Костарика: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Откажано уредувањето 2835352 на уредникот 95.86.51.38 (разговор)
DragonBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам pa:ਕੋਸਟਾ ਰੀਕਾ во pa:ਕੋਸਤਾ ਰੀਕਾ
Ред 409: Ред 409:
[[or:କୋଷ୍ଟାରିକା]]
[[or:କୋଷ୍ଟାରିକା]]
[[uz:Kosta Rika]]
[[uz:Kosta Rika]]
[[pa:ਕੋਸਟਾ ਰੀਕਾ]]
[[pa:ਕੋਸਤਾ ਰੀਕਾ]]
[[pnb:کوسٹا ریکا]]
[[pnb:کوسٹا ریکا]]
[[pap:Costa Rica]]
[[pap:Costa Rica]]

Преработка од 07:35, 14 јануари 2013

Република Костарика
República de Costa Rica
Знаме Грб
Гесло"Vivan siempre el trabajo y la paz"  (шпански)
„Долго да живее работата и мирот“
Химна
Noble patria, tu hermosa bandera  (шпански)
Благородна земјо, твоето убаво знаме

Местоположба на Костарика
Главен град
(и најголем)
Сан Хозе
9°56′N 84°5′W / 9.933° СГШ; 84.083° ЗГД / 9.933; -84.083
Службен јазик шпански
Признаени регионални јазици лимонски креолски, брибриски
Демоним Костариканец
Уредување уставна претседателска република
 •  Претседател Лаура Чинчила
 •  Прв потпретседател Алфио Пива
 •  Втор потпретседател Луис Либерман
Независност Објавена 
 •  од Шпанија 15 септември 1821 
 •  од Мексико 1 јули 1823 
 •  од Обединети покраини на Средна Америка 21 март 1847 
 •  Призната од Шпанија 10 мај 1850 
 •  Устав 7 ноември 1949[1] 
Површина
 •  Вкупна 51,100 км2 (128-ма)
 •  Вода (%) 0.7
Население
 •  проценка за јуни 2011 г. 4,608,426[2] (123-та)
 •  Густина 89 жит/км2 (107-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
 •  Вкупен $51.166 милијарди[3] 
 •  По жител $11,215[3] 
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $35.780 милијарди[3] 
 •  По жител $7,843[3] 
Џиниев коеф. (2009)50[4]
Error: Invalid Gini value
ИЧР (2010) 0.725[5]
Error: Invalid HDI value · 62-ра
Валута Костарикански колон (CRC)
Часовен појас UTC−06:00 (UTC-6)
Се вози на десно
НДД .cr
Повик. бр. +506

Костарика (шпански: Costa Rica) или официјално Република Костарика (República de Costa Rica) е држава во Средна Америка. Костарика се наоѓа во копнениот дел на Средна Америка и на север се граничи со Никарагва, на југ се граничи со Панама, на запад излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Главен град на Костарика е Сан Хозе.

Костарика е држава која ја има укинато сосема својата војска во 1949 година.[6][7][8] Костарика постојано била сметана за една од најдобрите латиноамерикански држави според Индексот на човеков развој, истата била рангирана на 62 место во светот и Костарика е една од државите кои имаат постојан висок индекс за човеков развој од државите со сличен приход.[9] Во поглед на грижата за околината, Костарика е трета земја во светот и прва во Америка.[10] Според „Индексот за среќата на планетата“, Костарика е рангирана на првото место и се смета за „најзелена“ држава во светот.[11]

Етимологија

Името на државата е од шпанско потекло и Costa Rica значи „богат брег“. На македонски името на државата секогаш се пишува слеано, не спроед погрешниот начин на одделно пишување на името „Коста Рика“.

Историја

Географија и клима

Географија
Карта на Костарика.

Костарика се наоѓа во Средна Америка на копнениот дел од овој континент. Државата се наоѓа во поширокиот регион наречен Латинска Америка и на север се граничи со Никарагва, на југ со Панама, на исток излегува на Карипското Море, додека на запад излегува на Тихиот Океан. Костарика има вкупен брег од 1.290 километри, од кои 212 се на Карипското Море, додека 1016 километри се на Тихиот Океан. Костарика има вкупна површина од 51,100 километри квадратни, каде живеат околу 4,608,426 жители според проценките за 2010 година.

Највисоката точка во државата е Серо Чирипо со надморска височина од 3.819 метри и овој врв е петти највисок во Средна Америка. Највисок вулкан во државата е Иразу со надморска височина од 3.4.31 метри. Најголемо езеро во државата е езерото Аренал.

Костарика исто така има и неколку острови. Кокосовиот Остров има 24 километри квадратни и е оддалечен од континенталниот дел од државата. Островот Калеро е најголем остров во државата и има површина од 151.6 километри квадратни. Околу 25% од вкупната површина на државата има статус на заштитена област. Костарика има најголема густина на животински и растителни видови во светот.[12]

Клима

Бидејќи Костарика се наоѓа меѓу осмиот и дванаесетиот степен северно од екваторот, климата во државата е тропска. Сепак, во државта има неколку микроклиматски региони во зависност од надморската височина, дождовите, топографијата и географијата на секој регион.

Сеозинте во Костарика се одредени според тоа колку дождови има во одредениот период, не според стандардните четири сезони. Годината може да биде поделена на два периода, сувата сезона која кај мештаните е позната како лето и дождливата сезона која локално е позната како зима. „Летото“ е од декември до април, додека „зимата“ е од мај до ноември.

Просечни температури во Костарика [13]

месеци јануари февруари март април мај јуни јули август септември октомври ноември декември
Висока температура (C) 27 27 28 28 27 27 27 27 26 26 26 26
Ниска температура (C) 17 18 18 18 18 18 18 18 17 18 18 18
Врнежи (mm) 6.3 10.2 13.8 79.9 267.6 280.1 181.5 276.9 355.1 330.6 135.5 33.5
Просечна сончева светлина 40 37 39 33 25 20 21 22 20 22 25 34

Политички систем

Петседателот на Костарика - Лаура Чинчила Миранда.

Костарика е претседателска, репрезентативна демократска република со повеќепартиски систем на управување. Извршната власт во државата е управувана од претеседателот на државата и неговиот/ нејзиниот кабинет. Претседателот е шеф на државата и шеф на владата. Законодавната власт во Костарика е во рацете на Законодавното собрание на Костарика. Претседателот и 57 пратеници се избираат преку парламентарни избори за мандат од 4 години. Законодавната власт е независна и има извршна улога. Костарика е држава со силен систем на уставни проверки и баланси. Гласањето во Костарика е задолжително, но не е присилно. Покрај претседател, во државата има и два потпретседатела. Во следната табела се наведени вршителите на функциите, нивните партии и датумот кога ја презеле функцијата:

Претседател Лаура Чинчила Миранда Национална ослободителна партија на Костарика 8 мај 2010
Прв потпретседател Алфио Пива Месен Национална ослободителна партија на Костарика 8 мај 2010
Втор потпретседател Луис Либерман Национална ослободителна партија на Костарика 8 мај 2010

Административна поделба

Покраините на Костарика.

Костарика е поделена на 7 покраини. Покраините се поделени на 81 кантон и секој е управуван од управници. Управниците се избрани преку избори за термин од четири години. Понатака, кантоните се поделени на 421 округ. Покраините на Костарика се:

  1. Алахуела
  2. Картаго
  3. Гванакасте
  4. Ередија
  5. Лимон
  6. Пунтаренас
  7. Сан Хозе

Демографија

Население
Костарикански деца и возрасни луѓе.

Според податоците од 2010 година, во Костарика живееле 4,640,000 жители.[14] Белото и мешаното население (местици) сочинуваат околу 94% од населението. Поединечно, 80% се белци, 14% се местици,[15] 3% се црнци, 1% се староседелци, 1% се Кинези и 1% други.[16]

Во државата има нешто над 60.000 староседелци и истите сочинуваат 1.5% од вкупното население. Повеќето од нив живеат во посебни резервати и тие се дел од следниве етнички групи: Китириси, Матамбу, Чоротега, Малеку, Брибријци, Кабекарци, Гвајми, Борука и Тераба.

Што се однесува за населението со европско потекло, најдоминантни се тие жители со шпанско потекло,[17] како и жители со италијанско, германско, англиско, холандско, француско, ирско, португалско, либанско и полско потекло. Покрај овие во Костарика има и еврејско население. Црнците во Костарика се од јамајканско потекло, кои се потомци на емигрантските јамајкански работници од 19 век.

Според пописот од 2000 година, 94% се изјасниле како белци или местици, а помалку од 3% како црнци или староседелци. Мешањето на староседелците со Европејците е далеку помало во споредба со останатите латиноамерикански држави. Од ова исклучок е покраината Гванакасте, каде има поголем процент на мешано население поради минатата добра унија меѓу Шпанците и староседелците Чоротега.

Костарика има поголем број бегалци кои се доселени од Колумбија и Никарагва. Како резултат на таа нелегална имиграција, денес се проценува дека околу 10–15% (или 400,000–600,000 жители) од вкупното население на државата се Никарагванци.[18][19] Дел од Никарагванците се на привремен престој во Костарика, каде работат сезонски работи. Костарика прифатила голем број бегалци од останатите држави, особено во 1970-те и 1980-те години, најмногу од Чиле и Аргентина, како и од Ел Салвадор.[20]

Според податоците од Светската банка, во 2010 година во државата имало 489,200 имигранти, воглавно од Никарагва, Панама, Ел Салвадор, Хондурас, Гватемала и Белизе. Околу 125,306 Костариканци живееле во странство, воглавно во САД, Панама, Никарагва, Шпанија, Мексико, Канада, Германија, Венецуела, Доминиканска Република и Еквадор.[21]

Јазици

Главниот јазик кој се зборува во Костарика е шпанскиот јазик. Во државата сè уште се зборуваат некои староседелски јазици. Според бројот на зборувачи, најголем староседелски јазик е брибрискиот јазик, па потоа малекуски јазик, кабекарски јазик и нгаберски јазик. Некои од овие јазици имаат и по неколку илјади зборувачи во Костарика, додека пак некои се зборувани од стотици, како што се терибески јазик и борукаски јазик. Покрај брегот на државата може да се сретне и англиски креолски јазик, како и јамајкански патоа. Околу 10,7% од костариканското возрасно население зборува англиски, 0,7% француски и 0,3% зборува португалски или германски како втор јазик.[22]

Религија
Базилика Нуестра Сењора де лос Анхелес.

Христијанството е доминантна религија во Костарика. Според уставот од 1949 година, државна религија во Костарика е катлицизмот, но истиот устав ги гарантира слободата на религиска определеност.

Според скорешните национални статистики за религија, кој биле издадени во 2007 година од Универзитетот Костарика, околу 70.5% од населението се Католици, 13.8% се Евангелисти, 11.3% немале религија и 4.3% се следбеници на други религии.

Поради скорешните мали имиграциски движења во државата од Азија и Средниот Исток, исто така и други мали религиски групи се присутни во државата: будизам, хиндуизам, јудаизам и ислам. Бројката на следбеници на овие религии е мала.

Синагогата Шареј Зион[23] се наоѓа во близина на метрополитскиот парк Ла Сабана во Сан Хозе. Неколку домаќинства во близина на паркот имаат симболи на Давидовата ѕвезда.[24]

Мормонското движење тврди дека во државата има нивни 35.000 следбеници и истите имаат храм во Сан Хозе. Овој храм е регионален храм за Мормоните од Костарика, Панама, Никарагва и Хондурас.[25] Сепак, оваа религиска група е застапена од помалку од 1 процент од населението на државата.[26][27]

Економија

Според Светската банка, бруто домашниот производ на државата по глава на жител во 2009 изнесувал 11.122 американски долари, но сепак оваа држава во развој се соочува со четвртата најголема инфлација во Латинска Америка. Покрај тоа, Костарика се соочува и со недостаток на подобрување на постоечката инфраструктура и изградба на нова, процентот на сиромаштија изнесува од 5% до 8%,[28][29], невработеноста во 2009 година била 7.8%,[28] и трговскиот дефицит изнесувал 5.2%. До глобалната рецесија во 2008 година, Костарика имала пораст на економијата од 7 % до 9%, а во 2008 година тој пораст изнесувал 3%.[28][30]

Култура

Костарикански појадок со гало пинто.

Територијата на Костарика е местото каде се сретнуваат средноамериканските староседелски и јужноамериканските староседелски култури. Така, северозападниот дел од државата бил најјужната територија на наватлското културно влијание, пред да дојдат Шпанците во 16 век. Централните и јужните делови на државата биле под чипчаското културно влијание. Во 17 и 18 век крајбрежјето на Карипското Море било населено со црнечко население, т.е. работници донесени од Африка.

Костариканската кујна е мешавина од староседелски, шпански, африкански и останати елементи. Меѓу староседелското население најпопуларни се јадењата од пченка, како што е тамал. Шпанците во Костарика донеле поголем број останати хранливи состојки, пред сè зачини и домашни животни. Додатно на тоа, во Костарика е присутна и карипската кујна која е донесена со населувањето на црнците. Поради тоа денес костариканската кујна е разновидна и богата.[31]

Поради фактот што Шпанците ја колонизирале територијата во 16 век, денес во Костарика забележителна е шпанската култура. Покрај тоа, како резултат на колонизацијата, шпанскиот јазик е доминантен јазик во државата, а најголема религија е католицизмот. Фразата „Pura Vida“ доста често се користи за опишување на костариканскиот начин на живот и во превод значи „чист живот“ или „добар живот“.

Наводи

  1. Central Intelligence Agency (2011). „Costa Rica“. The World Factbook. Langley, Virginia: Central Intelligence Agency. Посетено на 2011-10-04.
  2. Estimación para el día de hoy 21 de Junio de 2011 Centro Centroamericano de Población, Universidad de Costa Rica. 2011-06-21.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Costa Rica“. International Monetary Fund. Посетено на 2011-04-21.
  4. „Gini Index“. World Bank. Посетено на 2 March 2011.
  5. „Human Development Report 2010“ (PDF). United Nations. 2010. Посетено на 5 November 2010.
  6. El Espíritu del 48. „Abolición del Ejército“ (Spanish). Посетено на 2008-03-09.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „Costa Rica“. World Desk Reference. Посетено на 2009-06-09.
  8. „Costa Rica“. Uppsala University. Посетено на 2009-06-09.
  9. UNDP Human Development Report 2010. „Table 1: Human development index 2010 and its components“ (PDF). UNDP. Посетено на 2010-11-06. pp. 5, 49 and 144
  10. Yale Center for Environmental Law & Policy / Center for International Earth Science Information Network at Columbia University. „2010 Environmental Performance Index“. Посетено на 2010-01-27.
  11. Ashley Seager (2008-07-04). „Costa Rica is the world's happiest and greenest country in the world“. London: Guardian.co.uk. Посетено на 2009-07-04.
  12. „estudiofi“. Inbio.ac.cr. Посетено на 2010-06-26.
  13. "Costa Rica Weather". Costa Rica Guides
  14. http://esa.un.org/unpp/p2k0data.asp
  15. "Costa Rica". U.S. Department of State.
  16. „Costa Rica: Ethnic groups“. Cia.gov. Посетено на 2010-12-21.
  17. „White Settlement in Costa Rica“. Links.jstor.org. Посетено на 2010-06-26.
  18. www.state.gov Background Note: Costa Rica – People
  19. Dickerson, Marla; Kimitch, Rebecca (2006-03-23). „Costa Rica Seeks to Shut Its Doors to Illegal Migrants From Nicaragua“. Los Angeles Times. Посетено на 2010-05-02.
  20. Biesanz, Karen Zubris; Biesanz, Mavis Hiltunen; Biesanz, Richard (1998). The Ticos: Culture and Social Change in Costa Rica. Boulder: Lynne Rienner Publishers. стр. 118. ISBN 1-55587-737-0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  21. „Costa Rica country profile (from the Migration and Remittances Factbook 2011)“ (PDF). World Bank. Посетено на 2011-08-17.
  22. Jairo Villegas (2008-03-13). „Solo 1 de cada 10 adultos habla un segundo idioma“. La Nación (Costa Rica). Посетено на 2010-07-22.
  23. Centro Israelita de Costa Rica, Comunidad Judía de Costa Rica, Costa Rican Jewish Community
  24. „Jewish Community in Costa Rica“. Jcpa.org. Посетено на 2010-06-26.
  25. Costa Rica. LDS Newsroom. Retrieved 2008-12-13.
  26. „San José Costa Rica LDS (Mormon) Temple“. Ldschurchtemples.com. Посетено на 2010-06-26.
  27. „List of LDS (Mormon) temples in Central America and the Caribbean“. Lds.org. Посетено на 2010-06-26.
  28. 28,0 28,1 28,2 „Rank Order – Inflation rate (consumer prices)“. CIA World Factbook. Посетено на 2008-02-14.
  29. http://hdr.undp.org/en/media/HDI_2008_EN_Tables.pdf
  30. „Costa Rica: Economy“. U.S. State Department. Посетено на 2007-11-02.
  31. Costa Rican Typical Food

Дополнителни информации

  • CIA World Fact-book. Costa Rica.
  • Edelman, Marc. Peasants Against Globalization: Rural Social Movements in Costa Rica Stanford: Stanford University Press, 1999.
  • Sebastian Huhn: Contested Cornerstones of Nonviolent National Self-Perception in Costa Rica: A Historical Approach, 2009.
  • Lara, Sylvia Lara, Tom Barry, and Peter Simonson. Inside Costa Rica: The Essential Guide to Its Politics, Economy, Society and Environment London: Latin America Bureau, 1995.
  • Lehoucq, Fabrice E. and Ivan Molina. Stuffing the Ballot Box: Fraud, Electoral Reform, and Democratization in Costa Rica Cambridge: Cambridge University Press, 2002.
  • Lehoucq, Fabrice E. Policymaking, Parties, and Institutions in Democratic Costa Rica, 2006.
  • Palmer, Steven and Iván Molina. The Costa Rica Reader: History, Culture, Politics Durham and London: Duke University Press, 2004.
  • Sandoval, Carlos. Threatening Others: Nicaraguans and the Formation of National Identities in Costa Rica Athens: Ohio University Press, 2004.
  • Wilson, Bruce M. Costa Rica: Politics, Economics, and Democracy: Politics, Economics and Democracy. Boulder, London: Lynne Rienner Publishers, 1998.
  • Blake, Beatrice. "The New Key to Costa Rica" Berkeley, California: Ulysses Press, 2009.

Поврзано

Надворешни врски

Предлошка:Link FA