Бранко Бјадов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бранко Бјадов — македонски поетм роден е 16 април1939 година во Струмица каде што и починал на 30 декември 2006година.

Ниографија[уреди | уреди извор]

Најголемиот дел ос својот живот го поминал во Струмица каде што завршил основно училиште и гимназија. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на групата Југословенска книжевност со македонски јазик.

Бил професор по македонски јазик и директор во Трговското училиште „Цветан Димов“ во Струмица. Долги години бил директор и главен уредник на Радио Струмица и на „Струмички весник“. Работел како новинар-уредник во Радио Телевизија Струмица сè до неговото пензионирање.

Во 2003 година е назначен за претседател на Здружението на дијабетичарите, каде што активно работи сè до неговата смрт во 2006 година. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.