленин, кој што бил премногу болен за да присуствува на комитетот, му пишал на Троцки писмо во кое му честитал за добро направената работи и предложил во иднина да работат заедно против Сталин.

Сопругата на Сталин, Надја Алелуева, која што работела по приватната канцеларија на Ленин, наскоро дознала за содржината на писмото кое што било пратено до Лав Троцки. Сталин станал свесен дека доколку Троцки и Ленин се здружат, неговата политичка кариера ќе пропадне, па затоа разлутен се јавил на сопругата на Ленин, Надежда Крупскаја и ја обвинил за загрозување на животот на Ленин со тоа што му допушта да пишува во таква тешка здравствена состојба.

Откако Крупскаја му ја соопштила на својот маж веста за телефонскиот повик од Сталин, Ленин бил сосема сигурен дека Сталин не смее да биде неговиот наследник, па сосема свесен дека умира и' го издиктирал на својата секретарка својот тестамент. Ленин започнува да се грижи за состојбата во која се наоѓа Сталин и за неговото однесување, па затоа во својот тестамент тој напишал: “На другарот Сталин, со станувањето на генерален секретар, му се довери голема моќ во неговите раце и не сум сосема сигурен дека тој знае како да ја насочи. Затоа од нашите другари молам тој да биде отстранет од своето место како генерален секретар и на негово место да се назначи некој друг кој ќе биде поразличен од Сталин”.

Како и да е, Ленин умира пред каква и да било акција биде преземена, па затоа Сталин се појавува како лидер на Советскиот Сојуз. Тој отпрвин продолжува со новата економска политика на Ленин, на тој начин нудејќи многу бенефиции на фармерите и обичните селани.

По смртта на Ленин, Сталин се соединил со двајца членови на левото крило, со Григориј Зиновјев и Лев Каменев, со цел да му одземе што може повеќе моќ на Троцки. И двајцата од нив верувале дека Троцки ќе се ослободи од нив кога ќе стане лидер. Сталин потенцирал дека двајца стари активисти како нив имаат повеќе право да ги водат болшевиците од Троцки, кој и се приклучил на партијата во 1917. Троцки го обвинил Сталин дека бил диктатор и повикал на поголема демократија во партијата. Зиновиев и Каменев, соединувајќи се со Сталин, го обвинуваат Троцки за поделба во редовите на партијата.

Последната надеж на Троцки била објавувањето на тестаментот на Ленин, па така во мај 1924 година, вдовицата на Ленин, Надежда Крупскаја, побарала од Централниот комитет, содржината на тестаментот да биде објавен пред членовите на партијата. Зиновјев силно се противел на публикацијата. Тој рекол: “Вие, како и јас сте сведоци на хармонијата која владее во партијата во последните неколку месеци и мислам дека тоа е доволен доказ дека стравувањата на Ленин се покажаа неосновани”. Членовите на комитетот, кои биле поставени од страна на Сталин, не дозволиле публикација на тестаментот.

Во 1925 година Сталин успева да го отстрани Троцки од владата. По заминувањето на Троцки, Сталин повеќе немал никаква корист од Каменев и Зиновјев. Така, стратегиски почнал да ја напаѓа идејата на Троцки за револуција која што требала да се рашири и надвор од границите на Советскиот Сојуз. Каменев и Зиновјев, кои што биле силни поддржувачи на таа идеја, против својата волја, морале да застанат зад човекот со кога долго време не се согласувале. Кога конечно Сталин увидел дека Каменев и Зиновиев повторно ќе се соединат со Троцки, почнал да ги подржува ставовите на десницата. Каменев и Зиновјев сфатиле дека Сталин има намера да се ослободи од нив и затоа во летото 1926, тие ја проголтале својата гордост и се вратиле на Троцки.

Тогаш веќе Каменев и Зиновјев почнале да ги напаѓаат ставовите на Сталин, но тој лесно, како и се што правел дотогаш, успеал да ги отстрани од Централниот комитет. Како и да е, нивното верување дека партијата ќе се раздели на два дела, станало вистински страв за комунистите во земјата. Тие биле убедени дека доколку се случи тоа, западните земји би можеле таа ситуација да ја искористат против Советскиот Сојуз.

Поради тоа Каменев и Зиновјев биле принудени да потпишат изјава со која се врзувале дека нема да држат јавни говори во кои ќе ги напаѓаат високите функционери. Троцки не се согласил да го потпише тоа, па затоа бил протеран во Казахстан.

Во летото 1923 Сталин станал свесен дека опозицијата се повеќе расте. Некои членови на партиите, јавно го критикувале Сталин и повикувале на повторно примање на Троцки во партијата. За прашањето било дискутирано и Сталин барал сите оние кои што го шират тој глас да бидат егзекутирани. Сергеј Киров, кој дотогаш бил верно куче на Сталин, не се согласувал со неговата политика и кога дошло на ред да се гласа, Сталин бил надгласан.

Во летото 1934 Киров излегол со идеја да се ослободат сите селани кои што се противеле на владината политика. Уште еднаш Сталин бил надгласан.

По ослободувањето на својот најголем противник, Сталин се загрижувал за инсистирањето на Киров да имаат јавна дебата, бидејќи се плашел дека тој би можел да го надмудри во јавност и да му го наруши авторитетот во партијата.

Како и по обичај, тоа лето Сталин го повикал Киров на одмор. Тогаш Сталин го замолил Киров да и остане верен на партијата и да го напушти Ленинград за да дојде во Москва. Сталин со тоа сакал да најде место каде што би можел да го држи Киров под око. Киров одбива а со тоа Сталин осознава дека ја изгубил контролата врз својот штитеник.

На 1 декември 1934 година Киров бил убиен од еден помлад член на партијата, Леонид Николајев. Сталин тврдел дека Николајев е дел од заговор кој што бил зачнат од Троцки против Советскиот Сојуз. Сето тоа резултирало со уапсување и убивање на Каменев и Зиновјев, како и на петнаесет други членови на партијата.

Во септември 1936 Сталин го назначил Николај Јежов на чело на комунистичката тајна полиција. Јежов веднаш обезбедил апсење на политички водачи кои што биле критични за Сталин, како и масовно испрашување во затворите каде што затворениците биле испрашувани деноноќно и на крај, од замор, биле приморани да потпишат признанија за нивните обиди за уништување на владата.

Сега Сталин одлучува да ја потчини Црвената Армија. Некои веруваат дека Сталин не лажел кога кажал дека државната армија планирала воен удар.

Последниот чекор на терор било чистењето на тајната полиција. Сталин сакал оние кои што знаеле премногу за чистењето да бидат убиени. Сталин и најавил на земјата дека фашистичките елементи ги преземале безбедносните сили, кое иницирале смрт на илјадници невини луѓе. Новиот шеф на полицијата бил Лаврентиј Берија чија што задача била да ги открие виновниците. По истрагата, Берија наредил егзекуција на сите постари офицери во организацијата.

Сталин и Втората Светска Војна

Стапувањето на Хитлер на сцена, било добредојдено за Сталин. Сталин одамна барал некој, кој што да ја почне Втората Светска Војна, како прелудија кон светската комунистичка револуција, а договорот за не напаѓање (Договор Молотов - Рибентроп) бил најважниот чекор кон војната. Во таа смисла, Сталин е политичарот, најодговорен за војната.

До 22 јуни 1941 година, кога Германија го напаѓа Советскиот Сојуз, Сталин е сојузник на Хитлер, напаѓајќи ги, покрај Полска, уште Финска, Романија, Литванија, Летонија и Естонија.

На Потсдамската конференција во јули 1945 година, се сретнале владетелите на земјите победнички каде што преговарале за договорите кои требале да бидат создадени.

Во Јалта Сталин ветил дека ќе влезе во војна со Јапонија по само неколку месеци од поразот со Германија. Сепак тоа не се случила, па кога Хари Труман, кој го заменил Рузвелт кој што починал, му соопштил на Сталин дека САД имаат направено силна бомба, Сталин воопшто не бил загрижен. Труман не му соопштил дека се работи за атомска бомба. Како и да е во август 1945 година, по бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки, Јапонците се предале, а САД биле сигурни дека советскиот сојуз нема да има никакви добивки на далечниот исток.

Сталин по војната

По завршувањето на Корејската војна, Сталин се наоѓа себеси во своите седумдесетти години со многу разрушено здравје. Неговиот главен проблем бил крвниот притисок. Додека бил болен тој добил писмо од др. Лидија Тимашук која тврдела дека група од седум доктори вклучувајќи го и неговиот личен доктор, др. Виноградов, се замешани во завера за убивање на неколку негови сопартијци како и него самиот. Докторите кои што биле именувани во писмото биле уапсени и откако биле мачени признале дека биле вмешани во завера на Американските и Британските разузнавачки организации.

Одговорот на Сталин за овие вести бил да се нареди на Бериа, шефот на тајната полиција, да иницира ново чистења во комунистичката партија. Сите членови почнале да паничат затоа што набрзо увиделе дека, како и сите останати претходни кандидати на Сталин за лидерство на советскиот сојуз, ќе бидат егзекутирани.

Преку низа од вонредни изданија на весниците, Советскиот Сојуз ја примил веста дека Сталин е многу болен. Во четири утрото на шести март 1953 година, било објавено:

“Срцето на другарот кој што ја продолжи генијалноста на Ленин, на мудриот лидер на комунистичката партија и на советскиот сојуз, го испушти последниот удар.”

Јосиф Сталин, на 73 години починал во 21:50 на петти март 1953 година.

Политичко наследство на Сталин

Неговото тело било измиено од медицинска сестра и било изнесено во бела кола до Кремљската мртовечница. Таму се извршила аутопсија и по неа било подготвено за трите дена на жалост кои што следеле. Потоа, неговото тело било изложено, а илјадници луѓе чекале да дојдат на ред да го видат. Гужвата била толку голема, што луѓето се задушувале до смрт. Проценето е дека околу 500 луѓе ги изгубиле своите животи во обид да го допрат, или пак видат Сталин. На деветти март девет носачи го изнесле ковчегот од холот каде што бил илзожен и го поставиле на кочија. Телото со церемонија било однесено до гробот на Ленин на Црвениот плоштад во Москва. Биле одржани само три говори, оние на Маленков, Бериа и Молотов. Потоа покриен со црна и црвена свила, ковчегот на Сталин бил однесен до гробот. На пладне, низ советскиот сојуз се слушнал силен татнеж. Многу сирени, пиштоли, пушки и свирчиња свиреле во чест на Сталин.

Три години по смртта на Сталин, Никита Хрушчов, новиот водач на советскиот сојуз, одржал говор на дваесеттиот партиски конгрес, каде што ја нападнал политиката на Сталин. Крушчев открил дека Сталин бил виновен за егзекуцијата на илјадници верни членови преку чистење. Во наредните месеци после неговиот говор, илјадници од луѓето кои биле заробени во времето на Сталин, биле ослободени. Најзабележлив бил писателот Александар Солженицин, чиј што моќен роман “Еден ден од животот на Иван Денисович” станал светски бестселер.

Во 1962 година официјалниот партиски весник објавил поема од поетот Евгениј Јевтушенко која што се викала “Наследниците на Сталин”. Поемата го опишува погребот на Сталин но исто така потенцира дека сè уште ништо не е готово.

По говорот на Хрушчов, имало обиди да се избрише Сталин од советскиот сојуз. Статуите и портретите на Сталин биле отстрането од јавните места. Градовите, улиците и сите паркови кои биле именувани во негово име биле преименувани. Сталинград, бил преименуван во Волгоград. Дури и неговата пепел била земена од Кремлинскиот ѕид и пренесена на друго место.

Иако површните аспекти на животот на Сталин биле отстранети, системот кој што тој го составил останал. Сталин создал државен апарат кој што ги штител тие кои биле на власт. Тоа е систем кој што советските владетели после него биле многу среќни што го имаат бидејќи со него избегнувале многу прашања. Писателите како Александар Солженицин и Евгениј Јевтушенко биле слободни да го критикуваат Сталин, но не и оние кои се моментално на власт. Вишокот од сталинизмот бил отстранет, но структурата на тоталитарната држава останала се до појавувањето на Миxаил Гоrбачoв во осумдесеттите години од деветнаесеттиот век.


Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин