Фердинанд (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фердинанд (месечина)
Uranus moon 021002 02.jpg
откритија - слики на Фердинанд
Откривање
Откривач
Откриено13 август 2001 година
Ознаки
Изговор/ˈfɜːrdnænd/
Орбитални особености
Главна орбита полупречник
20,901,000 kм
Занесеност0.3682
2887.21 д (7.9 години)
Наклон169.84° (локал Лапласова рамнина) 170° (до еклиптиката)[1]
Месечина наУран
Физички особености
Среден полупречник
6 км (проценка)
~1300 kм (проценка)
Зафатнина~4200 kм (проценка)
Маса~5,4×1015 кг (проценка)
Средна густина
~1.3 g/cm (се претпоставува)
?
?
Албедо0,04 (претпоставено)
Температура~65 К (проценка)

Фердинанд (месечина) е најоддалечениот ретроградно неправилен сателит на Уран[2].

За прв пат бил виден во близина на Уран од Метју Џ. Холман, Џон Џ. Кавеларс, Дан Милисављевиќ и Брет Џ. Гладман на 13 август 2001 година и повторно забележан во септември 21, 2001. Објектот потоа бил изгубен без потврда дека всушност орбитира околу Уран.

На 29 и 30 август 2003 година, тим предводен од Скот С. Шепард го истражувле небото околу Уран со телескопот Субару и откриле два непознати објекти во близина на Уран. Овие два нови објекти биле повторно набљудувани од Шепард и сор. со Телескопот Близнаци на 20 септември 2003 година при што ги пријавиле во Центарот на малата планета како можни нови месечини на Уран.

На 24 септември 2003 година, Брајан Г. Марсден, во Центарот за Мала планета, поврзал еден од непознатите објекти пријавени од Шепард и сор. со изгубениот објект забележан од Холман и сор. во 2001 година. Тогаш Холман можел да ја потврди поврзаноста помеѓу објектите од 2001 и 2003 година на 30 септември 2003 година со набљудување на нивната локација со Магелан-Бааде телескопот. Поврзаниот објект од 2001 и 2003 година потоа ја добил привремената ознака „S/2001 U 2“ на 1 октомври 2003 година, официјално идентификувајќи го како месечина на Уран. Денес наречен „Уран XXIV“ .

Вториот нов објект забележан од Шепард и сор. во 2003 година беше и млада месечина на Уран, сега именувана Маргарет.

Орбита[уреди | уреди извор]

Ретроградни неправилни сателити на Уран

Фердинанд е најоддалечениот познат сателит на Уран. Следи ретроградна, скромна наклонето но високо ексцентрична орбита.

Дијаграмот ги илустрира орбиталните параметри на ретроградните неправилни сателити на Уран (во поларни координати) со ексцентричноста на орбитите претставена со сегментите што се протегаат од перицентарот до апоцентар.

Исто така види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шепард, Џевит & Клејна 2005, стр. 523, Табела 3.
  2. Ferdinand


Надворешни врски[уреди | уреди извор]