Гробовите (Виничани)
Гробовите – некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа на десната страна од стариот пат за Велес, на местото каде што се двои патот за раселеното село Свеќани. Има видливи ѕидови – темели ѕидани од големи блокови со хидрауличен малтер. По површината се среќаваат грамади од градежен материјал. На овој простор е откриена голема ѕидана гробница.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 62. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |