Градиште (Алданци)
Градиште — археолошко наоѓалиште во крушевското село Алданци. Претставува населба од римското време. Се наоѓа на 2 км северно од селото, на мала височинка, каде по површината на нивите се среќаваат остатоци од објекти: фрагменти од мермерни архитектонски делови, тули, керамика, римски монети, питоси и др. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Разбојна Дупка — хеленистичка гробница;
- Кале — хеленистичка населба;
- Алданци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9
|