Е3 Саксо Банк Класик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од E3 Харелбеке)
Е3 Саксо Банк Класик
За трката
Датумсредина на март
РегионФландрија, Белгија
Месно имеE3 Harelbeke (холандски)
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеЕвропска турнеја на UCI (2005–2011)
Светска турнеја на UCI (2012–)
ВидЕднодневна трка
ОрганизаторХанд ин Ханд
Директор на тркатаФилип Вермерен
Историја
Прво одржување1958 (1958)
Одржувања65 (до 2023)
Прв победник Арман Дезме (БЕЛ)
Најмногу победи Том Бонен (БЕЛ) (5 победи)
Неодамнешен победник Ваут ван Ерт (БЕЛ)

Е3 Саксо Банк Класик (во минатото позната како Е3 БинкБенк Класик, Е3 Харелбеке, Харелбеке-Антверпен-Харелбеке и Е3-Прејс Вландерен) — годишна велосипедска трка во Фландрија, Белгија. Трката започнува и завршува во Харелбеке на околу 210 километри. Настанот е организиран од велосипедскиот клуб Ханд од Харелбеке и е влезен во календарот на Светската турнеја.

Е3 се одржува во средината на мартр и го обележува почетокот на „Фландриската велосипедска недела“ (Vlaamse Wielerweek), која продолжува со Брабант Пејл во неделата и етапната трка Три дена Де Пане во средината на неделата пред да се одржи класикот Трка околу Фландрија следната недела. До 2011, трката била одржувана во сабота; кога трката станал дел од Светската турнеја во 2012, трката била преместена во петок, за да им се даде ден одмор помеѓу трката Е3 и трката Гент-Вевелгем, која се одржува во недела.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот Е3 БинкБенк Класик се одржал во 1958, иако имало слични настани во областа од 1955. Во почетокот, настанот бил Харелбеке-Анверс-Харелбеке. Исто така бил познат како ГП Е3 БинкБенк Класик. Трката го добила нејзиното име од автопатот Е3 (сега А14), изграден во средина на шеесеттите години. Од 54. издание во 2011, зборот „Награда“ (Prijs) бил отстранет од името и велосипедската трка сега е позната како Е3 БинкБенк Класик.

Тек[уреди | уреди извор]

Класикот Е3 е подготовка за Трката околу Фландрија. Рутата е пократка, но многу од ридовите се возат. Условите, исто така, можат да се споредат, како калдрмата, ветерот и искачувањето десетици ридови. Трката прави голем круг околу Источна Фландрија, вклучувајќи 12 ридови. Некои возачи, дури ја претпочитаат оваа трка од тактичната, но попрестижната Трка околу Фландрија.

Трката започнува од Гроте Маркт во Харелбеке и патува на исток, првите 110 километри низ низини, но на калдрма околу Ауденарде и Зотегем. Возачите ја достигнуваат најисточната точка кај Нинове по 85 километри и свртува кон запад и минува низ Герадсберген и Бракел, тешкиот дел започнува со последователно кратки, но остри ридови, некои од нив со калдрма, како најголеми јамки на трката помеѓу Ронсе и Ауденарде.

Дванаесетте ридови по ред се Ла Хуп, Берг Стене, Боањеберг, Ајкенберг, Статионсберг, Тајенберг, Ауде Крујкенс, Капелберг, Патерсберг, Ауде Кваремон, Кноктеберг и Тигемберг. Патерсберг е искачување од 500 метри со калдрма со просечен наклон од 12,5%, додека Ауде Кваремон е 1.500 метри со калдрма од неговите 2.200 метри, иако нејзиниот просечен наклон е 4,2 %. Тигемберг е 16 километри од крајот.

Рекорди[уреди | уреди извор]

Белгискиот велосипедист Том Бонен го држи рекордот за најмногу победи на трката со пет победи, постигнувајќи ги во 2004, 2005, 2006, 2007 и 2012. Рик ван Лој ја освоил трката четири пати во 1964, 1965, 1966 и 1969, а Холанѓанецот Јан Рас зел три последователни победи помеѓу 1979 и 1981, откако завршил втор во 1978. Андреј Чмил, Јохан Музеув и Фабијан Канчелара ја имаат освоено трката по двапати. Најбрзата трка била во 2003, кога Холанѓанецот Стивен де Јонг ја освоил со 45,9 км/ч.

Минати победници[уреди | уреди извор]

Година Земја Возач Екипа
1958  Белгија Дезме, АрманАрман Дезме Груне Леув-Леополд
1959  Белгија Керкхове, НорберНорбер Керкхове Фаема-Гуера
1960  Белгија Дом, ДаниелДаниел Дом Вил‘с-Фландрија
1961  Белгија Каботер, Артур деАртур де Каботер Груне Леув-Леополд
1962  Белгија Меселис, АндреАндре Меселис Вил‘с-Груне Леув
1963  Белгија Форе, НоелНоел Форе Фарма-Фландрија
1964  Белгија Лој, Рик ванРик ван Лој Соло-Суперија
1965  Белгија Лој, Рик ванРик ван Лој Соло-Суперија
1966  Белгија Лој, Рик ванРик ван Лој Соло-Суперија
1967  Белгија Боклан, ВилиВили Боклан Фландрија-Де Клерк
1968  Белгија Бевер, Јак деЈак де Бевер Смитс
1969  Белгија Лој, Рик ванРик ван Лој Вилем II-Газеле
1970  Белгија Рикегем, Даниел ванДаниел ван Рикегем Ман-Грундиг
1971  Белгија Влеминк, Роџер деРоџер де Влеминк Фландрија-Марс
1972  Белгија Хутсебаут, ИберИбер Хутсебаут Голдор-ИЈсберке
1973  Белгија Инт Вен, ВилиВили Ин‘т Вен Молтени
1974  Белгија Шпрингел, Херман ванХерман ван Шпрингел МИЦ-Лудо-Де Грибалди
1975  Белгија Вербек, ФрансФранс Вербек Маес-Ватни
1976  Белгија Планкерт, ВалтерВалтер Планкерт Маес-Рокадо
1977  Германија Турау, ДитрихДитрих Турау ТИ-Рели
1978  Белгија Мертенс, ФредиФреди Мертенс Фландрија-Велда-Лано
1979  Холандија Рас, ЈанЈан Рас ТИ-Рели
1980  Холандија Рас, ЈанЈан Рас ТИ-Рели
1981  Холандија Рас, ЈанЈан Рас ТИ-Рели
1982  Белгија Богерт, ЈанЈан Богерт Еуроп Декор
1983  Белгија Такерт, ВилијамВилијам Такерт Сплендор-Еурошоп
1984  Холандија Остербош, БертБерт Остербош Панасоник-Рели
1985  Австралија Андерсон, ФилФил Андерсон Панасоник-Рели
1986  Белгија Вандерерден, ЕрикЕрик Вандерерден Панасоник-Меркс-Агу
1987  Белгија Планкерт, ЕдиЕди Планкерт Панасоник-Исостар
1988  Италија Бонтемпи, ГвидоГвидо Бонтемпи Карера Џинс-Вагабонд
1989  Белгија Планкерт, ЕдиЕди Планкерт АДР=Корс Лајт
1990  Данска Лилхолт, СоренСорен Лилхолт Хистор-Сигма
1991  Германија Лудвиг, ОлафОлаф Лудвиг Панасоник-Спортлајф
1992  Белгија Музеув, ЈоханЈохан Музеув Лото-Мавик-МБК
1993  Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини МГ-Маглифицио
1994  Белгија Чмил, АндрејАндреј Чмил Лото
1995  Белгија Лејзен, БартБарт Лејзен Мапеи-ГБ-Латексо
1996  Белгија Боман, КарлоКарло Боман Мапеи-ГБ
1997  Белгија Дајк, Хендрик ванХендрик ван Дајк ТВМ-Фарм Фритес
1998  Белгија Музеув, ЈоханЈохан Музеув Мапеи-Брикоби
1999  Белгија Петегем, Петер ванПетер ван Петегем ТВМ-Фарм Фритес
2000  Русија Иванов, СергејСергеј Иванов Фарм Фритес
2001  Белгија Чмил, АндрејАндреј Чмил Лото-Адеко
2002  Италија Пјери, ДариоДарио Пјери Алесио
2003  Холандија Јонг, Стивен деСтивен де Јонг Рабобанк
2004  Белгија Бонен, ТомТом Бонен Квик Степ-Давитамон
2005  Белгија Бонен, ТомТом Бонен Квик Степ-Инерџетик
2006  Белгија Бонен, ТомТом Бонен Квик Степ-Инерџетик
2007  Белгија Бонен, ТомТом Бонен Квик Степ-Инерџетик
2008  Норвешка Арвесен, Курт АслеКурт Асле Арвесен Тим ЦСЦ
2009  Италија Поцато, ФилипоФилипо Поцато Катјуша
2010  Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара Тим Саксо Банк
2011  Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара Леопард Трек
2012  Белгија Бонен, ТомТом Бонен Омега Парма-Квик Степ
2013  Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара РадиоШек-Леопард
2014  Словачка Саган, ПетерПетер Саган Канондејл
2015  Обединето Кралство Томас, ГерајнтГерајнт Томас Тим Скај
2016  Полска Квјатковски, МихалМихал Квјатковски Тим Скај
2017  Белгија ван Авермат, ГрегГрег ван Авермат Ванти-Груп Гобер
2018  Холандија Терпстра, НикиНики Терпстра Квик-Степ Флорс
2019  Чешка Штибар, ЗдењекЗдењек Штибар Декојнинк-Квик Степ
2020 Немало трка
2021  Данска Асгрен, КасперКаспер Асгрен Декојнинк-Квик Степ
2022  Холандија ван Ерт, ВаутВаут ван Ерт Џамбо-Висма
2023  Холандија ван Ерт, ВаутВаут ван Ерт Џамбо-Висма

Повеќекратни победници[уреди | уреди извор]

Победи Возач Изданија
5  Том Бонен (БЕЛ) 2004, 2005, 2006, 2007, 2012
4  Рик ван Лој (БЕЛ) 1964, 1965, 1966, 1969
3  Јан Рас (ХОЛ) 1979, 1980, 1981
 Фабијан Канчелара (ШВА) 2010, 2011, 2013
2  Еди Планкерт (БЕЛ) 1987, 1989
 Јохан Музеув (БЕЛ) 1992, 1998
 Андреј Чмил (БЕЛ) 1994, 2001
 Ваут ван Ерт (БЕЛ) 2022, 2023

Победи по земја[уреди | уреди извор]

Победи Држава
41  Белгија
6  Холандија
4  Италија
3  Швајцарија
2  Германија,  Данска
1 Австралија Австралија,  Обединето Кралство,  Молдавија,  Норвешка,  Полска,  Русија,  Словачка,  Чешка

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „E3 Harelbeke eerste Vlaamse Worldtourwedstrijd volgend seizoen op vrijdag 23 maart“ (холандски). Nieuwsblad. 15 јуни 2011. Посетено на 31 јули 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]