Вилијам Трост-Еконг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вилијам Трост-Еконг
William troostekong-1439281002.jpg
Лични податоци
Полно име Вилијам Пол Трост-Еконг
Роден на 1 септември 1993 (1993-09-01) (29 г.)
Роден во Харлем, Холандија
Држава Нигерија Нигерија
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Вотфорд Вотфорд
Број 5
Младинска кариера
Фулам Фулам
Тотенхем Тотенхем
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2015 Гронинген Гронинген 2 (0)
2014-2015Дордрехт Дордрехт 32 (0)
2015-2017 Гент Гент 3 (0)
2015-2016Хаугесунд Хаугесунд 37 (3)
2017-2018 Бурсаспор Бурсаспор 28 (3)
2018-2020 Удинезе Удинезе 65 (0)
2020- Вотфорд Вотфорд 48 (1)
Репрезентација
2011 Холандија Холандија 19 1 (0)
2013 Холандија Холандија 20 2 (0)
2016 Нигерија Нигерија 23 6 (0)
2015- Нигерија Нигерија 55 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23 април 2021.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 23 април 2021

Вилијам Трост-Еконг (роден на 1 септември 1993 година, во Харлем) — нигериски фудбалер роден во Холандија, играч од одбраната на Вотфорд и на нигериската репрезентација.

Роден во Холандија, тој е од мешано холандско и нигериско семејство, па имал право да игра за двете земји на репрезентативно ниво. И покрај тоа што играл за младите селекции на Холандија, во 2015 година тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на Нигерија и оттогаш е стандарден репрезентативец на оваа земја.

Биографија[уреди | уреди извор]

Билијам Трост-Еконг е роден во Харлем, Холандија, од мајка холанѓанка, Елеанор Трост и татко нигериец. Тој има сестра и брат, Емили и Еверест. Вилијам израснал во Харлем, и потоа во Лондон каде учел средно училиште, но летата ги поминувал во Лагос каде што татко му се вратил по разводот со неговата мајка.[1] Тој започнал да игра фудбал за време на периодот кога престојувал во Англија.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Централен одбранбен играч многу силен физички и добар во играта во воздухот, тој е вешт во одбранбени зафати и во поставување на маневри.[2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Својата кариера ја започнал во Англија каде играл во младинските категории на Фулам и Тотенхем,[3] пред да се врати во Холандија каде дебитирал како сениор играјќи за Гронинген и Дордрехт.[4][5]

Откако бил поврзан со трансфер во многу екипи меѓу кои и Селтик,[3] тој потпишал за белгискиот клуб Гент во јули 2015 година и веднаш бил позајмен на норвешкиот клуб Хаугесунд.[6] Во норвешката екипа, тој се покажал како многу значаен играч за клубот помагајќи му да обезбеди опстанок во неговата прва сезона. Во февруари 2016, тој бил назначен за капитен на Хаугесунд и го водел својот тим до четвртата позиција во првенството на крајот на сезоната и пласман во Лигата на Европа.

Во јануари 2017, Трост-Еконг се вратил во Гент, но откако не успеал да се избори за поголема минутажа бил продаден на турската екипа Бурсаспор во јули истата година.[7] Во Турција се задржал само една сезона во која на 27 натпревари во првенството постигнал 2 гола.

На 17 август 2018, Трост-Еконг станал нов играч на екипата на Удинезе,[8][9] со која дебитирал во италијанската Серија А само два дена подоцна во ремито 2-2 против Парма. Во двете сезони поминати во дресот на Зебрете под водството на Лука Готи, тој бил стандарден првотимец забележувајќи 65 настапи за клубот и помагајќи му да оствари некој незаборавни победи како оние над Милан и Јувентус.

На 29 септември 2020, Трост-Еконг потпишал петгодишен договор со екипата на Вотфорд.[10] Тој го постигнал својот прв гол за стршлените во победата со 3–2 над Ковентри Сити на 7 ноември 2020 година.[11] Во својата прва сезона во клубот, со 32 настапи и 1 гол во првенството, тој му помогнал на Вотфорд да избори промоција во Премиер лигата за следната сезона.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Трост-Еконг со Нигерија во 2017 против Аргентина.

И покрај тоа што ја претставувал Холандија во селекциите под 19 и под 20 години,[3] Трост-Еконг сепак одбрал да ја претставува Нигерија.

Своето деби за Super Eagles го направил на 13 јуни 2015, играјќи 90 минути во квалификациите за Африканскиот куп на нации против Чад.[12]

Тој направил три настапи за сениорската екипа, пред да биде повикан во Нигериската олимписка репрезентација за Летните олимписки игри 2016 во Рио.[13]

Во јуни 2018, тој бил повикан во 23-члениот состав на Нигерија за Светското првенство 2018 во Русија.[14] Ги одиграл сите три натпревари на својата земја во групната фаза.

Во април 2019, тој изјавил дека играњето за Нигерија била "неговата најдобра одлука во животот".[15] Во јуни 2019, тој бил повикан да ја претставува Нигерија на Африканскиот куп на нации,[16] каде тој го постигнал победничкиот гол против Јужна Африка во 89-тата минута овозможувајќи и на својата репрезентација да мине во полуфиналето и на крајот да го освои третото место.

На почетокот на 2022 година, тој повторно бил повикан од својата земја да учествува на Африканскиот куп на нации, за вторпат во својата кариерата. На 19 јануари 2022, тој го постигнал вториот погодок за Нигерија во победата со 2-0 над Гвинеја-Бисао, помагајќи им на Super Eagles да го освојат првото место во групата со максимален број на бодови.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Нигерија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
13-6-2015 Кадуна Нигерија Нигерија 2 – 0 Чад Чад Квал. за АФКОН 2017 -
5-9-2015 Дар ес Салам Танзанија Танзанија 0 – 0 Нигерија Нигерија Квал. за АФКОН 2017 -
8-10-2015 Визе Нигерија Нигерија 0 – 2 Конго Конго Пријателска -
27-5-2016 Ле Пети-Кевији Нигерија Нигерија 1 – 0 Мали Мали Пријателска -
31-5-2016 Луксембург Луксембург Луксембург 1 – 3 Нигерија Нигерија Пријателска - заменет 70'
3-9-2016 Ујо Нигерија Нигерија 1 – 0 Танзанија Танзанија Квал. за АФКОН 2017 -
9-10-2016 Ндола Замбија Замбија 1 – 2 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2018 -
12-11-2016 Ујо Нигерија Нигерија 3 – 1 Алжир Алжир Квал. за СП 2018 -
23-3-2017 Лондон Нигерија Нигерија 1 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска -
1-6-2017 Saint-Leu-la-Forêt Нигерија Нигерија 3 – 0 Того Того Пријателска -
10-6-2017 Ујо Нигерија Нигерија 0 – 2 Јужна Африка Јужна Африка Квал. за АФКОН 2019 -
1-9-2017 Ујо Нигерија Нигерија 4 – 0 Камерун Камерун Квал. за СП 2018 -
4-9-2017 Јаунде Камерун Камерун 1 – 1 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2018 -
7-10-2017 Ујо Нигерија Нигерија 1 – 0 Замбија Замбија Квал. за СП 2018 -
10-11-2017 Константин Алжир Алжир 1 – 1 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2018 -
14-11-2017 Краснодар Аргентина Аргентина 2 – 4 Нигерија Нигерија Пријателска -
23-3-2018 Вроцлав Полска Полска 0 – 1 Нигерија Нигерија Пријателска - Captain sports.svg
27-3-2018 Лондон Нигерија Нигерија 0 – 2 Србија Србија Пријателска -
28-5-2018 Порт Харкурт Нигерија Нигерија 1 – 1 ДР Конго ДР Конго Пријателска 1
2-6-2018 Лондон Англија Англија 2 – 1 Нигерија Нигерија Пријателска -
6-6-2018 Швехат Нигерија Нигерија 0 – 1 Чешка Чешка Пријателска -
16-6-2018 Калининград Хрватска Хрватска 2 – 0 Нигерија Нигерија СП 2018 - Прва фаза - добил жолт картон во 70-тата минута 70'
22-6-2018 Волгоград Нигерија Нигерија 2 – 0 Исланд Исланд СП 2018 - Прва фаза -
26-6-2018 Санкт Петербург Нигерија Нигерија 1 – 2 Аргентина Аргентина СП 2018 - Прва фаза -
13-10-2018 Кадуна Нигерија Нигерија 4 – 0 Либија Либија Квал. за АФКОН 2019 - добил жолт картон во 84-тата минута 84'
16-10-2018 Сфакс Либија Либија 2 – 3 Нигерија Нигерија Квал. за АФКОН 2019 -
17-11-2018 Јоханесбург Јужна Африка Јужна Африка 1 – 1 Нигерија Нигерија Квал. за АФКОН 2019 -
20-11-2018 Асаба Нигерија Нигерија 0 – 0 Уганда Уганда Пријателска - влегол во игра 46'
23-3-2019 Асаба Нигерија Нигерија 3 – 1 Сејшели Сејшели Квал. за АФКОН 2019 -
26-3-2019 Асаба Нигерија Нигерија 1 – 0 Египет Египет Пријателска - Captain sports.svg
8-6-2019 Асаба Нигерија Нигерија 0 – 0 Зимбабве Зимбабве Пријателска - влегол во игра 46'
16-6-2019 Исмаилија Сенегал Сенегал 1 – 0 Нигерија Нигерија Пријателска -
22-6-2019 Алесандрија Нигерија Нигерија 1 – 0 Бурунди Бурунди АФКОН 2019 - Прва фаза -
30-6-2019 Алесандрија Мадагаскар Мадагаскар 2 – 0 Нигерија Нигерија АФКОН 2019 - Прва фаза -
6-7-2019 Алесандрија Нигерија Нигерија 3 – 2 Камерун Камерун АФКОН 2019 - Осминафинале -
10-7-2019 Каиро Нигерија Нигерија 2 – 1 Јужна Африка Јужна Африка АФКОН 2019 - Четвртфинале 1
14-7-2019 Каиро Алжир Алжир 2 – 1 Нигерија Нигерија АФКОН 2019 - Полуфинале -
17-7-2019 Каиро Тунис Тунис 0 – 1 Нигерија Нигерија АФКОН 2019 - за 3. место -
10-9-2019 Днипропетровск Украина Украина 2 – 2 Нигерија Нигерија Пријателска - заменет 87'
13-10-2019 Сингапур Бразил Бразил 1 – 1 Нигерија Нигерија Пријателска - Captain sports.svg
13-11-2019 Ујо Нигерија Нигерија 2 – 1 Бенин Бенин Квал. за АФКОН 2021 - Captain sports.svg
17-11-2019 Масеру Лесото Лесото 2 – 4 Нигерија Нигерија Квал. за АФКОН 2021 - Captain sports.svg
9-10-2020 Клагенфурт Нигерија Нигерија 0 – 1 Алжир Алжир Пријателска - Captain sports.svg добил жолт картон во 27-мата минута 27'
13-11-2020 Бенин Сити Нигерија Нигерија 4 – 4 Сиера Леоне Сиера Леоне Квал. за АФКОН 2021 -
17-11-2020 Фритаун Сиера Леоне Сиера Леоне 0 – 0 Нигерија Нигерија Квал. за АФКОН 2021 -
27-3-2021 Котону Бенин Бенин 0 – 1 Нигерија Нигерија Квал. за АФКОН 2021 -
30-3-2021 Абеоукта Нигерија Нигерија 3 – 0 Лесото Лесото Квал. за АФКОН 2021 - Captain sports.svg добил жолт картон во 90-тата минута 90'
4-6-2021 Винер Нојштат Нигерија Нигерија 0 – 1 Камерун Камерун Пријателска - Captain sports.svg заменет 90'
3-9-2021 Лагос Нигерија Нигерија 2 – 0 Либерија Либерија Квал. за СП 2022 - Captain sports.svg
7-10-2021 Лагос Нигерија Нигерија 0 – 1 Централноафриканска Реп. Централноафриканска Реп. Квал. за СП 2022 -
10-10-2021 Банги Централноафриканска Реп. Централноафриканска Реп. 0 – 2 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2022 -
13-11-2021 Монровија Либерија Либерија 0 – 2 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2022 - Captain sports.svg
16-11-2021 Лагос Нигерија Нигерија 1 – 1 Зелен ’Рт Зелен ’Рт Квал. за СП 2022 - Captain sports.svg
11-1-2022 Гаруа Нигерија Нигерија 1 – 0 Египет Египет АФКОН 2021 - Прва фаза - Captain sports.svg
15-1-2022 Гаруа Нигерија Нигерија 3 – 1 Судан Судан АФКОН 2021 - Прва фаза -
19-1-2022 Гаруа Гвинеја-Бисао Гвинеја-Бисао 0 – 2 Нигерија Нигерија АФКОН 2021 - Прва фаза 1
Вкупно Настапи 56 Голови 3

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 21 јануари 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013-јан. 2014 Холандија Гронинген ЕД 2 0 КХ 0 0 - - - - - - 2 0
јан.-јун. 2014 Холандија Дордрехт ЕД 10+1[17] 0 КХ - - - - - - - - 11 0
2014-2015 ЕД 22 0 КХ 1 0 - - - - - - 23 0
Вкупно Дордрехт 32+1 0 1 0 - - - - 34 0
јул.-дек. 2015 Норвешка Хаугесунд Е 13 0 КН - - - - - - - - 13 0
2016 Е 24 3 КН 4 1 - - - - - - 28 4
Вкупно Хаугесунд 37 3 4 1 - - - - 41 4
јан.-јун. 2017 Белгија Гент ПЛ 3+5[17] 0 КБ - - ЛЕ 0 0 - - - 8 0
2017-2018 Турција Бурсаспор СЛ 27 2 КТ 4 0 - - - - - - 31 2
јул.-авг. 2018 СЛ 1 1 КТ - - - - - - - - 1 1
Вкупно Бурсаспор 28 3 4 0 - - - - 32 3
2018-2019 Италија Удинезе А 35 0 КИ - - - - - - - - 35 0
2019-2020 А 30 0 КИ 1 0 - - - - - - 31 0
Вкупно Удинезе 65 0 1 0 - - - - 66 0
2020-2021 Англија Вотфорд ФЛЧ 32 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 33 1
2021-2022 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 0 0
Вкупно во кариерата 205 7 11 1 0 0 - - 216 8

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Alex Cizmic (16 октомври 2019). „La favola di Troost-Ekong, il gigante multietnico della difesa“. Avvenire.
  2. „William Paul Ekong è bianconero“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 „Celtic eye Groningen defender William Troost-Ekong“. The Scotsman. 12 March 2015. Посетено на 28 July 2015.
  4. Вилијам Трост-Еконг на soccerway . Retrieved 28 July 2015.
  5. „Profile“ (холандски). Voetbal International. Посетено на 28 July 2015.
  6. Oluwashina Okeleji (28 July 2015). „Nigerian defender William Troost-Ekong joins Gent“. BBC Sport. Посетено на 28 July 2015.
  7. „Bursaspor Kulübü Resmi İnternet Sitesi“. www.bursaspor.org.tr (турски). Посетено на 8 July 2017.
  8. „Calciomercato Udinese, Troost-Ekong nuovo difensore: è ufficiale | Goal.com“. Посетено на 28 август 2018.
  9. „Calciomercato Udinese, presentato Troost-Ekong: «Naturale per me essere un leader»“. Посетено на 28 август 2018.
  10. „Troost-Ekong Joins Watford“. MySportDab. 30 September 2020. Посетено на 30 September 2020.
  11. „Watford 3-2 Coventry“. BBC. 7 November 2020. Посетено на 7 November 2020.
  12. Предлошка:Nft/code
  13. Oluwashina Okeleji (24 June 2016). „Kelechi Iheanacho included in Nigeria's Olympics squad“. BBC Sport. Посетено на 25 June 2016.
  14. Crawford, Stephen (4 June 2018). „Revealed: Every World Cup 2018 squad - Final 23-man lists“. Goal. Посетено на 16 July 2019.
  15. „William Troost-Ekong: 'Playing for Nigeria best decision ever'. BBC Sport. 6 April 2019.
  16. „Nigeria: Super Eagles' Team List for Afcon 2019“. Vanguard (Nigeria). All Africa. 11 June 2019. Посетено на 21 July 2019.
  17. 17,0 17,1 Nei play-off.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]