Прејди на содржината

Ирена Павлова-Де Одорико

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ирена Павлова - Де Одорико
Занимањеписател
НационалностМакедонка
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилозофски факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Ирена Павлова - Де Одорико — македонска писателка, поет, романописец, новинар, родена е 19 ноември 1967 година во Велес.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ирена Павлова - Де Одорико дипломирала и магистрирала на Општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Тезата е своевиден манифест под наслов: ,,Помеѓу автобиографијата и фикцијата или патот од автобиографското до психобиографското врз примери од творештвото на Силвија Плат, Радмила Трифуновска, Евгенија Шуплинова и Даница Ручигај.

Работела како новинар во повеќе соисанија и медии во сектор за култура, а со иста дејност се занимаваше и повеќе години во редакција за култура на ТВ Телма во Скопје.

Во 2001влегува мегу десетте финалисти за Европа за наградата: „Рома- Тиволи- Европа“. Истата година учествува на Светскиот поетски фестивал, Венециското биенале,од каде е селектирана во светската поетска антологија под наслов: „Специјална едиција на Венециското биенале“.

Ирена Павлова - Де Одорико живее и работи во Венеција, Италија, каде неизоставно ја оретставува македонската култура. Член е на Друштво на писатели на Македонија од 2001 година[1].

Куриозитет: Според оценките на книжевната критика,Павлова ја инаугурира радикалната апокрифна фабулизација во своите поеми.( Акад.Гане Тодоровски).

Нејзините песни се застапувани во многу наши и светски антологии.

Од 2015 - та активно твори и на македонски и на италијански јазик.

  • Велзевул, поезија, 1999 година;
  • Номад, поезија, 2000 година;
  • Новата Ева, поема, 2001 година;
  • Деколте, поезија, 2004 година;
  • Од другата страна на животот, есеи за Силвија Плат, 2010 година;
  • Новиот човек, проза, 2011;
  • Антологија на заборавените македонски поетеси: Шуплинова, Ручигај, РадмилаТрифуновска, 2013 година;
  • ,Пенелопа. нет, поезија, 2016 година);
  • Пенелопа во Венеција, поезија,2016 година)
  • Љубовта на Марија од Магдала, поема, 2017 година;
  • Просветлени песни, поезија, 2018 година;
  • Подстанарка, роман, 2019 година, овој роман е ореведен на италијански јазик.
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004