Прејди на содржината

Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018 - КОНМЕБОЛ

Од Википедија — слободната енциклопедија
КОНМЕБОЛ квалификации за СП 2018
2018 FIFA World Cup qualification (CONMEBOL)

  Квалификувани
  Елиминирани
Податоци за првенството
Датум на одржување5 октомври 2015 - 10 октомври 2017
Екипи10 (од 1 конфедерација)
Статистики на првенството
Број на натпревари90
Постигнати голови242 (2.69 по натпревар)
Гледачи2.985.794 (33.175 по натпревар)
ГолгетерУругвај Единсон Кавани
(10 голови)
2014
2022

Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018 - КОНМЕБОЛ било фудбалско натпреварување кое се играло во склоп на квалификациите за Светското фудбалско првенство 2018 кое се одржало во Русија. Во квалификациите учествувале 10 екипе членки на КОНМЕБОЛ конфедерацијата.[1]

Пласман на Светското првенство обезбедиле 4 репрезентации: победникот во квалификациите Бразил, потоа Уругвај, Аргентина и Колумбија. Петопласираната репрезентација Перу обезбедила учество во баражот, преку кој со победа над Нов Зеланд се пласирала на превенството.

Формат на натпреварување

[уреди | уреди извор]

Структурата на квалификациите останала иста како и во претходните пет изданија на квалификациите на конфедерацијата КОНМЕБОЛ. Десет екипи играат по Бергеров ситем на натпреварување. Четирите најдобри екипи се квалификувале за Светското првенство 2018, додека петтопласираната екипа играла интерконтинентален бараж против репрезентација од ОФК конфедерацијата.

За разлика од претходните квалификации на кои однапред бил одреден распоредот, распоредот во овие квалификации бил одреден со извлекување на 25 јули 2015 во 18:00 МСК (UTC+3) во Санкт Петербург, Русија.[2]

Причина за распоредување, Аргентина и Бразил автоматски биле позиционирани како тим 4, односно како тим 5, како би се осигурало ниеден друг тим да не би играл против овие два тима едноподруго во таканаречено двојно коло.[3] Преостанатите осум тимови биле распоредени во преостанатите осум места со извлекување од 1 до 10 (освен 4 и 5).

Учесници во квалификациите

[уреди | уреди извор]

Сите репрезентации членки на КОНМЕБОЛ конфедерацијата учествувале во квалификациите за СП 2018.[4]

Позиција
на извлекување[5]
Репрезентација ФИФА ранг
на почетокот
на квалификациите[6]
1.  Колумбија 5.
2.  Чиле 9.
3.  Парагвај 61.
4.  Аргентина 1.
5.  Бразил 7.
6.  Еквадор 31.
7.  Венецуела 69.
8.  Боливија 67.
9.  Перу 50.
10.  Уругвај 20.
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Б
1.  Бразил 18 12 5 1 41 11 +30 41
2.  Уругвај 18 9 4 5 32 20 +12 31
3.  Аргентина 18 7 7 4 19 16 +3 28
4.  Колумбија 18 7 6 5 21 19 +2 27
5.  Перу 18 7 5 6 27 26 +1 26
6.  Чиле 18 8 2 8 26 27 −1 26
7.  Парагвај 18 7 3 8 19 25 −6 24
8.  Еквадор 18 6 2 10 26 29 −3 20
9.  Боливија 18 4 2 12 16 38 −22 14
10.  Венецуела 18 2 6 10 19 35 −16 12
  Бразил Уругвај Аргентина Колумбија Перу Чиле Парагвај Еквадор Боливија Венецуела
Бразил  2–2 3–0 2–1 3–0 3–0 3–0 2–0 5–0 3–1
Уругвај  1–4 0–0 3–0 1–0 3–0 4–0 2–1 4–2 3–0
Аргентина  1–1 1–0 3–0 0–0 1–0 0–1 0–2 2–0 1–1
Колумбија  1–1 2–2 0–1 2–0 0–0 1–2 3–1 1–0 2–0
Перу  0–2 2–1 2–2 1–1 3–4 1–0 2–1 2–1 2–2
Чиле  2–0 3–1 1–2 1–1 2–1 0–3 2–1 3–0 3–1
Парагвај  2–2 1–2 0–0 0–1 1–4 2–1 2–1 2–1 0–1
Еквадор  0–3 2–1 1–3 0–2 1–2 3–0 2–2 2–0 3–0
Боливија  0–0 0–2 2–0 2–3 0–3 1–0 1–0 2–2 4–2
Венецуела  0–2 0–0 2–2 0–0 2–2 1–4 0–1 1–3 5–0

Натпревари

[уреди | уреди извор]








































































Интерконтинентален бараж

[уреди | уреди извор]

Натпреварите од интерконтиненталниот бараж помеѓу петопласираниот тим од КОНМЕБОЛ квалификациите и победникот на третиот круг на квалификации од ОФК конфедерацијата се одиграле на 11 и 15 ноември 2017.[7]

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Нов Зеланд  0–2  Перу 0–0 2–0

Квалификувани екипи

[уреди | уреди извор]
Репрезентација Се квалификувала како: Дата на квал.: Претходни учества на СП1
 Бразил Победник 28 март 2017 20 (1930, 1934, 1938, 1950, 1954, 1958, 1962, 1966, 1970, 1974, 1978, 1982, 1986, 1990, 1994, 1998, 2002, 2006, 2010, 2014)
 Уругвај Второпласирани 10 октомври 2017 12 (1930, 1950, 1954, 1962, 1966, 1970, 1974, 1986, 1990, 2002, 2010, 2014)
 Аргентина Третопласирани 10 октомври 2017 16 (1930, 1934, 1958, 1962, 1966, 1974, 1978, 1982, 1986, 1990, 1994, 1998, 2002, 2006, 2010, 2014)
 Колумбија Четвртопласирани 10 октомври 2017 5 (1962, 1990, 1994, 1998, 2014)
 Перу Победник на баражот ОФК–КОНМЕБОЛ 15 ноември 2017 4 (1930, 1970, 1978, 1982)
1 Задбелен текст означува шампион за таа година. Закосен текст означува домаќин на турнирот за таа година.

Список на стрелци

[уреди | уреди извор]
10 гола
7 гола
6 гола
5 гола

Напомени

[уреди | уреди извор]
  1. ^ Натпреварот Аргентина - Бразил првобитно бил закажан за 12 ноември 2015 во 21:00 (UTC−3), меѓутоа бил одложен поради лошите временски услови.[8]
  2. ^ Натпреварот Боливија - Перу е регистриран со службен резултат 0–3, иако првобитно натпреварот завршил со победа на Боливија од 2–0. Нелсон Кабрера, фудбалерот на Боливија, немал право на настап во овој натпревар и затоа тој е регистриран со службена победа на Перу со 0–3.[9]
  3. ^ Натпреварот Чиле - Боливија е регистриран со службен резултат 3–0, иако првобитно натпреварот завршил нерешено 0–0. Нелсон Кабрера, фудбалерот на Боливија, немал право на настап во овој натпревар и затоа тој е регистриран со службена победа на Чиле со 3–0.[9]
  1. „Current allocation of FIFA World Cup™ confederation slots maintained“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 2016-04-17. Посетено на 9 август 2015.
  2. „A unanimous decision: A draw will determine the classifications for the World Cup and CONMEBOL Tournaments“. CONMEBOL.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 9 август 2015.
  3. „Preliminary Draw procedures“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 2015-09-06. Посетено на 9 август 2015.
  4. „Road to Russia with new milestone“. FIFA.com. 15 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-03-21. Посетено на 30 март 2016.
  5. „Fifa World Cup 2018 qualifying group draw: As it happened“. International Business Times. 25 јули 2015. Посетено на 30 март 2016.
  6. „FIFA/Coca-Cola World Ranking – October 2015 (CONMEBOL)“. FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 1 октомври 2015. Архивирано од изворникот на 2016-04-05. Посетено на 30 март 2016.
  7. „The Preliminary Draw results in full“ (англиски). FIFA.com. 25 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-06. Посетено на 19 декември 2017.
  8. „Argentina - Brazil postponed due to wet weather“. goal.com. 12 ноември 2015. Посетено на 26 февруари 2016.
  9. 9,0 9,1 „Bolivia sanctioned for fielding ineligible player“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 2017-04-15. Посетено на 4 април 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]