Ногаевски Пат (Убого)
Изглед
„Ногаевски Пат“ | |
| Местоположба | 41°38′25″N 21°56′51″E / 41.64028°N 21.94750°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Убого |
| Општина | Градско |
| Тип |
|
| Период | неолитско време |
| Портал „Археологија“ | |
Ногаевски Пат — археолошко наоѓалиште во селото Убого во Општина Градско. Претставува населба од неолитското време.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Ногаевски Пат се наоѓа во непосредна близина на селото, до задружните штали на десната страна на Брегалница и покрај патот за селото Ногаевци.[1]
Ископувања и наоди
[уреди | уреди извор]На рамно плато, на површина од 1,5 хектар се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба и фина фактура, како и многу фрагменти од сликана керамика. Исто така, откриени се камени и кремени орудија. Наодите се чуваат во Музејот во Велес. [1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 87. ISBN 9989-649-28-6.
