Србиново (Уланци)
Србиново — археолошко наоѓалиште во велешкото село Уланци.
Претставува населба и некропола од доцноантичко време.
На 1 км североисточно од селото, на левиот брег на Брегалница и во непосредната близина на најзината утока во Вардар, на голема тераса која зафаќа површина од околу 5 хектара се среќаваат множество фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и градежен материјал. При обработувањето на земјата се пронајдени и камени плочи од гробни конструкции. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Грамади — населба од римското време;
- Димов Гроб — некропола од железното време;
- Србиново — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Столот — населба од преминот од бронзеното во железното време и од хеленистичкото време;
- Страната — населба - викус од доцноантичкото време;
- Топот — утврдена населба - опидум од римското време;
- Уланци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 87, ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Уланци
- Археолошки наоѓалишта во Општина Градско
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Велешко