Миодраг Друговац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Миодраг (Милошевиќ) Друговац (1928 - 1995) е поет, есеист, критичар, книжевен историчар, антологичар и преведувач.

Роден е во с. Друговац, Пожаревац, Србија на 12 октомври 1928 година. Починал во Скопје на 9 октомври 1995 година. Доктор по филолошки науки. Работел како уредник на списанијата „Современост“ и „Литературен збор“ и редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Добитник на наградите: „13 Ноември“, „Димитар Митрев“, „Кочо Рацин“, Повелба на град Пожаревац, Србија, на Културно-просветната заедница на Македонија.

Литературно творештво[уреди | уреди извор]

  • Поредок на немирот (поезија, 1960)
  • Подвижно огледало (критики и есеи, 1968)
  • Биографија литерарија (критики и есеи, 1968)
  • Влашка рапсодија (поезија, 1969)
  • Современици (есеи, 1970)
  • Книга за Јаневски (монографија, 1971)
  • Книжевно Браничево (студија, 1972)
  • Принцип и пример (есеи, 1972)
  • Ристо Крле (монографија, 1974)
  • Современа македонска книжевна критика (студија, 1974)
  • Македонски писатели за деца (студии, 1975)
  • Македонската литература од Мисирков до Рацин (студии, 1975)
  • Повоената македонска литература (студии, 1979)
  • Ријеч као судбина (есеи, 1979)
  • Повоената македонска литература (студии, 1979)
  • Современи македонски писатели (студии, 1979)
  • За македонската книжевна критика (студија, 1980)
  • Лирски мемоари (студија и поетски избор, 1982)
  • Критиката на Митрев (студија, 1985)
  • Поетиката на Гане Тодоровски (студија, 1988)
  • Преглед на македонската книжевна критика (студии, 1988)
  • Критички раскопки (студии, 1989)
  • Кон македонската книжевна синтеза (студии, 1990)
  • Историја на македонската книжевност 20. век (1990)
  • Огледало и светилка (есеи и критики, 1991)
  • Час по лектира (есеи и критики, 1991)
  • Моделот и текстот(студии, 1994)
  • Македонска книжевност за деца и младина (од Џинот до Рацин) (монографија, 1996)
  • Трагачот, честакот и јатката (студија, 1997)