Прејди на содржината

Бурлатица (Виничани)

Координати: 41°36′3″N 21°53′53″E / 41.60083° СГШ; 21.89806° ИГД / 41.60083; 21.89806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бурлатица

Карта

Местоположба 41°36′3″N 21°53′53″E / 41.60083° СГШ; 21.89806° ИГД / 41.60083; 21.89806
Основни податоци
Место Виничани
Општина Градско
Тип

 населба  некропола


Период доцноантичко време
ран среден век
Портал „Археологија“

Бурлатицаархеолошко наоѓалиште во велешкото село Виничани. Претставува населба од доцноантичкото време и некропола од раниот Среден век. На 2.5 - 3км источно од селото, лево од современиот пат Скопје-Гевгелија, на површина од 1.5 хектар, во нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал. Откриени се и делови од мермерна архитектонска пластика: капители, импости, бази и др. При копањето на каналот за наводнување, точно на местото спроти утоката на Брегалница во Вардар се откриени дваесетина ранословенски гробови со конструкција од камени плочи и со богати гробни прилози. Заштитни ископувања се вршени во 1958 година. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 62, ISBN 9789989101069