Фабио Коентрао
Фабио Коентрао | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Фабио Алешандре да Силва Коентрао[1] | ||
Роден на | 11 март 1988[1] | ||
Роден во | Вила до Конде, Португалија | ||
Држава | Португалија | ||
Висина | м[1] | 1,78||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 1 јули 2021 (33 г.) | ||
Младинска кариера | |||
1999–2006 | Рио Аве | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2005-2007 | Рио Аве | 29 | (5) |
2007-2011 | Бенфика | 52 | (2) |
2008 | → Насионал | 16 | (4) |
2008 | → Реал Сарагоса | 1 | (0) |
2009 | → Рио Аве | 16 | (3) |
2011-2018 | Реал Мадрид | 58 | (1) |
2015-2016 | → Монако | 15 | (3) |
2017-2018 | → Спортинг Лисабон | 25 | (1) |
2018-2019 | Рио Аве | 21 | (0) |
2020-2021 | Рио Аве | 13 | (2) |
Репрезентација | |||
2005 | Португалија 18 | 1 | (0) |
2006-2007 | Португалија 19 | 10 | (5) |
2007 | Португалија 20 | 7 | (4) |
2009 | Португалија 21 | 7 | (6) |
2009 | Португалија (олимп.) | 1 | (0) |
2009-2017 | Португалија | 52 | (5) |
Фабио Алешандре да Силва Коентраo (роден на 11 март 1988, во Вила до Конде) — поранешен португалски фудбалер, играч од одбраната.
Кариерата ја започнал во локалната екипа Рио Аве, но набрзо тој потпишал за Бенфика на возраст од само 19 години. Иако најпрво бил позајмуван во неколку екипи, тој подоцна станал важен член на првиот тим на Орлите, на позицијата лев бек. Во 2011 година, тој се преселил во Реал Мадрид, каде минал најголем дел од својата кариера. По две позајмици во Монако и Спортинг Лисабон, откако му завршил договорот со Реал Мадрид тој се вратил во неговиот прв клуб, Рио Аве, каде и ја завршил кариерата во 2021 година.
Коентрао бил репрезентативец на Португалија осум години и ја претставувал својата земја на две Светски првенства (2010 и 2014) и на Европското првенство 2012.
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]Својата кариера ја започнал како крило, но подоцна бил прераспореден како лев бек, што станала неговата главна позиција во текот на неговата кариера.[2]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Рио Аве
[уреди | уреди извор]Роден во Вила до Конде, Коентрао израснал во рибарската населба Каксинас, како и неговите долгогодишни соиграчи од репрезентацијата Бруно Алвеш и Елдер Постига.[3] Тој му се приклучил на клубот од неговиот роден град, Рио Аве, во 2004 година на 16-годишна возраст, и одиграл три натпревари во Примеира лига во следната сезона, но клубот испаднал на крајот од сезоната.[4] Во сезоната 2006–2007 тој се наметнал како прв избор, додека Рио Аве за малку не успеал да избори промоција назад во најсилната португалска лига, но постигнале добар пласман во Купот на Португалија, каде биле елиминирани од Спортинг Лисабон во петтото коло со 2–1 во Лисабон;[5] додека играл за Рио Аве, тој го добил прекарот "Фиго од Каксинас".[6]
По таа сезона, во која бил избран за играч кој направил пробив на годината во дивизијата,[7] многу клубови покажале интерес за Коентрао, вклучително и гигантите Спортинг и Бенфика, при што тој избрал да им се приклучи на вторите во јули 2007 година. Неговиот стил на игра бил спореден со оној на Арјен Робен од World Soccer, во изданието 50 светски таленти од 2007 година.
Бенфика
[уреди | уреди извор]Играјќи само 7 пати за Бенфика во првиот дел од сезоната 2007-2008, на 1 јануари 2008 година, Коентрао му се приклучил Насионал од Мадеира, на позајмица до крајот на сезоната.[8] На 3 мај, тој постигнал два гола во победата со 3-0 на гости кај веќе крунисаниот шампион во лигата, Порто.[9]
Во летото 2008 година, Коентрао преминал во Реал Сарагоса, клуб кој се натпреварувал во шпанската Сегунда Дивисион, по неодамнешното испаѓање од елитната дивизија на земјата.[10] Откако речиси немал никакви настапи за време на сезоната со Сарагоса,[11] тој се вратил во Португалија и во неговиот прв клуб Рио Аве во јануари 2009 година, повторно како позајмен од Бенфика.[12] На 15 февруари, тој постигнал гол со соло акција, во поразот од Порто со 3-1.[13]
Коентрао го продолжил договорот со Бенфика до 2015 година, кон крајот на октомври 2009, со ослободителна клаузула од 30 милиони евра.[14] На 2 декември, откако играл неколку натпревари како лев бек, тој го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања, против БАТЕ Борисов од Белорусија во победата со 2-1 на гости во групната фаза на Лига Европа.[15]
На 10 февруари 2010 година, Бенфика продала 20% од економските права на Коентрао за секој иден трансфер на сопственик на третата страна, наречена Фонд на ѕвезди на Бенфика, заедно со другите соиграчи. Тој бил проценет на 15 милиони евра, а фондот платил 3 милиони евра.[16] Во текот на таа сезона, тој ја имал годината на пробив во првиот тим на Бенфика, настапувајќи во вкупно 45 натпревари на кои постигнал 3 гола и помогнал клубот да ги освои првенството и Лига купот.[17]
На 27 септември 2010 година, веќе целосно утврден како стартер во неговиот клуб и во репрезентацијата, 22-годишниот Коентрао ја обновил својата врска со Бенфика до 2016 година.[18][19] На 2 ноември, тој за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар за Бенфика, во победата со 4-3 на домашен терен над Олимпик Лион во групната фаза на Лигата на шампионите.[20]
Реал Мадрид
[уреди | уреди извор]На 5 јули 2011 година, по опсежни преговори, Бенфика и Реал Мадрид постигнале договор околу трансферот на Коентрао, кој истиот ден потпишал шестгодишен договор со Реал.[21][22] Сумата на трансферот изнесувала 30 милиони евра, плус Есекиел Гарај кој заминал во спротивна насока како дел од договорот.[23] Неговите први два официјални натпревари биле против Барселона во Суперкупот на Шпанија: во првиот натпревар, тој влегол како замена за Сами Хедира во второто полувреме од ремито 2–2 на домашен терен и играл како дефанзивен играч за врска, а тој започнал како лев бек во вториот натпревар, во кој кралевите загубиле со 3-2 на Камп Ноу.[24]
Своето деби во шпанското првенство Коентрао го направил на 28 август 2011 година, во натпреварот против неговиот поранешен клуб Сарагоса, кој завршил со победа на неговиот тим од 6-0, играјќи (ги сите 90 минути) како централен играч од средниот ред.[25] Иако главно играл на овие позиции, сепак од страна на тренерот Жозе Мурињо тој бил поставен и како десен бек, за време на натпреварот против Спортинг Хихон на 3 декември,[26] но и против Барселона следната недела.[27] Во првата сезона во Реал, тој ја освоил лигата со клубот, за која Коентрао придонел со 20 настапи.
Во последните минути од вториот натпревар на Реал во Примера Дивисион 2012–2013, Коентрао добил црвен картон откако го навредувал судијата Перес Ласа додека бил на клупата за резерви, во поразот со 2–1 од Хетафе. Тој потоа добил суспензија од четири натпревари.[28] Коентрао го постигнал својот прв гол за Реал Мадрид на 16 декември 2012 година, по додавањето на сонародникот Кристијано Роналдо за да им помогне на домаќините да дојдат во пресврт против Еспањол, но сепак на крајот натпреварот завршил нерешено 2–2.[29]
На 2 септември 2013, Манчестер Јунајтед испратил доцна понуда за заем на Коентрао во последниот ден од трансферниот прозорец. Понудата била прифатена од шпанците, но договорот пропаднал кога тие не успеале да обезбедат замена во името на Гилерме Сикеира од Гранада, кој потоа се приклучил на Бенфика на позајмица.[30] Коентрао ја започнал акцијата што довела до победничкиот гол на Гарет Бејл во успехот со 2–1 над Барселона во финалето на Купот на Шпанија.[31] Тој, исто така, ги започнал двата натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите против бранителот на титулата Бајерн Минхен, во кое Реал Мадрид славел со убедливи вкупни 5-0 на патот кон нивната десетта европска титула во натпреварувањето, позната како La Décima (превод на мак. Десеттата).[32]
Сè уште под раководство на тренерот Карло Анчелоти, Коентрао бил користен многу малку во сезоната 2014–2015 главно поради повреди,[33] запишувајќи само пет натпревари во почетната постава од вкупно девет настапи. На 26 август 2015 година, Коентрао заминал на позајмица во Монако до крајот на сезоната 2015-2016.[34][35] Своето деби го направил против Газелек Ајачио на 13 септември, заменувајќи го Адама Траоре во победата со 1–0 на гости,[36] и го постигнал својот прв гол за новиот тим 11 дена подоцна за да им помогне на гостите да направат пресврт во успехот со 3-2 над Монпеље.[37]
Во сезоната 2016-2017, Реал освоил нова првенствена титула,[38][39] во која Коентрао земал учество во само три натпревари.[40][41] Тој самиот призна дека не е доволно фит за да го претставува клубот;[42] во Лигата на шампионите тој се појавил во два натпревари од групната фаза,[43][44] додека клубот вторпат последователно го освоил натпреварувањето.[45]
На 5 јули 2017 година, Коентрао бил позајмен на Спортинг до крајот на сезоната 2017-2018,[46][47] и покрај тоа што изјавил дека во Португалија ќе игра само за Бенфика.[48][49] Дебитирал за лавовите на 6 август 2017, во натпреварот на гости против Авеш добиен со 0-2, во кој ги одиграл сите 90 минути. Првиот и единствен гол во дресот на Спортинг го постигнал во гостинската победа над Боавишта со 1-3. На 27 јануари 2018, Коентрао го започнал и го одиграл целиот натпревар во финалето на Лига купот на Португалија, во кое Спортинг ја победил Виторија Сетубал по изведување на пенали. Сезоната во Спортинг ја завршил со 44 настапи и еден постигнат гол.
Пред почетокот на сезоната 2018-2019, тој го раскинал договорот со Реал Мадрид завршувајќи го искуството со кралевите со вкупно 106 одиграни натпревари и еден гол.
Враќање во Рио Аве
[уреди | уреди извор]Откако го раскинал договорот со Реал Мадрид, Коентрао потпишал едногодишен договор со Рио Аве на 31 август 2018 година. [50][51] Откако не му бил продолжен договорот тој го напуштил клубот во јуни 2019, а на 29 јануари 2020 го објавил своето пензионирање од фудбалот.[52] Во октомври, сепак, тој се согласил на нов едногодишен договор со Рио Аве, одејќи во конечна пензија по завршувањето на сезоната 2020-2021.[53]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Како младински репрезентативец на Португалија,[54] Коентрао бил избран за МВП на Купот на Мадеира во 2007 година, играјќи за тимот под 20 години,[55] каде исто така бил и најдобар стрелец на натпреварувањето. Последователно, тој ја претставувал нацијата на Светското првенство У-20 2007[56] и, две години подоцна, го направил своето деби за репрезентацијата под 21 година, со која учествувал на на Турнирот во Тулон каде постигнал хет-трик во победата со 6–0 над Катар во групната фаза.[57]
По постојаните настапи во Бенфика, Коентрао го добил својот прв повик во сениорската репрезентација во ноември 2009 година, за одлучувачкиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2010 против Босна и Херцеговина, и го направил своето деби во првиот натпревар одигран на 14 ноември на Стадионот Луж, играјќи 21 минута во победата со 1–0.[58]
Откако Португалија се пласирала на првенството, Коентрао бил избран во тимот од 23 играчи предводен од селекторот Карлош Кеирош, добивајќи предност на позицијата лев бек пред Дуда. Тој ги одиграл сите натпревари во Јужна Африка, вклучително и поразот од Шпанија во осминафиналето, кој ја елиминирал Португалија од турнирот.[59]
На 10 август 2011 година, Коентрао го постигнал својот прв репрезентативен гол, со удар со глава во победата од 5-0 над Луксембург.[60] Тој ги одиграл сите натпревари и минути на Европското првенство 2012, каде португалците биле полуфиналисти.[61]
На Светското првенство 2014, Коентрао претрпел повреда во второто полувреме на првиот натпревар на Португалија против Германија,[62] која го извадила од акција до крајот на турнирот.[63] Тој одиграл клучна улога во победата на домашен терен со 2–1 над Србија во квалификациите за Европското првенство 2016, нафрлувајќи за првиот гол со глава постигнат од Рикардо Карваљо, а потоа го постигнал победничкиот гол на додавање на Жоао Мутињо.[64]
Коентрао го пропуштил Евро 2016, кое Португалија го освоила, поради повреда на бутот, заработена на тренинг со Монако.[65] Тој се вратил во игра по 697 дена без настап за Португалија, играјќи во натпреварот од квалификациите Светското првенство 2018 против Унгарија,[66] но бил изваден од теренот на носилки уште во првото полувреме од подоцнежната победа со 1–0 во Будимпешта.[67]
Коентрао бил избран во прелиминарниот тим од 35 играчи за Светското првенство 2018 во Русија,[68] но не останал таму после кратењето на списокот.[69]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Бенфика
[уреди | уреди извор]- Примеира лига : 1
- 2009-2010
- 2009-2010, 2010-2011
Реал Мадрид
[уреди | уреди извор]- Примера Дивисион : 2
- 2011-2012, 2016-2017
- Куп на Шпанија : 1
- 2013-2014
- 2012
- Лига на шампиони : 2
- 2013-2014, 2016-2017
- Суперкуп на УЕФА : 1
- 2014
- 2014, 2016
Спортинг Лисабон
[уреди | уреди извор]- 2017-2018
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Fábio Coentrão“ (португалски). Mais Futebol. Посетено на 17 April 2020.
- ↑ as.com, уред. (12 јули 2011). „"En Zaragoza, Coentrao era un extremo rapidito"“ (шпански).
- ↑ Roseiro, Bruno (27 October 2011). „Coentrão e o regresso do menino querido das Caxinas que seria pescador se não fosse o futebol“ [Coentrão and the return of Caxinas' beloved boy who would be a fisherman if it were not for football]. Observador (португалски). Посетено на 26 September 2019.
- ↑ Leal, Luís (18 October 2005). „Fábio Coentrão: "Pena ter sido tão pouco tempo"“ [Fábio Coentrão: "Too bad it was so little time"]. Record (португалски). Архивирано од изворникот на 31 May 2014. Посетено на 30 May 2014.
- ↑ „Sporting segue em frente na Taça“ [Sporting go through in Cup]. Correio da Manhã (португалски). 21 January 2007. Посетено на 7 April 2018.
- ↑ Godinho, João Paulo (10 May 2010). „Coentrão, a redenção do "Figo de Caxinas"“ [Coentrão, the redemption of the "Figo from Caxinas"] (португалски). SAPO. Посетено на 7 April 2018.
- ↑ Simão Sabrosa – O Melhor Jogador da Liga Bwin 2006/2007 (Simão Sabrosa – Bwin League 2006/2007's Best Player); Red Vermelho, 6 Junho 2007 (in Portuguese)
- ↑ Avelãs, Luís (2 January 2008). „Fábio Coentrão já trabalhou na Madeira“ [Fábio Coentrão already working in Madeira]. Record (португалски). Архивирано од изворникот на 31 May 2014. Посетено на 30 May 2014.
- ↑ Avelãs, Luís (3 May 2008). „Fábio Coentrão: "'Espetar' 3–0 no Dragão é bom"“ [Fábio Coentrão: "'Handing out' 3–0 at the Dragão is good"]. Record (португалски). Архивирано од изворникот на 31 May 2014. Посетено на 30 May 2014.
- ↑ Giménez, Paco (18 July 2008). „Coentrao, el tercer fichaje“ [Coentrao, the third signing]. Heraldo de Aragón (шпански). Посетено на 30 May 2014.
- ↑ „Coentrao deja de ser jugador del Zaragoza“ [Coentrao is no longer a Zaragoza player]. Diario AS (шпански). 10 January 2009. Посетено на 30 May 2014.
- ↑ „Fábio Coentrão confirmado“ [Fábio Coentrão confirmed]. Record (португалски). 5 January 2009. Архивирано од изворникот на 2 April 2015. Посетено на 30 May 2014.
- ↑ „FC Porto-Rio Ave, 3–1 (Lucho 37' gp, Farías 86', 89'; Fábio Coentrão 72')“ [FC Porto-Rio Ave, 3–1 (Lucho 37' pk, Farías 86', 89'; Fábio Coentrão 72')]. Record (португалски). 15 February 2009. Посетено на 30 May 2014.
- ↑ „Comunicado“ [Announcement] (PDF) (португалски). Portuguese Securities Market Commission. 29 October 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 April 2012. Посетено на 6 July 2011.
- ↑ „BATE run aground as Eagles soar“. UEFA. 2 December 2009. Посетено на 25 April 2021.
- ↑ „Comunicado“ [Announcement] (PDF) (португалски). Portuguese Securities Market Commission. 10 February 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 28 September 2011. Посетено на 5 July 2011.
- ↑ „"Sou jogador de futebol reformado", disse Fábio Coentrão em tribunal“ ["I'm a retired football player", said Fábio Coentrão in court]. Jornal de Notícias (португалски). 29 January 2020. Посетено на 13 June 2024.
- ↑ „Comunicado“ [Announcement] (PDF) (португалски). Portuguese Securities Market Commission. 27 September 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 26 October 2011. Посетено на 5 July 2011.
- ↑ Coerts, Stefan (27 September 2010). „Fabio Coentrao signs new deal at Benfica“. Goal. Посетено на 28 September 2010.
- ↑ „Coentrão inspires Benfica revival“. UEFA. 2 November 2010. Архивирано од изворникот на 5 November 2010. Посетено на 17 April 2011.
- ↑ „Madrid confirm Coentrão transfer from Benfica“. UEFA. 5 July 2011. Посетено на 5 July 2011.
- ↑ „Comunicado“ [Announcement] (PDF) (португалски). Portuguese Securities Market Commission. 5 July 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 March 2016. Посетено на 31 December 2014.
- ↑ „Real Madrid sign fullback Coentrao from Benfica“. Reuters. 5 July 2011. Архивирано од изворникот на 10 July 2012. Посетено на 13 July 2011.
- ↑ Torres, Diego (20 August 2011). „Coentrão y el vertigo“ [Coentrão and vertigo]. El País (шпански). Madrid. Посетено на 9 October 2015.
- ↑ „Ronaldo gets Madrid show underway“. ESPN Soccernet. 28 August 2011. Архивирано од изворникот на 2 November 2012. Посетено на 2 September 2011.
- ↑ Merengues maintain winning run Архивирано на 7 декември 2011 г.; ESPN Soccernet, 3 December 2011
- ↑ Barca come back to win Clasico Архивирано на 27 јануари 2012 г.; ESPN Soccernet, 10 December 2011
- ↑ Coentrao handed four-match ban, misses Supercopa Clasico; Goal, 29 August 2012
- ↑ „Albin denies Madrid at the death“. ESPN Soccernet. 16 December 2012. Посетено на 16 December 2012.
- ↑ „Manchester United: Fabio Coentrao move fails“. BBC Sport. 3 September 2013. Посетено на 3 September 2013.
- ↑ White, Jim (17 April 2014). „Real Madrid 2 Barcelona 1, Copa del Rey final: match report as Gareth Bale scores wonder winner“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот 12 January 2022. Посетено на 9 October 2015.
- ↑ Hytner, David (29 April 2014). „Sergio Ramos and Cristiano Ronaldo roll Real Madrid past Bayern Munich“. The Guardian. Посетено на 9 October 2013.
- ↑ Lambea, Alberto (11 August 2015). „Coentrao, el regreso del hombre ausente“ [Coentrao, the return of the absent man]. El Mundo (шпански). Посетено на 9 October 2015.
- ↑ „Coentrão deal agreed“. AS Monaco. 26 август 2015. Архивирано од изворникот на 15 април 2016. Посетено на 26 август 2015.
- ↑ „Official announcement: Coentrão“. Real Madrid CF. 26 August 2015. Посетено на 26 August 2015.
- ↑ Alard, Lucile (13 September 2015). „Face au Gazélec Ajaccio, Monaco a eu chaud mais il regoûte à la victoire (1–0)“ [Against Gazélec Ajaccio, Monaco sweated but enjoy win (1–0)] (француски). Eurosport. Посетено на 24 July 2016.
- ↑ „Montpellier 2–3 Monaco: Fabinho's late spot-kick helps seals visitors' comeback“. Sky Sports. 24 September 2015. Посетено на 9 October 2015.
- ↑ „El Real Madrid, campeón de LaLiga Santander 2016/17“ [Real Madrid, LaLiga Santander champions 2016/17] (шпански). La Liga. 21 May 2017. Посетено на 22 May 2017.
- ↑ „Malaga 0–2 Real Madrid“. BBC Sport. 21 May 2017. Посетено на 22 May 2017.
- ↑ „Cada minuto de jogo de Coentrão custa 53 mil euros ao Real Madrid“ [Every minute of play for Coentrão costs Real Madrid 53 thousand euros] (португалски). Mais Futebol. 21 March 2017. Посетено на 22 May 2017.
- ↑ „Real Madrid: Coentrão titular, cinco meses depois“ [Real Madrid: Five months later, Coentrão starts] (португалски). Mais Futebol. 15 April 2017. Посетено на 22 May 2017.
- ↑ „Fábio Coentrão: "Não estou em condições para jogar pelo Real Madrid"“ [Fábio Coentrão: "I am in no condition of playing for Real Madrid"] (португалски). SAPO. 29 March 2017. Посетено на 22 May 2017.
- ↑ „Legia Warsaw 3–3 Real Madrid“. BBC Sport. 2 November 2016. Посетено на 6 June 2017.
- ↑ „Sporting Lisbon 1–2 Real Madrid“. BBC Sport. 22 November 2016. Посетено на 6 June 2017.
- ↑ Haslam, Andrew (3 June 2017). „Majestic Real Madrid win Champions League in Cardiff“. UEFA. Посетено на 4 June 2017.
- ↑ „Comunicado Sporting Clube de Portugal – Futebol, SAD“ [Sporting Clube de Portugal announcement – Football, PLSC] (португалски). Sporting CP. 5 July 2017. Посетено на 5 July 2017.
- ↑ „Official announcement: Coentrão“. Real Madrid CF. 5 July 2017. Посетено на 5 July 2017.
- ↑ „Fábio Coentrão: "Em Portugal só jogo pelo Benfica"“ [Fábio Coentrão: "In Portugal I only play for Benfica"]. Diário de Notícias (португалски). 5 June 2015. Посетено на 5 July 2017.
- ↑ „Coentrão pode lamentar ter dito que só jogaria no Benfica“ [Fábio Coentrão might regret having said that he would only play for Benfica] (португалски). Rádio Renascença. 6 June 2017. Посетено на 5 July 2017.
- ↑ „"Tenho de voltar ao clube da minha terra para ser feliz"“ [I have to return to my home club to be happy] (португалски). Rio Ave F.C. 31 August 2018. Архивирано од изворникот на 4 November 2018. Посетено на 31 August 2018.
- ↑ „Official announcement: Coentrão“. Real Madrid CF. 31 August 2018. Посетено на 31 August 2018.
- ↑ „Fábio Coentrão anuncia retirada do futebol“ [Fábio Coentrão announces retirement from football] (португалски). Rádio Renascença. 29 January 2020. Посетено на 29 January 2020.
- ↑ „Fábio Coentrão de regresso ao futebol e ao Rio Ave“ [Fábio Coentrão returns to football and Rio Ave]. Público (португалски). 6 October 2020. Посетено на 7 October 2020.
- ↑ Unbeaten Portugal progress in style; at UEFA
- ↑ Sub-20 vencem na Madeira (Under-20s win in Madeira) Архивирано на 15 јуни 2011 г.; Portuguese Football Federation, 2 March 2007 (in Portuguese)
- ↑
- Фабио Коентрао – Профил на службената страница на ФИФА
- ↑ „Sub-21: Portugal goleia Qatar (6–0) no adeus a Toulon“ [Under-21: Portugal rout Qatar (6–0) in farewell to Toulon] (португалски). Mais Futebol. 8 June 2009. Посетено на 20 September 2019.
- ↑ Hoult, Nick (16 November 2009). „Portugal take slight advantage over Bosnia-Herzegovina to World Cup play-off second leg“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот 12 January 2022. Посетено на 9 October 2015.
- ↑ „FIFA's 289-page technical report on the 2010 World Cup – in 15 points“. Zonal Marking. 3 September 2010. Архивирано од изворникот на 4 November 2018. Посетено на 8 June 2016.
- ↑ „Portugal routs Luxembourg 5–0 in friendly“. Fox Sports. 10 August 2011. Посетено на 7 April 2018.
- ↑ Burke, Chris (27 June 2012). „Spain survive test of nerve to reach final“. UEFA. Посетено на 8 June 2016.
- ↑ „Muller-inspired Germany thrash ten-man Portugal“. FIFA. 16 June 2014. Архивирано од изворникот на 17 June 2014. Посетено на 18 June 2014.
- ↑ Meagher, Gerard (17 June 2014). „Portugal lose Fabio Coentrão and Hugo Almeida for rest of group stage“. The Guardian. Посетено на 26 June 2014.
- ↑ „Portugal see off Serbia to top Group I“. UEFA. 29 March 2015. Посетено на 25 April 2021.
- ↑ Rodden, Mark (15 April 2016). „Monaco, Portugal defender Fabio Coentrao set to miss Euro 2016“. ESPN FC. Посетено на 8 June 2016.
- ↑ „Seleção: o regresso de Fábio Coentrão, 697 dias depois“ [National team: the return of Fábio Coentrão, 697 days later] (португалски). Mais Futebol. 3 September 2017. Посетено на 3 October 2017.
- ↑ „Hungary 0–1 Portugal“. Sky Sports. 3 September 2017. Посетено на 3 October 2017.
- ↑ „Revealed: Every World Cup 2018 squad – 23-man & preliminary lists & when will they be announced?“. Goal. 17 May 2018. Посетено на 17 May 2018.
- ↑ „Nearly half Portugal's Euro squad to miss World Cup“. Special Broadcasting Service. 17 May 2018. Посетено на 17 May 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Фабио Коентрао“ на Ризницата ? |