Маргарита (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маргарита
S2003u3acircle.gif
Слика од откривањето на Маргарита во Август 2003
Откривање
Откривач
Откриено29 август 2003 [1][2]
Орбитални особености
Главна орбита полупречник
16,256,000 km[3][4]
Занесеност0.6608[4] (средна)
1687.01 д
Наклон57° (до еклиптиката)[3]
Месечина наУран
Физички особености
Среден полупречник
10 km (estimate)[5]
~1.300 km² (проценка)
Зафатнина~4.200 km³ (проценка)
Маса~5.5×1016 кг (проценка)
Средна густина
~1.3 g/cm³ (претпоставена)
~0.0023 m/s² (проценка)
~0.085 km/s (проценка)
?
?
Албедо0.04 (претпоставка)[5]
Температура~65 K (проценка)

Маргарита е единствениот познат програден неправилен сателит од природните сателити на Уран. Откриен е од Скот Шепард во 2003 година и му била доделена привремената ознака S/2003 U 3.[6]

Потврден како Уран XXIII, името го добил по слугинката на Херо во драмата од Вилијам ШекспирМногу врева за ништо.[1]

Орбита[уреди | уреди извор]

Анимација на слики од откривањето кои го прикажуваат движењето на Маргарита во однос на ѕвездите и галаксиите во позадина
Неправилни сателити на Уран

Маргарита се издвојува како единствен неправилен сателит на Уран со напредно движење. На дијаграмот можат да се видат орбиталните параметри на Маргарита, кои се уникатни меѓу неправилните сателити на Уран; наклонот на вертикалната оска и орбиталното занесување се претставени со деловите кои се протегаат од перицентарот до апоцентарот.

Наклонот на Маргарита од 57° е блиску до границата на стабилност. Ниту една позната месечина нема среден наклон во опсегот од 60 < i < 140 поради нестабилноста на Козај. [7] Во овој опсег на нестабилност, сончевите растројувања во апсидата ги приморува на месечините да се здобијат со голема ексцентричност и како последица на тоа се јавуваат судири или исфрлање од системот во текот на 10 милиони до милијарда години. Периодот на прецесија на периапсисот на Маргарита (Pw) трае речиси 1,6 милиони години. Во некоја далечна иднина и Маргарита може да биде исфрлена од планетарниот систем на Уран.[8]

Орбитата на Маргарита е подложна на сончеви и планетарни растројувања; и оттука нејзините орбитални елементи се менуваат на релативно краток рок. Во рок од 8.000 години, просечното орбитално занесување на Маргарита е 0,68. Во 2010 година, нејзиното занесување се зголемило до 0.81,[9] што привремено ја направило Маргарита месечина со најзанесена орбита од сите познати месечини во Сончевиот Систем, иако просечното занесување на Нереида од 0,75 е поголемо.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Blue, Jennifer (2008-10-16). „Planet and Satellite Names and Discoverers“. Working Group for Planetary System Nomenclature (WGPSN). Посетено на 2008-12-19.
  2. Sheppard, Scott S. „New Satellites of Uranus Discovered in 2003“. Institute for Astronomy at the University of Hawaii. Архивирано од изворникот на 5 May 2008. Посетено на 2008-12-19.
  3. 3,0 3,1 Sheppard, Jewitt & Kleyna 2005, стр. 523, Table 3.
  4. 4,0 4,1 Jacobson, R.A. (2003) URA067 (2007-06-28). „Planetary Satellite Mean Orbital Parameters“. JPL/NASA. Посетено на 2008-01-23.
  5. 5,0 5,1 Sheppard, Jewitt & Kleyna 2005, стр. 523, Table 3 ... ri (km) ... 10 ... i Radius of satellite assuming a geometric albedo of 0.04.
  6. IAU Circular 8217
  7. Sheppard, Jewitt & Kleyna 2005.
  8. Brozovic, M.; Jacobson, R. A. (4 March 2009). „The Orbits of the Outer Uranian Satellites“. The Astronomical Journal. 137 (4): 3834–42. Bibcode:2009AJ....137.3834B. doi:10.1088/0004-6256/137/4/3834.
  9. „IAU-MPC Natural Satellites Ephemeris Service“. IAU: Minor Planet Center. Посетено на 2008-01-26. (Select Uranian, deselect Ephemerides and select Orbital Elements)