Видин (Водоврати)

Координати: 41°35′06″N 21°50′48″E / 41.58500° СГШ; 21.84667° ИГД / 41.58500; 21.84667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Видин

Карта

Местоположба 41°35′06″N 21°50′48″E / 41.58500° СГШ; 21.84667° ИГД / 41.58500; 21.84667
Основни податоци
Место Водоврати
Општина Градско
Тип

 населба


Период бронзено време
раноантичко време
Портал „Археологија“

Видинархеолошко наоѓалиште во велешкото село Водоврати, Општина Градско. Претставува населба од бронзеното и раноантичкото време. Се смета дека ова е местото на древномакедонскиот град Аргос во тогашната област Пајонија.[1]

Во античките извори се споменуваат неколку градови што го носеле името Аргос, од кои еден се наоѓал на територијата на Македонија, што е посведочено со три грчки почесни натписи. Едниот од нив, подигнат во чест на царот Гордијан, е пронајден во Прилеп. Вториот, посветен на градскиот добротвор Јулиј Касијан, според Н. Вулиќ, наводно потекнувал од селото Скачинци, каде што бил вѕидан во црквата „Константин и Елена“. Меѓутоа, црквата не се наоѓа во ова село, туку на истоимениот рид, во близината на селото Свеќани, што е утврдено со рекогносцирањето во 1955 година. Третиот натпис е пронајден во селото Водоврати, кое лежи на околу 9 км северозападно од Стоби и 3 км од Вардар. Потекнува од наоѓалиштето Видин, што се издига околу 0,5 км северозападно од централниот дел на селото. Натписот е подигнат во чест на проконзулот Л. Јулиј, градител и патрон на градот.[2]

Што се однесува до одредувањето на положбата на градот Аргос, поставени се следниве хипотези: Н. Вулиќ и Хонигман претпоставуваат дека градот можеби се наоѓал кај Стари Град, И. Венедиков смета дека се наоѓал помеѓу Скачинци и Извор, а Б. Јосифовска го има сместено во наоѓалиштето Видин, што науката го прифатила.

Наоѓалиштето Видин претставува издолжено плато во подножјето на ридот Бел Град (Белград), каде што има градиште обградено од две рекички кои, по соединувањето, се влеваат во Вардар. Силно истакнатиот археолошки карактер на ова наоѓалиште, што за првпат бил утврден уште во 1924 г. од В. Радовановиќ, неговата географска местоположба и фактот дека во близината се пронајдени два натписа со името на градот, доста точно зборуваат во прилог на мислењето дека Аргос се наоѓал токму овде, на ова наоѓалиште, во селото Водоврати.[2]

Аргос во провинцијата Македонија Втора, Хиерокле (641) го наведува веднаш по Стоби. Градот се споменува и кај Стефан Византиски. На него, а не на Аргос Орестиски, се однесува и познатиот натпис од Лета (с. Ајватово, северно од Солун), подигнат во 119 г. п.н.е. во чест на квесторот Марко Аниј, кој го содржи податокот за победата на Римјаните над Келтите (Галатите и Медите) со која биле спасени Македонија и градот Лета. Пространата рамнина, каде Брегалница се влева во Вардар, кон која од наоѓалиштето има прекрасна глетка, нема сомнение дека била поприште на тој значаен историски настан. Градот е посведочен од крајот на II век пред н.е. па сè до крајот на античкиот период. Меѓутоа, керамич ките наоди укажуваат на постоење на живот на ова наоѓалиште и многу порано, уште во бронзеното време.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Аргос“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 80. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 64. ISBN 9989-649-28-6.