Градиште (Грнчиште)
Градиште — археолошко наоѓалиште во велешкото село Грнчиште, Општина Градско. Претставува градиште од доцноантичко време.
На 2 км североисточно од селото, на зарамнетото плато од височинка што доминира над околината се гледаат остатоци од ѕидови од утврдувањетото, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 75. ISBN 9989-649-28-6.