Чукар (Убого)
Изглед
„Чукар“
| |
Местоположба | 41°38′25″N 21°56′51″E / 41.64028° СГШ; 21.94750° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Убого |
Општина | Градско |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Чукар — археолошко наоѓалиште во селото Убого во Општина Градско. Претставува тумул од железното време.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Чукар се наоѓа на околу 2 км од селото на десната страна на Брегалница во блокот 21 на стопанството „Вардар“.[1]
Ископувања и наоди
[уреди | уреди извор]На северниот крај на зарамнето плато издолжено околу 100-110 метри и широко околу 50 метри, има тумул со пречник од 12 метри, висок 1,5 метар. По површината на тумулот се гледаат вкопани камења, можеби од јадрото на насипот или конструкцијата на гробовите. Во централниот дел има длапка од површинско диво копање. [1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 87. ISBN 9989-649-28-6.