Прејди на содржината

Белиз

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Белизе)
Белиз
Знаме Грб
ГеслоSub Umbra Floreo  (Латински)
„Под сенката јас цветам“
ХимнаLand of the Free
Кралска химнаБоже, чувај го Кралот
Местоположба на Belize
Главен градБелмопан
17°15′N 88°46′W / 17.250° СГШ; 88.767° ЗГД / 17.250; -88.767
Најголем град Белиз
Службен јазик англиски
Признаени регионални јазици
Народности (2010)
Демоним Белизијци
Уредување Парламентарна демократија и Уставна монархија
 •  Монарх Чарлс III
 •  Генерален гувернер Фројола Цалам
 •  Премиер Дин Бероу
Законодавство Народно собрание
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Дом на претставници
Независност од Велика Британија 
 •  Датум 21 септември 1981 
Површина
 •  Вкупна 22.966 км2 (150)
 •  Вода (%) 0,7
Население
 •  проценка за 2008[2] г. 334.297 (јули 2013)[1] (174.)
 •  Попис 2010 312.698 
 •  Густина 14.5 жит/км2 (212.)
БДП (ПКМ) проценка за 2012 г.
 •  Вкупен 2,999 млрд. $[2] 
 •  По жител $8.753[2] 
БДП (номинален) проценка за 2012 г.
 •  Вкупно 1,554 млрд. $[2] 
 •  По жител 4.535 $[2] 
ИЧР (2011)0.702[3]
висок · 96.
Валута белиски долар (BZD)
Часовен појас CST (UTC-6)
Се вози на десно
НДД .bz
Повик. бр. 501

Белиз (англиски: Belize) — независна уставна монархија во Средна Америка, која се наоѓа на копнениот дел од овој континент. На север Белиз граничи со Мексико, на југ и запад со Гватемала, а на исток излегува на Карипското Море. Вкупната површина на државата изнесува 22.960 км2 и има население од 333.220 жители, според проценките за 2010 година[4]. Иако шпанскиот и белискиот креолски јазик се зборуваат во државата, сепак англискиот е единствениот службен јазик во Белиз, што ја прави единствена држава во копнена Средна Америка каде англискиот е службен јазик. Должината на територијата на Белиз изнесува 290 километри, додека ширината изнесува 110 километри. Главен град на Белиз е Белмопан.

Белиз е држава со најмала густина на население во Средна Америка.[5] Прирастот на населението на Белиз е 2,21% според проценките за 2008[1] и истиот е најголем во регионот и западната полутопка. Белиз има значајна улога во Мезоамериканскиот биолошки коридор, бидејќи земјата има богат копнен и воден животински и растителен свет.[6]

Белиз е културолошки уникатна земја во Средна Америка бидејќи таа е единствената нација со британско културно наследство. Поради историски и општествени причини, Белиз споделува големи сличности, како со средноамериканските копнени, така и со средноамериканските островски нации. Во тој сегмент, Белиз се смета за држава со силни врски и со карипските нации и со латиноамериканските држави. Државата е член на Карипската Заедница и Средноамериканскиот Интеграциски Систем.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Потеклото на името „Белие“ не е познато, но според една теорија, името потекнува од мајанскиот збор belix што значи „матна вода“ и истото се однесува за реката Белиз. Според друга теорија, името потекнува од шпанскиот изговор за презимето на шкотскиот пират Питер Валес, кои пак Шпанците го користеле за означување на една населба покрај реката Белиз, но и за самата река.[7] Според трета теорија, името можеби е донесено од Африканците кои имигрирале во државата од Кралството Конго. Се претпоставува Африканците го донеле името со нив, бидејќи денес во Ангола сè уште постои тоа име.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Области во Белиз

Белиз е поделен на шест окрузи, кои пак се поделени на 31 единица. Окрузите во Белиз се:

  1. Белиз
  2. Кајо
  3. Корозал
  4. Оринџ Вок
  5. Стен Крик
  6. Толедо

Демографија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Попис 2010“. Население на Белиз 2010. statisticsBelize.org. Посетено на 5 јули 2013.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Белиз“. Меѓународен монетарен фонд. Посетено на 18 април 2013.
  3. „Human Development Report 2011“ (PDF). Обединети нации. 2012. Посетено на 5 ноември 2012.
  4. Infolink Production Center (1 April 2007). „Statistical Institute of Belize“. Statisticsbelize.org.bz. Посетено на 29 August 2010.
  5. „World Population Prospects: The 2008 Revision Population Database“. United Nations. 11 March 2009. Архивирано од изворникот на 2011-05-11. Посетено на 29 August 2010.
  6. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-05-12. Посетено на 2011-10-29.
  7. „British Honduras“. Encyclopaedia Britannica. 12. New York: The Britannica Publishing Company. 1892. Посетено на 25 October 2010.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
Верници во Белиз[1]
христијани
  
87,60 %
муслимани
  
0,10 %
атеисти
  
8,90 %
хиндуисти
  
0,20 %
будисти
  
0,50 %
народна вера
  
1,50 %
Евреи
  
1,00 %
останати
  
0,10 %

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]