Прејди на содржината

Скот Шепард

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Скот С. Шепард)

Скот Сендер Шепард (англиски: Scott Sander Sheppard, р. 19 февруари 1976) — американски астроном, откривач на голем број месечини, комети и мали планети во надворешниот Сончев Систем.[1][2][3]

Шепард е астроном во Одделението за земски магнетизам при Научниот Карнегиев институт во Вашингтон. Додипломските студии ги завршил на колеџот „Оберлин“ на Институтот за астрономија при Хавајскиот универзитет, каде веќе открил поголем број мали месечини на Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Исто така го открил и првиот следечи Нептунов тројанец, 2008 LC18 и првиот именуван водечки тројанец на таа планета, наречен 385571 Отрера. Овие откритија покажале дека Нептуновите тројанци патуваат по високонаклонети орбити и затоа веројатно потфатиле мали тела од другите делови на Сончевиот Систем.

Астероидот 17898 Скотшепард од главниот појас откриен во 1999 г. е наречена во негова чест.[1]

Откритија

[уреди | уреди извор]
Откриени мали планети: 16 [4]
(79978) 1999 CC158 15 февруари 1999 список[А][Б][В]
(131695) 2001 XS254 9 декември 2001 список[Б][Г]
(131696) 2001 XT254 9 декември 2001 список[Б][Г]
(131697) 2001 XH255 11 декември 2001 список[Б][Г]
(148975) 2001 XA255 9 декември 2001 список[Б][Г]
(168700) 2000 GE147 2 април 2000 список[Б][В]
(200840) 2001 XN254 9 декември 2001 список
341520 Морс–Сомнус 14 октомври 2007 список[В]
385571 Отрера 16 октомври 2004 список[В]
(385695) 2005 TO74 8 октомври 2005 список[В]
(469420) 2001 XP254 10 декември 2001 список[Б][Г]
(469421) 2001 XD255 9 декември 2001 список[Б][Г]
(471143) 2010 EK139 13 март 2010 список[В][Д][Ѓ]
(471165) 2010 HE79 21 април 2010 список[В][Д][Е]
(471921) 2013 FC28 17 март 2013 список[В]
(508792) 2000 FX53 31 март 2000 список[B][C]
А со Џ. Лу
Б со Д. Џуит
В со Ч. Трухиљо
Г со Ј. Клејна
Д со А. Удалски
Ѓ со М. Кубјак
Е со Р. Полески

Шепард бил водечкиот откривач на објектот со најдалечната позната орбита во Сончевииот систем 2012 VP113 (со прекар „Бајден“). Во 2014 г. сличноста на орбитата на 2012 VP113 со другите крајни објекти од Кајперовиот Појас ги поттикнало Шепард и Трухиљо да го предлоаат постоењето на непозната планета со суперземска маса (2-15 Земјини маси) во надворешноста на Сончевиот Систем, на далечина од 200 до 1.500 ае која ги води овие помали тела во слични орбити. Крајните заднептунци 2013 FT28 и 2014 SR349, објавени во 2016 г. чиј сооткривач е Шепард, понатаму покажуваат веројатно присуство на масивна планета по неколку стотини астрономски единици во нашиот Сончев Систем.

Учествувал во откривањето на голем број мали тела во Сончевиот Систем како заднептунци, кентаури, комети и околуземски објекти.

Открил тела кои се водат како можни џуџести планети, и тоа (471143) 2010 EK139, 2010 KZ39, 2010 FX86, 2013 FY27, 2013 FZ27 и 2015 KH162.

Шепард е сооткривач на планетоидна месечина која кружи околу заднептунецот 341520 Морс-Сомнус.[2]

По него и колегите се наречени две комети: Шепард-Трухиљо (C/2014 F3) и Шепард-Толен (C/2015 T5).

Работел на откривање на низа неправилни месечини на поважните планети:[3]

Јупитер

Ги открил следниве Јупитерови месечини:

Сатурн

Ги открил следниве Сатурнови месечини:

Уран

Ги открил следниве Уранови месечини:

Нептун

Ги открил следниве Нептунови месечини:

  1. 1,0 1,1 Schmadel, Lutz D. (2006). Dictionary of Minor Planet Names – (17898) Scottsheppard, Addendum to Fifth Edition: 2003–2005. Springer Berlin Heidelberg. стр. 112. ISBN 978-3-540-34361-5. Посетено на 13 November 2016.
  2. 2,0 2,1 „Circular No. 8962 Central Bureau for Astronomical Telegrams“ (PDF). CBAT. 2008-08-01. Посетено на 2012-01-30.
  3. 3,0 3,1 „JPL Solar System Dynamics: Planetary Satellite Discovery Circumstances“. Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 13 November 2016.
  4. „Minor Planet Discoverers (by number)“. Minor Planet Center. 20 August 2016. Посетено на 24 August 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]