Водовратски Пат (Водоврати)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Водовратски Пат — археолошко наоѓалиште во велешкото село Водоврати, Општина Градско. Претставува некропола од преминот на бронзеното во железното време.
На 4,5 км од Градско и 2,5 км од селото Водоврати, на самиот пат Градско - Водоврати се утврдени остатоци од растурени гробни конструкции - цисти од камени плочи. Во 1954 и 1992 г. се вршени археолошки ископувања при што биле откриени 24 гроба од XIII-XII век п.н.е. Погребувањата се со закопи во згрчена положба, во конструкции од обични јами или цисти од плочи. Гробовите се поставени во правец запад исток и организирани во редови по линијата север-југ.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 64. ISBN 9989-649-28-6.