Прејди на содржината

Столот (Уланци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Столот

Карта

Местоположба 41°35′17″N 21°56′34″E / 41.58806°N 21.94278°E / 41.58806; 21.94278
Основни податоци
МестоУланци
ОпштинаГрадско
Тип

 населба


Период бронзено време
железно време
хеленистичко време
Портал „Археологија“

Столот археолошко наоѓалиште во велешкото село Уланци.

Претставува населба од бронзено време, железно време и хеленистичко време.

На 1,5 км јужно од селото, на левиот брег на Вардар, на околу 150 м на левата страна од патот Уланци-Џидимирци се издига доминантен рид. На врвот има зарамнето плато, со димензии 80 × 25 м, на кое се забележуваат остатоци од фортификација и површинска керамика. Во 1994 година се извршени контролни ископувања на простор од 100 м 2 во северозападниот дел на платото. Откриени се остатоци од архитектура (голем објект со повеќе простории) и два праисториски слоја со материјал што одговара на материјалот од некрополата Димов Гроб, оддалечена 200 м северно.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 87, ISBN 9789989101069