Прејди на содржината

Летни олимписки игри 1964

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Летни олимписки игри - 1964)
IX Зимски олимписки игри
Games of the XVIII Olympiad
Games of the XVIII Olympiad

Град домаќин Инсбрук, Австрија
Бр. на држави 93
Бр. на спортисти 5,151
(4,473 мажи, 678 жени)
Натпревари 163 од 19 спортови
Отворени 29 јануари
Затворени 9 февруари
Официјално отворени од: Шова[1]
Спортска заклетва Такаши Оно
Олимписки оган Јошинори Сакаи
Стадион Бергисел

Летните олимписки игри - 1964 или 18-те Летни олимписки игри се одржале во Токио. Токио бил избран за град-домаќин на 55-тата сесија на МОК одржана на 26 мај 1959 во Минхен. Поразени кандидати биле Детроит, Брисел и Виена. Токио за првпат бил избран за домаќин на Летните оилимписки игри - 1940, но поради јапонската инвазија на Кина за град-домаќин на игрите бил избран градот Хелсинки. Но, игрите не се одржале поради Втората светска војна. Со игрите во 1964 година, Токио станал првиот град на континентот Азија којшто бил домаќин на едни Олимписки игри воопшто. На игрите не учествувала Јужноафриканската Република во којашто постоел расизам во речиси сите спортови.

Ова се резултатите од гласањето за избор на град-домаќин на игрите:

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1964
Град Земја Прв круг
Токио Јапонија 34
Детроит САД 10
Виена Австрија 9
Брисел Белгија 5

Ретроспектива

[уреди | уреди извор]
Нипон Будокан
  • Јуџи Косеки ја компонирал песната за церемонијата на отворање.
  • Јошинори Сакаи којшто го запалил Олимпискиот оган е роден на 6 август 1945 година во Хирошима, денот кога овој град бил погоден од атомската бомба „Малото момче“.
  • Спортовите џудо и одбојка коишто биле многу популарни во Јапонија биле воведени на овие Олимписки игри. Јапонците освоиле 3 златни медали во џудо, но сепак првиот златен медал во овој спорт на Олимписките игри го освоил Холанѓанецот Антон Геезинк. Финалето во одбојка во женска конкуренција го добиле репрезентативките на домаќинот Јапонија, а било пренесувано директно низ целиот свет.
  • Светскиот првак во борење Осаму Ватанабе го освоил златниот медал во слободен стил. Ватанабе се пензионирал како единствениот спортист којшто останал непоразен во својата кариера. Неговиот ефект бил 189-0.
  • Советската гимнастичарка Лариса Латинина освоила 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали. И двете злата ги освоила по третпатпо ред во тимска конкуренција и на партер. Лариса кариерата ја завршила со 18 Олимписки медали (9 златни, 5 сребрени и 4 бронзени) што сè уште е несоборлив рекорд.
  • Австралијанецот Дон Фрејзер го освоил својот трет златен медал по ред на Олимписките игри во пливање во трката на 100m слободен стил. Со тој подвиг бил споредуван со веслачот Вјачеслав Иванов кој го сторил истото во веслање.
  • Дон Шоландер освоил 4 златни медали во пливаање.
  • Абебе Бикела станал првиот човек во Олимписката историја којшто успеал да победи во маратонот 2 пати.
  • Новозеланѓанецот Питер Снел победил во трките на 800 и на 1500m.
  • Бил воведен женскиот петобој.
  • Непознатиот Американец Били Милс изненадувачки победил во трката на 10.000m.
  • Боб Хејес победил на 100m изедначувајќи го светскиот рекорд од 10s. Во полуфиналето тој истрчал и под 10s, но поради брзината на ветерот рекордот не бил признаен.
  • Џо Фрејзир победил во бокс во супертешка категорија.

Спортови

[уреди | уреди извор]
Будокан
Јојоги Гимназиум- дизајниран од Кензо Танге

Демонстративни спортови

[уреди | уреди извор]

Земји-учеснички

[уреди | уреди извор]
Со сина боја се обележани земјите кои дебитираат на Олимписките игри

На Летните олимписки игри одржани во Токио во 1964 година учествувале спортисти од 94 земји. Дебитирале 16 земјии: Алжир, Камерун, Чад, Република Конго, Брегот на Слоновата Коска, Доминиканска Република, Либија, Мадагаскар, Малезија, Мали, Монголија, Непал, Нигер, Северна Родезија (денес Замбија), Сенегал и Танзанија (како Тангањика). Спортистите од Либија се откажале од учеството веднаш по церемонијата на отворање, па всушност учествувале 93 земји. Продолжила традицијата на заеднички настап на спортистите од Источна и Западна Германија којашто траела уште од пред претходните 2 Летни олимписки игри.

Освојувачи на медали

[уреди | уреди извор]
 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 САД 36 26 28 90
2 СССР 30 31 35 96
3 Јапонија (домаќин) 16 5 8 29
4 Обединет тим на Германија 10 22 18 50
5 Италија 10 10 7 27
6 Унгарија 10 7 5 22
7 Полска 7 6 10 23
8 Австралија 6 2 10 18
9 Чехословачка 5 6 3 14
10 Велика Британија 4 12 2 18
  1. International Olympic Committee (9 октомври 2014). "Factsheet – Opening Ceremony of the Games of the Olympiad". Соопштение за печат.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]