Лака (Грнчиште)
Изглед
„Лака“ | |
| Местоположба | 41°38′52″N 21°48′03″E / 41.64778°N 21.80083°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Грнчиште |
| Општина | Градско |
| Тип |
|
| Период | бронзено време |
| римско време | |
| Портал „Археологија“ | |
Лака — археолошко наоѓалиште во велешкото село Грнчиште, Општина Градско. Претставува населба од бронзено и римско време.
На 2 км северозападно од селото, во подножјето на ридот Шупле, кој се наоѓа на левата страна на долот наречен Орешје. На површина од околу 2 ха се среќаваат фрагменти од керамички садови од бронзено време и многу керамика, питоси и градежен материјал. Одовде потекнува и надгробен споменик со старогрчки натпис кој се чува во Народниот музеј во Велес.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 75. ISBN 9989-649-28-6.

