Прејди на содржината

Африкански куп на нации 2023

Од Википедија — слободната енциклопедија
Африкански куп на нации 2023
Податоци
Домаќин Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска
Траење 13 јануари - 11 февруари
Tимови 24 (од една конфедерација)
Стадион(и) (во 5 градови)
Шампиони
2. место
3. место  Јужна Африка
4. место  ДР Конго
Статистика
Вкупно натпревари
Вкупно голови
Публика
Најдобар стрелец(и)
Најдобар играч
Најдобар голман
2025 →     ← 2021

Инфокутијата е последен пат ажурирана на 5 јануари 2024.

Африкански куп на нации 2023 (познато и како АФКОН 2023, односно КАН 2023) било 34-тото по ред фудбалско континентално првенство на Африка, познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е оргенизирано од КАФ, а се одржало во Брегот на Слоновата Коска. Ова било вторпат оваа земја да биде домаќин, првпат по изданието во 1984 година.

Ова издание на турнирот првично било планирано да биде трето почнувајќи од изданието во 2019 што ќе се одржи во текот на летото на северната полутопка, со цел да се намалат конфликтите со европските клубови во поглед на поклопувањето на распоредот на натпреварите.[1][2][3][4] Сепак на 3 јули 2022 година, КАФ го одложиле првенството за периодот од 13 јануари до 11 февруари 2024 година, поради неповолните летни временски услови во Брегот на Слоновата Коска, додека во исто време турнирот го задржач оригиналното име на изданието од спонзорски причини.[5][6] Ова се уследило откако изданието 2021 во Камерун, исто така, било преместено во зимската сезона на северната полутопка од слични причини.

Бранител на титулата била репрезентацијата на Сенегал, која во 2021 за прв пат станала шампион.

Избор на домаќин

[уреди | уреди извор]

Кандидатури:

  • Алжир
  • Гвинеја (Првично организацијата на турнирот во 2023 година и била доделена на Гвинеја, но обврските за домаќини подоцна биле одложени за во 2025 година, откако Камерун бил домаќин во 2021 година наместо во 2019 година поради неподготвеноста во тоа време. Сепак, Гвинеја не успеала да го исполни крајниот рок за подготовки на турнирот и подоцна и биле одземени правата за домаќинство на 30 септември 2022 година; како замена, Мароко бил избран за домаќин на 27 септември 2023 година.)
  • Брег Слонова Коска (На Брегот на Слоновата Коска првично и била доделена организацијата на турнирот во 2021 година, кој подоцна бил одложен за 2023 година, откако Камерун бил домаќин на изданието во 2021 година. Сепак, Брегот на Слоновата Коска подоцна побара од КАФ изданието од 2023 година да се одржи во периодот јануари-февруари 2024 година за да се избегне сезоната на тропски дождови во Западна и Централна Африка, која вообичаено го достигнува својот врв околу јуни-јули.)
  • Замбија

Одбиени кандидатури:

  • Камерун
  • Кенија
  • Судан
  • Сенегал

КАФ првично ги објавил домаќините за изданијата 2019, 2021 и 2023 година на Африканскиот куп на нации по последното гласање на состанокот на извршниот комитет на 20 септември 2014 година, доделувајќи му го изданието за 2019 година на Камерун, изданието за 2021 година на Брегот на Слоновата Коска и изданието за 2023 година на Гвинеја.[7] Прогласувањето на домаќините во 2023 година било незакажано. Гвинеја била еден од понудувачите за изданијата 2019 и 2021 година, чии земји домаќини требало да бидат објавени на тој ден. Портпаролот на КАФ изјавил за BBC News дека, врз основа на презентацијата на Гвинеја „и посветеноста“, комитетот „одлучил да ја искористи својата моќ за да донесе итна одлука“.[7]

Промена на домаќин

[уреди | уреди извор]

На 30 ноември 2018 година, КАФ му го одзел на Камерун правото да биде домаќин на изданието 2019 поради недостаток на брзина и напредок во подготовките за домаќинство,[8][9][10] но го прифатиле барањето на поранешниот претседател на КАФ Ахмад Ахмад, Камерун да го организира следното издание во 2021. Како последица на тоа, оригиналниот домаќин од 2021 година, Брегот на Слоновата Коска, би бил домаќин на изданието во 2023 година, а оригиналниот домаќин од 2023 година, Гвинеја била планирана да биде домаќин на изданието во 2025 година, кое тогаш сè уште немало избран домаќин.[11]

На 30 јануари 2019 година, претседателот на КАФ ја потврдил промената во распоредот, по состанокот со претседателот на Брегот на Слоновата Коска Аласан Уатара во Абиџан.[12]

Маркетинг

[уреди | уреди извор]

Спонзори

[уреди | уреди извор]
Главен спонзор Официјален спонзор Национален спонзор

Маскотата на натпреварувањето е "Акваба" (изворно "Akwaba"), што во превод значи "Добредојде" на јазикот Бауле. Акваба е слонче, животното симбол на Брегот на Слоновата Коска, облечено во бои слични на опремата на репрезентацијата домаќин.[19]

На 12 октомври 2023 година, КАФ и Пума ја откриле „Поку“ (изворно "Pokou") официјалната топка со која ќе се играат натпреварите на ова издание на турнирот пред извлекувањето на ждрепката за финалниот турнир. Името било избрано во чест на починатиот легендарен напаѓач од Брегот на Слоновата Коска Лорен Покоу, локално познат по тоа што постигнал 5 гола во победата од 6–1 над Етиопија на турнирот во 1970 што е рекорд до ден денес.[20]

На 12 октомври 2023, КАФ ја открил и официјалната песна на натпреварувањето исто така за време на официјалното извлекување на ждрепката. Во песната учествувале наградуваниот нигериски изведувач Јеми Аладе, египетскиот рапер Мохамед Рамадан и музичкиот бенд од Брегот на Слоновата Коска Magic System. Насловена како „Akwaba“, што значи „Добредојдовте“ на мајчиниот јазик (Бауле), химната е возбудлив спој на афробит, рап и зуглу во уникатен музички микс кој останува длабоко вкоренет со традицијата на претходните химни на натпреварувањето.[21][22]

Квалификувани репрезентации

[уреди | уреди извор]
Репрезентација Квалификувана како Датум на квалификување Број на учества Последно учество Најдобар резултат Пласман на
ранг-листата на ФИФА пред почетокот на првенството
 Брег на Слоновата Коска Домаќин / Второпласиран во групата Х 30 јануари 2019 25 2021 Шампион (1992, 2015) 49. место
 Мароко Победник на групата К 24 март 2023 19 2021 Шампион (1976) 13. место
 Алжир Победник на групата Ф 27 март 2023 20 2021 Шампион (1990, 2021) 30. место
 Јужна Африка Второпласиран во групата К 28 март 2023 11 2019 Шампион (1996) 66. место
 Сенегал Победник на групата Л 28 март 2023 17 2021 Шампион (2021) 20. место
 Буркина Фасо Победник на групата Б 28 март 2023 12 2021 Финалист (2013) 58. место
 Тунис Победник на групата Ј 28 март 2023 21 2021 Шампион (2004) 28. место
 Египет Победник на групата Д 14 јуни 2023 26 2021 Шампион (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010) 33. место
 Замбија Победник на групата Х 17 јуни 2023 18 2015 Шампион (2012) 84. место
 Екваторска Гвинеја Второпласиран во групата Ј 17 јуни 2023 4 2021 Четврто место (2015) 88. место
 Нигерија Победник на групата А 18 јуни 2023 20 2021 Шампион (1980, 1994, 2013) 42. место
 Гвинеја-Бисао Второпласиран во групата А 18 јуни 2023 4 2021 Групна фаза (2017, 2019, 2021) 103. место
 Зелен ’Рт Второпласиран во групата Б 18 јуни 2023 4 2021 Четвртфинале (2013) 73. место
 Мали Победник на групата Г 18 јуни 2023 13 2021 Финалист (1972) 51. место
 Гвинеја Второпласиран во групата Д 20 јуни 2023 14 2021 Финалист (1976) 80. место
 Гана Победник на групата Е 7 септември 2023 24 2021 Шампион (1963, 1965, 1978, 1982) 61. место
 Ангола Второпласиран во групата E 7 септември 2023 9 2019 Четвртфинале (2008, 2010) 117. место
 Танзанија Второпласиран во групата Ф 7 септември 2023 3 2019 Групна фаза (1980, 2019) 121. место
 Мозамбик Второпласиран во групата Л 9 септември 2023 5 2010 Групна фаза (1986, 1996, 1998, 2010) 111. место
 ДР Конго Победник на групата И 9 септември 2023 20 2019 Шампион (1968, 1974) 67. место
 Мавританија Второпласиран во групата И 9 септември 2023 3 2021 Групна фаза (2019, 2021) 105. место
 Гамбија Второпласиран во групата Г 10 септември 2023 2 2021 Четвртфинале (2021) 126. место
 Камерун Победник на групата Ц 12 септември 2023 21 2021 Шампион (1984, 1988, 2000, 2002, 2017) 46. место
 Намибија Второпласиран во групата Ц 12 септември 2023 4 2019 Групна фаза (1998, 2008, 2019) 115. место

Стадиони

[уреди | уреди извор]
Африкански куп на нации 2023 (Ivory Coast)
Абиџан Буаке
Стадион Аласан Уатара Стадион Феликс Уфуе-Буани Стад де ла Пе
Капацитет: 60,000 Капацитет: 33,000[23] Капацитет: 40,000
Корого Сан-Педро Јамусукро
Стадион Амаду Гон Кулибали Стадион Лоран Поку Стадион Шарл Конан Бани
Капацитет: 20,000 Капацитет: 20,000 Капацитет: 20,000

Групна фаза

[уреди | уреди извор]
Правила за одредување на позициите

Од секоја група понатаму одат првопласираната и второпласираната репрезентација, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.

Позициите на табелата се одредуваат според бројот на освоените бодови (победа вреди три, реми еден и пораз нула бодови). Доколку две екипе имају ист број на бодова на крајот на групната фаза, позициите ќе се одредуваат според следните критериуми (по наведениот редослед) за да се утврди конечниот пласман (член 74 од Правилникот):[24]

  1. број на освоени бодови во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
  2. гол-разлика во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
  3. број на постигнати голови во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
  4. доколку повеќе од две екипи се изедначени и ако две екипи се и понатаму изедначени, сите горенаведени критериуми важат исклучиво за тие две екипи;
  5. гол-разлика во сите натпревари во групата;
  6. број на постигнати голови во сите натпревари во групата;
  7. ждрепка.

Сите времиња се локални, WAT (UTC+1).

  Екипа која се квалификувала во осминафинале
Африкански куп на нации 2023 - група A
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Екваторска Гвинеја 3 2 1 0 9 3 +6 7
2.  Нигерија 3 2 1 0 3 1 +2 7
3.  Брег на Слоновата Коска 3 1 0 2 2 5 -3 3
4.  Гвинеја-Бисао 3 0 0 3 2 7 -5 0






Африкански куп на нации 2023 - група Б
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Зелен ’Рт 3 2 1 0 7 3 +4 7
2.  Египет 3 0 3 0 6 6 0 3
3.  Гана 3 0 2 1 5 6 -1 2
4.  Мозамбик 3 0 2 1 4 7 -3 2






Африкански куп на нации 2023 - група Ц
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Сенегал 3 3 0 0 8 1 +7 9
2.  Камерун 3 1 1 1 5 6 -1 4
3.  Гвинеја 3 1 1 1 2 3 -1 4
4.  Гамбија 3 0 0 3 2 7 -5 0





Африкански куп на нации 2023 - група Д
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Ангола 3 2 1 0 6 3 +3 7
2.  Буркина Фасо 3 1 1 1 3 4 -1 4
3.  Мавританија 3 1 0 2 3 4 -1 3
4.  Алжир 3 0 2 1 3 4 -1 2





Африкански куп на нации 2023 - група Е
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Мали 3 1 2 0 3 1 +2 5
2.  Јужна Африка 3 1 1 1 4 2 +2 4
3.  Намибија 3 1 1 1 1 4 -3 4
4.  Тунис 3 0 2 1 1 2 -1 2






Африкански куп на нации 2023 - група Ф
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Мароко 3 2 1 0 5 1 +4 7
2.  ДР Конго 3 0 3 0 2 2 0 3
3.  Замбија 3 0 2 1 2 3 -1 2
4.  Танзанија 3 0 2 1 1 4 -3 2






Поредок на третопласираните екипи во групите

[уреди | уреди извор]
Африкански куп на нации 2023 - Поредок на третопласираните екипи
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
1.  Гвинеја 3 1 1 1 2 3 -1 4
2.  Намибија 3 1 1 1 1 4 -3 4
3.  Мавританија 3 1 0 2 3 4 -1 3
4.  Брег на Слоновата Коска 3 1 0 2 2 5 -3 3
5.  Гана 3 0 2 1 5 6 -1 2
6.  Замбија 3 0 2 1 2 3 -1 2

Нокаут фаза

[уреди | уреди извор]

Резултати

[уреди | уреди извор]
 
ОсминафиналеЧетвртфиналеПолуфиналеФинале
 
              
 
27 јануари – Абиџан (Уфуе-Буани)
 
 
 Нигерија2
 
2 февруари – Абиџан (Уфуе-Буани)
 
 Камерун0
 
 Нигерија1
 
27 јануари – Буаке
 
 Ангола0
 
 Ангола3
 
7 февруари – Буаке
 
 Намибија0
 
 Нигерија (п)1 (4)
 
29 јануари – Абиџан (Уфуе-Буани)
 
 Јужна Африка1 (2)
 
 Зелен ’Рт1
 
3 февруари – Јамусукро
 
 Мавританија0
 
 Зелен ’Рт0 (1)
 
30 јануари – Сан Педро
 
 Јужна Африка (п)0 (2)
 
 Мароко0
 
11 февруари – Абиџан (Уатара)
 
 Јужна Африка2
 
 Нигерија
 
30 јануари – Корого
 
 Брег на Слоновата Коска
 
 Мали2
 
3 февруари – Буаке
 
 Буркина Фасо1
 
 Мали1
 
29 јануари – Јамусукро
 
 Брег на Слоновата Коска (прод.)2
 
 Сенегал1 (4)
 
7 февруари – Абиџан (Уатара)
 
 Брег на Слоновата Коска (п)1 (5)
 
 Брег на Слоновата Коска1
 
28 јануари – Сан Педро
 
 ДР Конго0 Натпревар за 3. место
 
 Египет1 (7)
 
2 февруари – Абиџан (Уатара)10 февруари – Абиџан (Уфуе-Буани)
 
 ДР Конго (п)1 (8)
 
 ДР Конго3 Јужна Африка (п)0 (6)
 
28 јануари – Абиџан (Уатара)
 
 Гвинеја1  ДР Конго0 (5)
 
 Екваторска Гвинеја0
 
 
 Гвинеја1
 

Осминафинале

[уреди | уреди извор]








Четвртфинале

[уреди | уреди извор]




Полуфинале

[уреди | уреди извор]


Натпревар за трето место

[уреди | уреди извор]

Статистика

[уреди | уреди извор]

Листа на стрелци

[уреди | уреди извор]

На првенството беа постигнати 46 голови на 18 натпревари, просечно 2.56 голови по натпревар (as of 19 јануари 2024).


3 гола

2 гола

1 гол

автоголови

  1. „Africa Cup of Nations to switch from January staging to June in 2019“. The Guardian. 21 July 2017. Посетено на 20 July 2018.
  2. „Africa Cup of Nations: Date switch makes African players more attractive, say agents“. BBC Sport. 21 July 2017. Посетено на 25 July 2017.
  3. Imary, Gerald (21 July 2017). „African Cup of Nations finally moved away from mid-season and expanded from 16 to 24 teams“. The Independent. Архивирано од изворникот 25 July 2017. Посетено на 25 July 2017.
  4. „FIFA Council makes key decisions for the future of football development“. FIFA. 26 October 2018. Архивирано од изворникот на 26 October 2018. Посетено на 26 October 2018.
  5. CAFOnline.com (3 јули 2022). "CAF President Dr Motsepe announces African Super League launch details, AFCON 2023 and Champions League key decisions". Соопштение за печат.  „...the Executive Committee has decided that this edition of the tournament will be postponed to the months of January and February 2024. The postponement is as a direct and sole result of the adverse weather conditions in the country and after also having received further technical opinion from experts on adverse effects of staging the matches in that period, as June and July are rainy seasons in Ivory Coast.“
  6. Southby, Ben (3 July 2022). „Africa Cup of Nations 2023 finals have been postponed and moved to January 2024 due to weather concerns in Ivory Coast“. Eurosport. Посетено на 3 July 2022.
  7. 7,0 7,1 „Nations Cup: 2019, 2021 and shock 2023 hosts unveiled by Caf“. BBC Sport. 20 September 2014. Посетено на 23 July 2019.
  8. „Cameroon stripped of hosting 2019 Africa Cup of Nations“. BBC Sport. 30 November 2018. Посетено на 1 December 2018.
  9. „Cameroon stripped of FALCON 2019 hosting duties“. Deutsche Welle. 30 November 2018. Посетено на 1 December 2018.
  10. „Cameroon stripped of right to host 2019 Africa Cup of Nations“. The Guardian. 30 November 2018. Посетено на 1 December 2018.
  11. „CAN 2019: Le pays hate Sera con-nu Le 9 Javier“ [CAN 2019: the host country will be known on January 9]. Le Monde (француски). 10 December 2018. Посетено на 11 December 2019.[мртва врска]
  12. „COTE D'IVOIRE AGREES CAF TIMETABLE SHIFT“. CAF. 30 January 2019.
  13. „CAF and Global motorcycle company, Apsonic conclude Agreement making Apsonic TotalEnergies Africa Cup of Nations 2023 Official Sponsor“. CAFOnline.com. 10 October 2023. Посетено на 11 October 2023.
  14. „CAF and TECNO Mobile conclude Agreement making TECNO Mobile one of the Official Sponsors of the TotalEnergies CAF Africa Cup of Nations Côte d'Ivoire 2023“. CAFOnline.com. 21 September 2023. Посетено на 23 September 2023.
  15. „CAF announces Ecobank as an Official Sponsor of the TotalEnergies CAF Africa Cup of Nations Côte d'Ivoire 2023“. CAFOnline.com. 13 December 2023. Посетено на 13 December 2023.
  16. „CAF and Porteo conclude agreement making Porteo the National Supporter for the TotalEnergies Africa Cup of Nations 2023 in Cote d'Ivoire“. CAFOnline.com. 14 October 2023. Посетено на 14 October 2023.
  17. „CCAF and LONACI conclude agreement making LONACI National Supporter of the TotalEnergies Africa Cup of Nations 2023 in Côte d'Ivoire“. CAFOnline.com. 21 November 2023. Посетено на 21 November 2023.
  18. „Smart Technology joins as 'Official National Supporter' of the TotalEnergies CAF Africa Cup of Nations in Cote d'Ivoire“. CAFOnline.com. 22 November 2023. Посетено на 22 November 2023.
  19. „AKWABA', the Official Mascot of TotalEnergies CAF Africa Cup of Nations Cote d'Ivoire 2023 launched“. CAFOnline.com. 8 July 2023. Посетено на 10 July 2023.
  20. „CAF and PUMA announce the official TotalEnergies Africa Cup of Nations Cote d'Ivoire Official match ball: POKOU!“. CAFOnline.com. 23 October 2023. Посетено на 23 October 2023.
  21. „emi Alade, Mohamed Ramadan and Magic System to perform TotalEnergies CAF Africa Cup of Nations, Cote d'Ivoire 2023 official anthem“. CAFOnline.com. 12 October 2023. Посетено на 12 October 2023.
  22. „AKWABA, official song for TotalEnergies CAF Africa Cup of Nations goes live“. CAFOnline.com. 31 October 2023. Посетено на 31 October 2023.
  23. „La moitié des stades sont prêts“. L'Expression: Sports (француски). 20 February 2023. Посетено на 20 May 2023.
  24. „Regulations of the Africa Cup of Nations“ (PDF). Confederation of African Football. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-01-05. Посетено на 2022-01-19.
  25. „Côte d'Ivoire vs Guinea-Bissau match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 14 January 2024.
  26. „Nigeria Vs Equatorial Guinea match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 14 January 2024.
  27. „Equatorial Guinea Vs Guinea-Bissau match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 18 January 2024.
  28. „Côte d'Ivoire vs Nigeria match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 18 January 2024.
  29. „Egypt vs Mozambique match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 15 January 2024.
  30. „Ghana vs Cape Verde Islands match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 15 January 2024.
  31. „Egypt vs Ghana match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 19 January 2024.
  32. „Cape Verde Islands vs Mozambique match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 19 January 2024.
  33. „Senegal vs Gambia match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 15 January 2024.
  34. „Cameroon vs Guinea match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 15 January 2024.
  35. „Guinea vs Senegal match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 26 January 2024.
  36. „Gambia vs Cameroon match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 26 January 2024.
  37. „Algeria vs Angola match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 15 January 2024.
  38. „Burkina Faso vs Mauritania match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 16 January 2024.
  39. „Algeria Vs Burkina Faso match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 20 January 2024.
  40. „Mauritania vs Angola match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 20 January 2024.
  41. „Angola vs Burkina Faso match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 26 January 2024.
  42. „Mauritania vs Algeria match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 26 January 2024.
  43. „Tunisia Vs Namibia match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 17 January 2024.
  44. „Mali Vs South Africa match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 17 January 2024.
  45. „Tunisia Vs Mali match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 21 January 2024.
  46. „South Africa Vs Namibia match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 26 January 2024.
  47. „South Africa Vs Tunisia match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 26 January 2024.
  48. „Namibia Vs Mali match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 26 January 2024.
  49. „Morocco Vs Tanzania match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 22 January 2024.
  50. „DR Congo Vs Zambia match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 18 January 2024.
  51. „Morocco Vs DR Congo match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 22 January 2024.
  52. „Zambia Vs Tanzania match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 22 January 2024.
  53. „Tanzania vs DR Congo match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 26 January 2024.
  54. „Zambia vs Morroco match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 26 January 2024.
  55. „Angola vs Namibia match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 28 January 2024.
  56. „Nigeria vs Cameroon match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 28 January 2024.
  57. „Equatorial Guinea vs Guinea match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 29 January 2024.
  58. „Egypt vs DR Congo match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 29 January 2024.
  59. „Cape Verde vs Mauritania match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 2024-01-29.
  60. „Senegal vs Côte d'Ivoire match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 2024-01-29.
  61. „Mali vs Burkina Faso match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 2024-01-30.
  62. „Morocco vs South Africa match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 2024-01-30.
  63. „Nigeria vs Angola match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 2024-02-02.
  64. „DR Congo vs Guinea match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 2024-02-02.
  65. „Mali vs Côte d'Ivoire match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 2024-02-03.
  66. „Cape Verde vs South Africa match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 2024-02-03.
  67. „Nigeria vs South Africa match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 2024-02-07.
  68. „Côte d'Ivoire vs DR Congo match Report“. Global Sports Archive. 7 February 2024. Посетено на 7 February 2024.
  69. „South Africa vs DR Congo match Report“. globalsportsarchive.com. Посетено на 2024-02-10.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]