Алексис Санчес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чиле Алексис Санчес
Alexis Sánchez 2017.jpg
Санчес играјќи за Чиле во 2017
Лични податоци
Полно име Алексис Алехандро Санчес Санчес[1]
Роден на 19 декември 1988 (1988-12-19) (воз. 29 г.)[1][2]
Роден во Токопиња, Чиле[2][3]
Висина &100000000000001690000001,69 м[4][5][6]
Позиција
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 7
Младинска кариера
2004–2005 Кобрелоа
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2006 Кобрелоа 47 (9)
2006–2011 Удинезе Удинезе 95 (20)
2006–2007Коло Коло Коло Коло 32 (5)
2007–2008Ривер Плејт Ривер Плејт 23 (4)
2011–2014 Барселона Барселона 88 (39)
2014–2018 Арсенал Арсенал 122 (60)
2018– Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 8 (2)
Репрезентација
2006–2008 Чиле Чиле 20 18 (4)
2006– Чиле Чиле 119 (39)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 5 January 2018.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 10 October 2017

Алексис Алехандро Санчес Санчес (шпански изговор: [aˈleksis ˈsantʃes]; роден на 19 декември 1988), исто така познат едноставно како Алексис, е чилеански професионален фудбалер кој игра како напаѓач за англискиот клуб Манчестер Јунајтед и националниот тим на Чиле.

Санчес ја започнал својата кариера како младински играч за Кобрелоа на возраст од 17 години, а по завршувањето на сезоната со клубот, се преселил во Италија во тимот на Удинезе во 2006 година. Тој го освоил својот прв трофеи во наредните сезони, како позејмен играч на Коло-Коло и Ривер Плејт. Во 2008 година, се вратил vo Удинезе, каде што станал составен дел од тимот во неговата прва целосна сезона во клубот. По три плодни сезони во Италија, Санчез се преселил во Барселона во трансфер вреден 30 милиони евра (£25 милиони евра), со што станал најскапиот чилеански играч на сите времиња.

Во неговата прва сезона во Барселона, Санчез настапил во тандем со напаѓачката тројка Лионел Меси и Давид Виља, помагајќи му на клубот да победи во Копа дел Реј, Суперкупот на Шпанија, УЕФА Супер Куп, и ФИФА Клуб Светското Првенство. Триото постигнало вкупно 82 гола во наредната сезона, со што ја освоиле Ла лига во сезоната 2012-13, како и одбраната на шпаскиот куп. Санчес го уживал својот најголем учинок со постигнати 21 гола во сезоната и 14 асистенции. Со доаѓањето на Нејмар во 2013 година, Санчез бил продаден во Премиер Лигата во тимот на Арсенал во вредност од £31.7 милиони фунти (€35.8 милиони) една година подоцна.

Во Арсенал, Санчес брзо се воспоставил себеси како многу значајна фигура на тимот, завршувањето на сезоната во Англија со двојна бројка во постигнати голови и асистенции. Тој исто така, го освоил Комјунити Шилд, како и ФА Купот во два наврати, постигнувајќи голови во двата натпревари. Во 2016-17 сезона, Санчес постигнал 30 гола и овозможил 14 асистенции, што претставувал негов најдобар повраток како професионален фудбалер, додека  бил номиниран за FIFPro World XI.

На 22 јануари 2018 година, било објавено дека Санчез го комплетирал трансферот во Манчестер Јунајтед, како размена со Хенрик Митаријан. Санчез го добил легендарниот дрес со број 7 во Манчестер Јунајтед. Неговиот договор со Арсенал требало да истече во текот на летото .[7]

Популарно наречен "Ел Нињо Маравиља" (Чудото од Дете), Санчес своето деби за репрезентацијата на Чиле го остварил во 2006 година, а досега има одиграно 119 натпревари, што го прави играч со најмногу настапи на сите времиња, заедно со голманот Клаудио Браво. Со 39 гола, тој е водечки стрелец за својата земја. Тој одиграл голема  улога овозможувајќи му на Чиле да стигнат до финалето во Купот на конфедерациите во 2017 година, а подоцна бил предводник во првата меѓународна победа на Копа Америка во 2015 година, постигнувајќи го победничкиот пенал во финалето против Аргентина. Тој подоцна придонел за повторување на овој триумф, помагајќи во одбраната на трофејот во Копа Америка Центрарио.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Alexis Alejandro Sánchez Sánchez“. Soccerway. Perform Group. http://uk.soccerway.com/players/alexis-sanchez/4117/. посет. 11 октомври 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 „Alexis Sanchez Profile“. Arsenal F.C.. http://www.arsenal.com/first-team/players/alexis-sanchez. посет. 17 јули 2014 г. 
  3. Barcelona Stars Show Support for Tocopilla“, „I Love Chile“, 6 август 2013 (посет. 23 јуни 2014 г).
  4. „Alexis Sánchez Profile“. UEFA. http://www.uefa.com/teamsandplayers/players/player=250003528/profile/index.html. посет. 7 февруари 2015 г. 
  5. „Alexis Sánchez Profile“. ESPN FC. http://www.espnfc.us/player/92055/alexis-sanchez. посет. 7 февруари 2015 г. 
  6. „2014 FIFA World Cup squadlists“. FIFA. http://www.fifadata.com/document/fwc/2014/pdf/fwc_2014_squadlists.pdf. посет. 7 февруари 2015 г. 
  7. ALEXIS SIGNS FOR MANCHESTER UNITED“, Manchester United F.C., 22 јануари 2018 (посет. 22 јануари 2018 г).