Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Белушино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоКрушевско-демирхисарско
ПарохијаВтора крушевска
Местоположба

Карта

МестоБелушино
ОпштинаКрушево
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола
Изградба1671/72
Живопис1671/72
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабна

Свети Никола — главна селска црква во крушевското село Белушино, Македонија.[1][2]

Денес, црквата е запуштена поради иселувањето на христијанското население од селото.[3]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во Долното Маало во селото Белушино, кое било населено со муслимани.[4]

Храмот е гробишна црква.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Мештаните за црквата кажуваат дека е најстара во Прилепско и Крушевско и за нејзе кажуваат дека била „елимска“.[4]

Според ктиторскиот натпис, изградена е и живописана во 1671/72 година.[3]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена од камен и била покриена со плочи. Таа е долга 7, а широка 3 метри. Надворешните ѕидови биле малтерисани.[4]

Црквата е еднокорабна, ѕидана од камен и од глина.[3]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Во нејзе има зачувани фрески, иако дел од нив се уништени.[4]

Фрескоживописот е близок на стилските разбирање на линотопските работилници.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Втора крушевска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 11 декември 2021.
  3. 1 2 3 4 5 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Свети Никола"“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1331. Text "series " ignored (help)
  4. 1 2 3 4 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.