Музеј на Илинденското востание и Крушевската Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Музеј на Илинденското востание и Крушевската Република
Музејот во 2022 година
Карта
Основан2 август 1953 година
Местоул. Таки Бербер бр. 44а
Крушево, Македонија
ТипИсториски музеј
Томалевска куќа
Куќа на Илинденското востание и Крушевската Република
Куќата во периодот 1903-1908
Карта
Општи податоци
СтилСтароградска архитектура
СопственикИсториски музеј - Крушево (денес)
Семејство Томалевски (порано)
Технички податоци
Катови2

Музејот на Илинденското востание и Крушевската Републикамузеј кој се наоѓа во Крушево, Македонија. Куќата е заведена како Културно наследство на Македонија под називот Куќа во која е прогласена Крушевската Република, ул. „Таки Бербер“ бр. 44а.[1] Музејот е под јурисдикција на Историскиот музеј - Крушево. Музејот е сместен во староградска куќа која датира од 19 век и припаѓала на браќата Наум Томалевски и Ѓорги Томалевски.[2] Ова била куќата во која во 1903 година била прогласена Крушевската Република.[3][4]

Како музеј и поставки[уреди | уреди извор]

Тука се сместени изворни експонати од оружје, карти, фотографии со што хронолошки се изнесени настаните поврзани со илинденската епопеја.[3]

Музејот бил отворен на 2 август 1953 година по повод 50-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Во музејот се изложени оригинални фотографии од членовите на Привремената влада, Советот и востанички чети, карти, предмети со кои се служеле Никола Карев, Питу Гули, макети, текстови, Крушевскиот Манифест,[4] Одзивот на Илинденското востание и Крушевската Република во странскиот печат, циферблатот на црквата „Св. Никола“ опожарена за време на задушувањето на востанието. Тука се и податоците за големите човечки и материјални штети кои му биле нанесени на градот од страна на османлискиот аскер.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 10 март 2022.
  2. www.visitkrusevo.com.mk
  3. 3,0 3,1 Ташков, Нако; Димитров, Никола; Методиевски, Дејан (2016). Водич за препознатливите производи, локалитети, објекти и настани во РМ. Агенција за поддршка и промоција на туризмот во Република Македонија. стр. 87. Архивирано од изворникот на 2022-03-09. Посетено на 9 март 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. 4,0 4,1 „Музеј на Илинденското востание“. weekendinkrusevo.com. Архивирано од изворникот 2022-03-10. Посетено на 10 март 2022.