1200-ти
Изглед
< 1190-ти | 1200-ти | 1210-ти > | |||||||
1200 | 1201 | 1202 | 1203 | 1204 | 1205 | 1206 | 1207 | 1208 | 1209 |
1200-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1200 година и завршила на 31 декември 1209 година.
Настани
[уреди | уреди извор]1200
[уреди | уреди извор]- 1200 година се смета за почеток на династијата која владеела со Тавантинсују, првиот Сапа Инка Манко Капак.
- 24 август - Јован Безземниот се жени со Изабела Анголемеска.
- Ирокезите го нападнале денешниот град Охајо од север.
- Монголците ја освојуваат Северна Кина.
- Универзитетот Сорбона ја прима својата повелба од Филип II Август.
- Бунтовникот Иванко е заробен и погубен од страна на византискиот генерал Алексиј Палеолог.
- Чероките и Катобите војуваат меѓусебно во голема Битка на планината Браун во денешна Северна Каролина.
1201
[уреди | уреди извор]- 31 јули - Јован Комнин Дебелиот се обидува да го узурпира престолот на Византија; тој е соборен и обезглавен до крајот на денот.
- Јован Безземниот става ембарго на пченицата извезена во Фландрија, во обид да ја принуди верноста меѓу државите.
- Градот Рига е наследен од Алберт фон Буксгевден.
- Бонифациј Монфератски е избран за водач на Четвртиот крстоносен поход, по смртта на Теобалд III.
- Папа Инокентиј III го поддржува Отон IV во изборот на цар на Светото Римско Царство против Филип Швапски.
1202
[уреди | уреди извор]- 20 мај - Силен земјотрес во реонот на Сирија.
- Џингис Кан ги поразува Татарите.
- мај - октомври - Крстоносците од Четвртата крстоносна војна се собираат во Венеција.
- јули - Јован Безземниот ја спасува неговата мајка, Елеонора Аквитанска, од заробување од страна на бунтовничките сили на Артур I, војводата од Бретања[1].
- 27 јули - Битка кај Басијан: Грузијците ги поразуваат Селуџиците.
- 1 август - Артур I, војводата од Бретања е заробен во Миребо, за време на битка со силите на Јован Безземниот.
- 10 ноември - 23 - Четврта крстоносна војна - Опсада на Задар: Во првата голема акција на крстоносната војна, крстоносците го опседнуваат и освојуваат Задар во Далмација. Крстоносците не можат да ги платат трошоците на Република Венеција за нејзините придонеси во Крстоносната војна поради кое крстоносците се согласуваат да го предадат градот на Венеција како нејзин економски соперник, и покрај писмата од Папа Инокентиј III кои забранува таква акција под закана за изопштување. Ова е прв напад врз Католичката црква од страна на католичките крстоносци.
- Флотата на Алмохадите ги бркаат силите на Ганидите од Балеарските Острови[2].
- Основан е Ливонското братство на мечот, за поддршка на крстоносна војна против жителите на Средновековна Ливонија.
- Папа Инокентиј III го потврдува своето право да го оцени и круниса Светиот римски цар, во писмото до Бертхолд V, војвода од Церинген.
- Данците започнуваат крстоносна војна во Финска, која ја води архиепископот Андерс Сонсен и неговиот брат[3].
1203
[уреди | уреди извор]- 16 април - Филип II влегува во Руан, што доведува до обединување на Нормандија и Франција според Парискиот договор.
- Вилијам де Брасо станува чувар на Артур I, војвода од Бретања и веројатно е одговорен за неговата смрт.
- Династија Бурк е основана во Ирска.
- Битка кај Басијани: Грузија ја поразува муслиманската коалиција.
- Алмохадите започнуваат со освојување на Балеарските Острови.
- Војниците на Четвртата крстоносна војна стигнуваат до византиска територија:
- 23 јуни - Флотата на крстоносците влегува во Босфорот.
- 17 јули - Армијата на Крстоносците го окупираат Цариград. Византискиот цар Алексиј III Ангел побегнува од главниот град во егзил.
- 1 август - Крстоносците го поставуваат Алексиј IV Ангел како византиски цар, додека државниците на Цариград за цар го прогласуваат Исак II Ангел (татко на Алексиј IV).
- Откриен е првиот доказ дека Темпларите во Лондон му дале пари на заем на англискиот крал Јован Безземниот. Сумите биле релативно мали, но често се користеле за критични операции, како што бил откупот на кралските војници заробени од Французите.[4]
1204
[уреди | уреди извор]- Јануари - Четиригодишниот Гуторм Сигурдсон е прогласен за крал на Норвешка]; неговото владеење завршува со својата смрт неколку месеци подоцна.
- 28 јануари - Византискиот цар Алексиј IV Ангел е соборен во од престолот.
- 5 февруари - Алексиј V Дука е прогласен за византиски цар.
- 13 април - Четврта крстоносна војна: Крстоносците го освојуваат Цариград. Градот е изложен на големи грабежи кои траат три дена. Силите на Република Венеција ги ограбуваат античките статуи кои денеска се познати како Коњите на Свети Марко.
- 16 мај - Болдвин I е крунисан од цар на Латинското Царство од страна на членовите на учесниците во Четвртата крстоносна војна.
- Теодор I Ласкарис побегнува во Никеја по падот на Цариград и го воспоставува Никејското Царство. Византија престанува да постои. На местото на нејзината територија се основани неколку византиски наследни држави како Епирското Деспотство и Трапезунтското Царство.
- Бонифациј Монфератски, водач на Четвртата крстоносна војна, го основа Солунското Кралство.
- Писмото на францускиот теолог Амалрик да Бене го осудува Паризскиот универзитет и Папа Инокентиј III.
- Цар Калојан е признаен како цар на Бугарија од страна на Папа Инокентиј III.
- Валдемар II Дански е признаен како крал во Норвешка.
- Анже и Нормандија се окупирани од Филип.
- Херман I Тириншки е наследен од Филип Швапски.
- Каналските Острови на Гернзи и Џерси решаваат да останат со англиската круна, откако Нормандија е вратена од Филип II.
1205
[уреди | уреди извор]- Алмохадите влегуват во Триполи[2].
- Теодор I Ласкарис е прогласен за византиски цар, кој формално го основал Никејското Царство, откако ги отфрлил инвазиите на соперниците Давид Комнин.
- 6 јануари - Филип Швабски станува Крал на Римјаните.
- 14 април - Битка кај Одрин: Бугарија го победува Латинското Царство.
- 15 јули - Папа Инокентиј III го поставува принципот дека Евреите се осудени на вечен слуг, бидејќи го распнале Исус.
1206
[уреди | уреди извор]- Џингис Хан го започнува своето владеење со Монголското Царство.
- Мукали е назначен за генерал на левото крило на ново-реорганизираната монголска армија.
- Кутб ад-дин Ајбак, ја воспоставува Мамелучката династија во Султанат Делхи.
- Теодор I Ласкарис е крунисан византиски цар во Никеја.
- Ливонското братство на мечот ги победуваат на Ливонците.
- Шеќерот се споменува за првпат во Европа. Бадеми, цимет, ѓумбир и морско оревче се исто така увезени за кралските банкети во Англија[5].
- Основан е Редот на помалите браќа од Франциск Асишки[6]
1207
[уреди | уреди извор]- Хонен и неговите следбеници се прогонети во оддалечените делови на Јапонија, додека неколку се погубени, бидејќи властите го сметаат неговото учење за еретичко.
- 2 февруари - Тера Маријана, која се состои од денешна Естонија и Латвија, е основана како кнежевство на Светото Римско Царство.
- Ноември - Лидс, трговски град во Англија, ја добива својата прва повелба.
- Папа Инокентиј III го поддржува Филип Швапски како претендент за Цар на Светото Римско Царство, за разлика од неговата претходна поддршка за Отон IV.
- Откриен е првиот доказ за принудени заеми во Венеција. Оваа техника станува главен елемент на јавните финансии во Европа, до XVI век.[6]
- 17 јуни - Стефан Лангтон е проглсен како архиепископ на Кентербери, од страна на Папа Инокентиј III.
1208
[уреди | уреди извор]- 15 јануари - Убиен е Пјер де Кастелњо од страна на Ремон VI. Ремон се смета за одговорен и поради тоа бил екскомунициран од Папа Инокентиј III, што довело до Катарска крстоносна војна[7].
- 31 јануари - Битка кај Лена: Инфериорните шведски сили ги поразиле Данците, а кралот Сверкер II Шведски е сменет како крал на Шведска. Тој е наследен од неговиот соперник Ерик Х Шведски.
- 24 март - Папа Инокентиј III ја става Англија под пресуда, како казна за кралот Јован Безземниот кој го одбил неговиот избор за архиепископ на Кентербери.
- 15 април - Голем пожар во Хангџоу, главниот град на династија Сунг. Пожарот беснеел 4 дена и ноќи, уништувајќи 58.097 куќи на површина од повеќе од 3 милји, при што загинале 59 лица и нерегистриран број на други луѓе, кои биле прегазени додека се обидувале да побегнат. Властите обезбедиле привремено сместување за 5.345 луѓе, во блиските будизам будистички и таоистички манастири.
- 21 јуни - Филип Швабски, Крал на Германија и соперник на царот на Светото Римско ЦарствоОтон IV, е убиен во Бамберг од германскиот гроф Отон Вителсбах, бидејќи Филип одбил да му ја даде својата ќерка за жена.
1209
[уреди | уреди извор]- Џингис Кан го освојува Тангутското Царство.
- Армијата на Кралство Грузија ги напаѓа муслиманските кнежевства во Иран.
- Катарска крстоносна војна против Катарите.
- 22 јули - Масакр во Безје: Симон де Монфорт, водач на крстоносната војна, го зазема Безје, при што масакрира многу Катари и католици.
- август - Симон де Монфорт го презема Каркасон.
- мај - Прв парламент на Равеника, Грција.
- Јуни - Договор од Сапиенца: Република Венеција ги признава териториите на Пелопонез поседувани од Ахајското Кнежевство на чело со Жофроа I Вилерден и ги задржува само тврдините на Метони и Корони.
- Ноември - Јован Безземниот е екскомунициран од папа Инокентиј III. И покрај екскомуникацијата, Јован ќе продолжи да се грижи за црквата, вклучувајќи го и давањето милост на сиромашните.
- Завршена е изградбата на Лондонскиот мост.
- Црн понеделник, Даблин: група од неодамна пристигнати доселеници од Бристол се масакрирани од страна на воините од кланот на галски О'Бирн.
- Основан е Кембричкиот универзитет.
Личности
[уреди | уреди извор]- ↑ Warren, W. L. (1961). King John. University of California Press. стр. 77–78.
- ↑ 2,0 2,1 Picard, Christophe (1997). La mer et les musulmans d'Occident VIIIe-XIIIe siècle. Paris: Presses Universitaires de France.
- ↑ Georg Haggren, Petri Halinen, Mika Lavento, Sami Raninen ja Anna Wessman (2015). Muinaisuutemme jäljet. Helsinki: Gaudeamus. стр. 380.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Ferris, Eleanor (1902). „The Financial Relations of the Knights Templars to the English Crown“. American Historical Review. 8 (1).
- ↑ King John by Warren. Published by University of California Press in 1961. p. 139
- ↑ 6,0 6,1 Munro, John H. (2003). „The Medieval Origins of the Financial Revolution“. The International History Review. 15 (3): 506–562.
- ↑ Sumption, Jonathan (1978). The Albigensian Crusade. London, England: Faber. ISBN 0-571-11064-9.