Бертран Траоре
Бертран Траоре | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 6 септември 1995 | ||
Роден во | Бобо Диуласо[1], Буркина Фасо | ||
Држава | Буркина Фасо | ||
Висина | м | 1,81||
Позиција | крило, напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Виљареал | ||
Број | 25 | ||
Младинска кариера | |||
АСФ Бобо | |||
Осер | |||
Челси | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014–2017 | Челси | 10 | (2) |
2014–2015 | → Витесе | 42 | (16) |
2016–2017 | → Ајакс | 24 | (9) |
2017–2020 | Олимпик Лион | 87 | (21) |
2020–2024 | Астон Вила | 54 | (9) |
2022–2023 | → Истанбул Башакшехир | 12 | (2) |
2024– | Виљареал | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2009-2011 | Буркина Фасо 17 | 8 | (4) |
2011- | Буркина Фасо | 78 | (20) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Бертран Исидор Траоре (роден на 6 септември 1995, во Бобо Диуласо) — е фудбалер од Буркина Фасо, крило или напаѓач на Виљареал и на репрезентацијата на Буркина Фасо.
Биографија
[уреди | уреди извор]Бертран е син на Феу Траоре, кој исто така бил фудбалер. Неговиот татко кој играл за Расинг Клуб Бобо и ја претставувал репрезентацијата на Буркина Фасо има четири деца, а Бертран е најмладиот од нив.[1] Неговиот постар брат, Ален Траоре, исто така е професионален фудбалер,[1] додека неговиот братучед Ласина Траоре, во моментов е напаѓач на Шахтар Донецк.[2]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци
[уреди | уреди извор]Траоре ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на АСФ Бобо. Во 2009 година, тој се преселил во младинскиот сектор на францускиот клуб Осер, каде останал една година. Во август 2010 година, тој се приклучил на академијата на Челси;[3][4] сепак, трансферот не бил комплетиран се до 2013 година.
Во јануари 2011 година, Траоре сè уште немал потпишано за Челси,[5] а во јануари 2012 година, клубот издал соопштение дека Траоре никогаш не бил играч на Челси, туку само еднаш се појавил за младинскиот тим на клубот на пријателски натпревар како дел од шестнеделниот пробен период претходно во сезоната.[6] На 17 јули 2013 година, сепак, тој го направил своето деби, како играч на проба, играјќи во претсезонскиот пријателски натпревар против Синга Ол Старс.[7]
Челси
[уреди | уреди извор]На 31 октомври 2013 година, Траоре официјално потпишал четири ипол годишен договор со Челзи.[8][9] Тој потпишал договор со сениорскиот тим на Челси во декември 2013 година, а трансферот го комплетирал на 1 јануари 2014 година.[10][11]
Заемот во Витесе
[уреди | уреди извор]На 2 јануари 2014 година, Траоре бил испратен на заем во екипата на Витесе член на холандската Ередивиси лига.[12] На 26 јануари, тој го направил своето деби, влегувајќи во 67-мата минута на местото на друг позајмен играч од Челси, Лукас Пиазон. На 29 март 2014 година, Траоре го постигнал својот прв гол, против Херенфен; тој го заменил Мајк Хавенар на полувремето, а во 67-мата минута го постигнал вториот гол за Витесе на натпреварот, на асистенција на уште еден позајмен играч од Челси, Кристијан Атсу.[13] На 6 април, Траоре го постигнал својот втор гол за сезоната на домашен атпревар против Ајакс во натпревар кој завршил нерешено 1–1.[14] Шест дена подоцна, тој го постигнал својот трет и последен гол за Витесе во сезоната 2013-2014, во поразот со 4-3 на гостувањето кај Камбур.[15] Сезоната ја завршил со 15 настапи и 3 гола.
На 7 јули 2014 година, било потврдено дека Траоре ќе остане во Витесе на позајмица и за сезоната 2014–2015.[16] Својот прв гол за сезоната го постигнал во победата со 4–1 над Вилем II на 18 октомври.[17] Тој првенствено играл како десно крило за време на неговата прва позајмица во Витесе како и на почетокот на новата сезона во клубот, но во средината на декември, тренерот Петер Бош се одлучил да направи промена и да го премести Траоре од десната страна во осамен напаѓач на врвот од нападот, што довело до тоа младиот играч да го младиот играч да започне да постигнува повеќе голови. Првиот од серијата голови играјќи како напаѓач го постигнал на 14 декември во ремито 1-1 против Гронинген.[18] Во следните натпревари Траоре постигнал два гола против Ајакс во победата со 4-0 на Амстердам Арена во Купот на Холандија,[19] а потоа три дена подоцна додал уште два гола во мрежата на Хераклес Алмело во победата со 3–0 во првенството.[20] Траоре продолжил да биде ефикасен и во вториот дел од сезоната 2014-2015, која ја завршил со 13 гола во 29 настапи во Ередивиси.
Враќање во Челси и настапите за првиот тим
[уреди | уреди извор]На 22 јуни 2015 година, Траоре добил работна дозвола да игра за Челси и се вратил во клубот пред почетокот на сезоната 2015-2016.[21] Тој го добил дресот со број 14, кој претходно го носел Андре Ширле. На 16 септември, Траоре го направил своето деби за Челси во победата со 4-0 над Макаби Тел Авив во Лигата на шампионите, влегувајќи како замена за Рубен Лофтус-Чик во 77-мата минута.[22] Своето деби во Премиер лигата го имал на 5 декември, играјќи ги последните седум минути во поразот на домашен терен од Борнмут (0-1).[23]
Траоре постигнал четири гола на пет натпревари на почетокот на 2016 година. На 31 јануари 2016 година, Траоре го постигна својот прв гол за Челси во победата со 5–1 над Милтон Кинс Донс во ФА Купот, запишувајќи се во листата на стрелците само пет минути по влегувањето на местото на Диего Коста.[24] Две недели подоцна, откако повторно го заменил Коста, тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во натпревар што завршил со истиот резултат против Њукасл Јунајтед.[25] Коста одморал пред натпреварот во Лигата на шампионите, а Траоре добил шанса од почетокот во домашниот натпревар од Премиер лигата против Стоук Сити и постигнал гол од 18 метри за да го отвори резултатот во ремито 1-1, но неговиот настап бил опишан како „измешан“ поради „неуспехот да ја контролира топката во шеснаесетникот во неколку наврати и непотребно да биде фатен во офсајд“.[26] Вкупно за Челси за време на сезоната 2015-2016 одиграл 16 натпревари и постигнал 4 гола.
Заемот во Ајакс
[уреди | уреди извор]На 12 август 2016 година, Траоре потпишал нов тригодишен договор со Челси, пред да му се приклучи на Ајакс на позајмица до крајот на сезоната 2016-2017, која одново го обединила со тренерот Петер Вос, кој го тренирал во Витесе.[27] Следниот ден, Траоре го направил своето деби во лигата, влегувајќи од клупата на местото на Каспер Долберг во ремито 2–2 на домашен терен против Рода.[28] На 16 август, Траоре го направил својот прв старт во натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите против Ростов, што завршил нерешено 1-1.[29]
На 15 септември, Траоре го постигнал својот прв гол за Ајакс во натпревар од групната фаза на Лига Европа против Панатинаикос.[30] Нешто повеќе од една недела подоцна, тој го постигнал својот прв првенствен гол во победата со 5-1 над ПЕК Зволе.[31] На 3 ноември 2016 година, Бос го критикувал Траоре во едно интервју во кое изјави дека „нема ништо лошо во неговиот став, но неговата форма не е добра“.[32] На 8 април 2016, постигнал два гола во победата со 5-1 на гостувањето кај НЕК. Траоре постигнал четири гола во Лига Европа, вклучувајќи два гола во првиот натпревар од полуфиналето против Олимпик Лион; Ајакс стигнале до финалето каде што загубиле од Манчестер Јунајтед со 2–0, а Траоре го одиграл целиот натпревар.
За време на сезоната 2016-2017, Траоре одиграл вкупно 38 натпревари во сите натпреварувања за Ајакс и постигнал 13 гола.
Олимпик Лион
[уреди | уреди извор]На 26 јуни 2017 година, Траоре потпишал петгодишен договор со екипата од француската Лига 1, Олимпик Лион, кој му платил обесштетување на Челси од 10 милиони евра за неговите услуги.[33][34][35] Според договор, Челси имале право за враќање на играчот доколку ја исплатат договорената откупна клаузула и го задржале правото на 15 отсто од сумата што би ja добил Лион како надоместок доколку го продаде Траоре во иднина.[36]
Во својата прва сезона во Франција, Траоре формирал напаѓачко трио со Маријано Дијас и Мемфис Депај, во кое сите тројца постигнале двоцифрен број голови во првенството.[37] Дебитирал за Лион на 5 авгсут 2017, во победата со 4-0 над Стразбур, а својот прв погодок го постигнал на 19 истиот месец, во ремито 3-3 на домашен терен против Бордо. Тој бил надвор од терените поради повреда на лигаментите на коленото од ноември 2017 до јануари 2018, кога се вратил и постигнал гол од слободен удар за резервниот тим во поразот на домашен терен со 3-2 од Шилтигем во четврто ниво.[38] На 18 февруари 2018, тој постигнал два гола против Лил во ремито 2-2 на Стад Пјер-Моруа. Првата сезона во Лион ја завршил со 13 погодоци во Лига 1 и уште 4 во Лига Европа.
Следната сезона, тој постигнал два гола со кој му помогнал на Лион да победи со 4-2 во дербито против Олимпик Марсеј.[39] На 23 октомври 2018, Траоре го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите, во натпреварот против Хофенхајм во групната фаза што завршил нерешено 3-3.[40]
Во финалето на Лига купот на Франција на 31 јули, што ќе се испостави и како последниот натпревар во ова натпреварување, Траоре бил единствениот играч кој промашил удар од белата точка во пенал рулетот, со што му овозможил на Париз Сен Жермен да победи со 6–5 по изведување на пенали откако претходно натпреварот завршил без голови; неговиот удар бил одбранет од Кејлор Навас.[41]
Астон Вила
[уреди | уреди извор]На 19 септември 2020 година, Траоре се вратил во Премиер лигата на Англија, потпишувајќи договор со Астон Вила.[42] Износот на трансферот не бил објавен, но се верува дека ја чинел Вила околу 17 милиони фунти.[43] Тој постигнал гол на своето деби пет дена подоцна, во победата со 3–0 на гости во Лига купот против Бристол Сити.[44] Своето деби во Премиер лигата за Астон Вила го направил на 28 септември, влегувајќи како замена во второто полувреме во победата со 3-0 на гости над Фулам. На 20 декември, тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата после четири години од неговиот претходен во победата со 3–0 на гостински терен над локалниот ривал Вест Бромвич Албион.[45] На 23 мај 2021 година, во последното коло од сезоната во Премиер лигата, Траоре го постигнал првиот гол на Вила Парк со присутни навивачи од почетокот на пандемијата на КОВИД-19 во победата со 2–1 над неговиот поранешен клуб Челси, во која изнудил и пенал што го реализирал Анвар Ел Гази.
Откако во сезоната 2021-2022, поради повреди Траоре одиграл само 10 натпревари за Астон Вила, на 22 август 2022 година, Траоре бил позајмен на една година на турскиот Истанбул Башакшехир со цел да се врати во форма. Дебитирал во турското првенство на 3 септември, забележувајќи асистенција за вториот гол на Истанбул во победата со 2-0 над Аланијаспор на домашен терен. Осум дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за клубот, носејќи му победа од 1-0 на гостувањето кај Бешикташ во првенството, а одличната форма во септември ја потврдил со уште еден погодок во победата со 3-0 на домашен терен над Фјорентина во Лигата на конференции на 15 септември.
И покрај оптимистичкиот почеток, неговата авантура во Турција била кратка и неславна бидејќи на крајот од јануари тој се вратил во Астон Вила, откако претходно на почетокот на месецот претрпел повреда на коленото.[46] На 4 април 2023 година, тој го постигнал својот прв гол за Вила по речиси две години, влегувајќи како доцна замена и постигнувајќи го победничкиот погодок во успехот со 2-1 на гостински терен против Лестер Сити.[47] Четири дена подоцна, на 8 април 2023 година, тој повторно погодил, постигнувајќи го првиот гол за Вила во победата со 2–0 на домашен терен против Нотингем Форест.[48]
Во сезоната 2023-2024, Траоре одиграл само два натпревари во првиот дел од сезоната. На 12 јануари 2024 година, менаџерот Унаи Емери изјавил дека играчот е слободен да го напушти клубот.[49]
Виљареал
[уреди | уреди извор]На 1 февруари 2024 година, Траоре потпишал раскинување на договорот со Астон Вила, а потоа потпишал краткорочен шест-месечен договор со шпанскиот клуб Виљареал.[50]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Млади репрезентации
[уреди | уреди извор]Од младинските репрезентации на Буркина Фасо, Траоре играл за репрезентацијата под 17 години. Како член на оваа репрезентација, тој ја претставувал Буркина Фасо на Светското првенство 2009 во Нигерија со само 14 години, постигнувајќи и еден гол на турнирот во победата со 4-1 над Костарика во последното коло од групата.[51] Две години подоцна, тој бил во составот на Буркина Фасо за Африканското првенство под 17 години,[52] помагајќи и на репрезентацијата да го освои натпреварувањето после победата со 2-1 во финалето над Руанда.[53]
Сениорска репрезентација
[уреди | уреди извор]Своето деби за сениорската репрезентација на Буркина Фасо, Траоре го направил на 15-годишна возраст, играјќи во пријателскиот натпревар против Екваторска Гвинеја на 3 септември 2011 година.[54][55] Во 2012 година, тој бил повикан да учествува на Африканскиот куп на нации со само 16 години, а откако настапил во натпреварот против Судан од групната фаза, станал еден од најмладите играчи кој се појавиле во историјата на ова натпреварување.[56]
Траоре го постигнал својот прв гол за сениорската репрезентација на 14 август 2013 година, отворајќи го резултатот во победата од 2–1 на гостувањето против Мароко.[57] На Африкански куп на нации 2015, тој ги одиграл сите три натпревари на репрезентацијата во уште едно испаѓање во групната фаза.
На неговиот трет настап на континенталното првенство на Африка во Габон 2017, Траоре го постигнал и својот прв гол, во победата со 2-0 над Гвинеја Бисао во групната фаза.[58] Буркина Фасо стигнале до полуфиналето каде загубиле од Египет на пенали (каде токму тој бил еден од двајцата играчи на Буркина Фасо кои промашиле), а потоа во натпреварот за третото место ја совладале Гана со 1-0.
На Африканскиот куп на нации 2021, Траоре бил капитен на репрезентацијата. Буркина Фасо како втори, зад домаќинот Камерун, ја минале групната фаза и се пласирале во осминафиналето каде противник им бил Габон; Траоре во 28-мата минута го довел Буркина Фасо во водство, но Габон изедначил во судиското продолжение, па натпреварот бил решен по изведување пенали, а повеќе среќа имала репрезентацијата на Буркина Фасо која се пласирала во четвртфиналето. Таму, Траоре не можел да и помогне на својата репрезентација, но и без него Буркина Фасо го совладала Тунис и се пласирала во полуфиналето, каде како и пред четири години загубила но овојпат од Сенегал со 3-1.
На своето петто појавување на Африканскиот куп на нации, изданието во 2023 одржано во Брегот на Слоновата Коска, Траоре реализирал пенал длабоко во судиското продолжение за да му донесе победа на Буркина Фасо над Мавританија во првиот натпревар на турнирот. Во вториот натпревар од групата против Алжир, Траоре повторно се појавил од клупата и реализирал уште пенал за својата репрезентација во ремито 2-2. Откако неговата репрезентација минала натаму, во осминафиналето Траоре постигнал и трет гол од пенал на турнирот, но тој не бил доволен да се избегне поразот со 2-1 од Мали што значел елиминација за Буркина Фасо.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 17 јануари 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
јан.-јун. 2014 | Витесе | ЕД | 15 | 3 | КХ | 0 | 0 | ЛЕ[59] | - | - | - | - | - | 15 | 3 |
2014-2015 | ЕД | 33 | 14 | КХ | 3 | 3 | ЛЕ | - | - | - | - | - | 36 | 17 | |
Вкупно Витесе | 48 | 17 | 3 | 3 | - | - | - | - | - | 51 | 20 | ||||
2015-2016 | Челси | ПЛ | 10 | 2 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 2+0 | ЛШ | 2 | 0 | КШ | 0 | 0 | 16 | 4 |
2016-2017 | Ајакс | ЕД | 24 | 9 | КХ | 0 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 2+13 | 0+4 | - | - | - | 39 | 13 |
2017-2018 | Лион | Л1 | 31 | 13 | КФ+ЛКФ | 3+0 | 1+0 | ЛЕ | 9 | 4 | - | - | - | 43 | 18 |
2018-2019 | Л1 | 34 | 7 | КФ+ЛКФ | 4+2 | 1+2 | ЛШ | 8 | 1 | - | - | - | 48 | 11 | |
2019-2020 | Л1 | 23 | 1 | КФ+ЛКФ | 3+4 | 0+2 | ЛШ | 5 | 1 | - | - | - | 35 | 7 | |
Вкупно Лион | 88 | 21 | 16 | 6 | 22 | 6 | - | - | 115 | 33 | |||||
2020-2021 | Астон Вила | ПЛ | 36 | 7 | ФАКуп+ЛК | 0+2 | 0+1 | - | - | - | - | - | - | 38 | 8 |
2021-2022 | ПЛ | 9 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 10 | 0 | |
2022-јан. 2023 | Истанбул Башакшехир | СЛ | 12 | 2 | КТ | 0 | 0 | ЛК | 6 | 1 | - | - | - | 18 | 3 |
јан.-јун. 2023 | Астон Вила | ПЛ | 8 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 8 | 2 |
2023-2024 | ПЛ | 2 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | ЛК | 4[60] | 0 | - | - | - | 6 | 0 | |
Вкупно Астон Вила | 55 | 9 | 3 | 1 | 4 | 0 | - | - | 62 | 10 | |||||
Вкупно во кариерата | 226 | 60 | 32 | 13 | 43 | 10 | - | - | 309 | 85 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Bertrand Isodore Traoré, milieu offensif Etalons Cadets: La nouvelle perle du foot burkinabè“ (француски). MaliWeb. 4 February 2011. Архивирано од изворникот на 20 January 2016. Посетено на 21 September 2011.
- ↑ „Lassina Traore: From 'too fat' to Ajax's long-awaited Kluivert successor“. Goal. 30 May 2020. Посетено на 27 October 2020.
- ↑ „Chelsea told they have signed future superstar in Bertrand Traore“. Tribal Football. 12 August 2010. Архивирано од изворникот на 9 January 2012. Посетено на 21 September 2011.
- ↑ „Chelsea beat Manchester United to Cameroon starlet Bertrand Traore – report“. Goal.com. 12 August 2010. Посетено на 21 September 2011.
- ↑ Matthew Kenyon (22 January 2011). „Burkina youngster hopes to star for Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 21 September 2011.
- ↑ „Words on: African Cup of Nations“. Chelsea F.C. 18 January 2012. Архивирано од изворникот на 3 February 2019. Посетено на 7 July 2014.
- ↑ FINAL WHISTLE VERDICT: GOOD START | Pre-Season | Matches | Official Site | Chelsea Football Club Архивирано на 19 јули 2013 г.
- ↑ „TRAORE CONTRACT AGREED – News Article – News – Official Site – Chelsea Football Club“. Архивирано од изворникот на 16 February 2014.
- ↑ „Bertrand Traore: Chelsea to sign teenage Burkina Faso international“. BBC Sport. 31 October 2013. Посетено на 31 October 2013.
- ↑ „Traore Move Completed“. Chelsea F.C. 1 January 2014. Архивирано од изворникот на 3 January 2014. Посетено на 1 January 2014.
- ↑ „Bertrand Traore: Chelsea sign teenage Burkina Faso midfielder“. BBC Sport. 1 January 2014. Посетено на 2 January 2014.
- ↑ „Bertrand Traore comes, Kakuta and Hutchinson Leave at Vitesse“. Vitesse Arnhem. 2 January 2014. Посетено на 2 January 2014.
- ↑ „Vitesse 2–2 Heerenveen“. Soccerway. 29 March 2014.
- ↑ „Vitesse 1–1 Ajax“. Soccerway UK. 6 April 2014.
- ↑ „Cambuur 4–3 Vitesse“. Soccerway UK. 12 April 2014.
- ↑ „Traore continues Dutch loan“. Chelsea F.C. 7 July 2014. Посетено на 8 July 2014.
- ↑ „Willem II vs. Vitesse 1 – 4“. Soccerway. 18 October 2014.
- ↑ „Groningen vs. Vitesse 1 – 1“. Soccerway. 14 December 2014.
- ↑ „Ajax vs Vitesse 0 – 4“. Soccerway. 18 December 2014.
- ↑ „Vitesse vs Heracles 3 – 0“. Soccerway. 21 December 2014.
- ↑ „Chelsea's Bertrand Traoré finally granted work permit“. Dominic Fifield (The Guardian). 22 June 2015.
- ↑ „Chelsea 4–0 Maccabi Tel Aviv“. BBC Sport. 16 September 2015.
- ↑ Winton, Richard (5 December 2015). „Chelsea 0–1 Bournemouth“. BBC Sport. Посетено на 16 December 2015.
- ↑ „Milton Keynes Dons 1–5 Chelsea“. BBC Sport. 31 January 2016.
- ↑ Bevan, Chris (13 February 2016). „Chelsea 5–1 Newcastle United“. BBC Sport. Посетено на 14 February 2016.
- ↑ „Chelsea 1–1 Stoke City“. BBC Sport. 5 March 2016. Посетено на 5 March 2016.
- ↑ „New deal and loan for Traore“. Chelsea F.C. 12 August 2016.
- ↑ „Ajax vs. Roda JC 2 – 2 (8/13/16)“. 13 August 2016.
- ↑ „Ajax vs Rostov“. ESPN. 16 August 2016.
- ↑ „Panathinaikos vs. Ajax“. Soccerway. 15 September 2016. Посетено на 17 October 2016.
- ↑ „Ajax vs. PEC Zwolle“. Soccerway. 24 September 2016. Посетено на 17 October 2016.
- ↑ „Ajax manager Peter Bosz wants on-loan Chelsea striker to recapture form“. IB Times. 3 November 2016.
- ↑ „Traore transferred“. Chelsea Official Site. 26 June 2017. Посетено на 26 June 2017.
- ↑ „Lyon complete €10 million deal for Chelsea striker Bertrand Traore“. ESPN. 26 June 2017.
- ↑ „Bertrand Traoré joins Lyon from Chelsea after clubs agree £8.8m fee“. The Guardian. 26 June 2017.
- ↑ „Bertrand Traore joins Lyon: Chelsea reportedly included a buy-back clause and will profit in the future“. Daily Express. 27 June 2017.
- ↑ „In-form Memphis Depay stars again as Lyon win 5th straight“. NBC Sports. Associated Press. 14 April 2018. Посетено на 22 April 2020.
- ↑ Valentin, Olivier (14 January 2018). „OL - Traoré retrouve les terrains et marque avec la réserve“ [OL - Traoré returns to the pitch and scores for the reserves] (француски). Made in Foot. Посетено на 22 April 2020.
- ↑ „Lyon 4-2 Marseille: Bertrand Traore brace hands the hosts back to back wins after Florian Thauvin equalised“ (англиски). Dailymail. 23 септември 2018. Посетено на 17 јануари 2023.
- ↑ „Hoffenheim earn draw against Lyon with stoppage time goal“ (англиски). Eurosport. 23 октомври 2018. Посетено на 17 јануари 2024.
- ↑ „Paris St-Germain beat Lyon in French League Cup final for another treble“. BBC Sport. 31 July 2020. Посетено на 1 August 2020.
- ↑ „Villa announce Traore signing“. Aston Villa Official Site. 19 September 2020. Посетено на 19 September 2020.
- ↑ „Bertrand Traore: Aston Villa complete £17m signing of Lyon forward“. Sky Sports. 19 September 2020. Посетено на 19 September 2020.
- ↑ „Bristol City 0-3 Aston Villa“. BBC Sport. 24 September 2020. Посетено на 24 September 2020.
- ↑ Oludare, Shina (20 December 2020). „Bertrand Traore ends four-year Premier League wait with West Brom strike“. Goal. Посетено на 20 December 2020.
- ↑ „Bertrand Traoré recalled from loan“. Aston Villa Football Club. 31 January 2023. Посетено на 2023-01-31.
- ↑ „Leicester City v Aston Villa team news“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2023-04-04.
- ↑ „Villa close in on European spot with Forest win“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2023-04-08.
- ↑ Townley, John (2024-01-12). „Unai Emery namedrops two players who can leave Aston Villa“. Birmingham Live (англиски). Посетено на 2024-01-12.
- ↑ Fabrizio Romano (1 февруари 2024). „Bertrand Traore has just signed the termination of Aston Villa contract. Traore signs right now with Villarreal on six month contract“. Посетено на 2 февруари 2024.
- ↑
- Бертран Траоре – Профил на службената страница на ФИФА
- ↑ „Team sheet vs. Rwanda U17“ (PDF). Confederation of African Football. Посетено на 21 September 2011.
- ↑ „Stallions trample Wasps to win U17 Cup“. Confederation of African Football. 22 January 2011. Посетено на 21 September 2011.
- ↑ „Bertrand Traoré: "Drogba et Kalou m'ont bien accueilli lorsque je suis arrivé à Chelsea"“ [Bertrand Traoré: "Drogba and Kalou have welcomed me when I arrived at Chelsea"] (француски). 17 September 2011. Посетено на 21 September 2011.
- ↑ „Alain et Bertrand Traoré, le foot au coeur“ [Alain and Bertrand Traoré, football at heart] (француски). lyonne.fr. 7 September 2011. Посетено на 7 July 2014.
- ↑ „Sudan vs. Burkina Faso“. Soccerway. Global Sports Media. Посетено на 1 February 2012.
- ↑ „African friendly round-up report: Burkina Faso stun Morocco, as Egypt, Tunisia knock off opponents“. Goal.com. 15 August 2013. Посетено на 11 January 2014.
- ↑ „Guinea Bissau 0–2 Burkina Faso“. BBC Sport. 22 January 2017. Посетено на 22 April 2020.
- ↑ клубот испаднал во третото коло, што било пред доаѓањето на Траоре.
- ↑ вкучувајќи 1 настап во плејофот
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Бертран Траоре на soccerway
- Бертран Траоре на transfermerkt
- Бертран Траоре на whoscored
- Бертран Траоре на espn