Прејди на содржината

Автогол

Од Википедија — слободната енциклопедија

Автогол е ситуација во екипните спортови кога некој играч ќе постигне гол кој се бележи против неговата екипа. Ова обично се случува случајно и може да биде резултат на неуспешен обид на одбраната да го сопре противникот.

Во фудбалот, за автогол се смета постигант гол од еден играч кога тој ќе ја смести топката во голот кој го брани неговата екипа. Тоа вообичаено се случува кога еден играч се обидува да ја рачисти топката при што лошо ќе ја погоди и таа ќе заврши во голот кој го брани неговата екипа или во некоја друга ситуација во која играчот ќе го смени правецот. Во тој случај голот му се препишува на играчот кој го постигнал како автогол. Ако топката се одбие од играч кој го брани својот гол после удар на противничкиот играч и така го измами неговиот голмана и заврши во мрежата, тогаш голот може да се припише на двајцата играчи, во зависност од следново:

  • голот се препишува на играчот кој шутирал, ако топката и без контактот со одбранбениот играч би одела во рамките на голот, дури и ако голманот лесно би ја одбранил.
  • или голот ќе се карактеризира како автогол, ако одбранбениот играч целосно го промени правецот на топката, и наместо на друга страна таа ќе заврши во голот.

Историски гледано, во фудбалот, присуството на автоголот било пораспространето во 20 век, бидејќи прописите од тоа време ја идентификувале и неговата улога со минимални или незначителни отстапувања. Од 1998 година, благодарение на директивите на ФИФА ​​и УЕФА - применети за прв пат на Светското првенство 1998 во Франција, каде е нагласено дека за автоголови се сметаат само такви ситуации кога интервенцијата на одбранбениот играч е одлучувачка при упатување на топката во гол, која инаку била предодредена да излезе во аут.[1][2]

  1. „Autogol e risultati in bilico, è proprio uno strano Mondiale“. 15 јуни 1998.
  2. Antonello Capone (5 ноември 1998). „Tikhonov e Montero: gol e non autogol“. La Gazzetta dello Sport.