Покраини во Перу
Оваа статија е дел од серијалот за политиката на Перу |
УСТАВ |
Портал: „Политика“ |
Покраините во Перу (шпан. provincias) се второстепени администратицни единици во земјата. Се делат на окрузи (distritos). Во Перу има 195 покраини, групирани во 25 региони (освен покраината Лима, која не припаѓа на ниеден регион). Ова значи дека регионите просечно имаат по 7 покраини. Најмалку покраини има регионот Каљао (1), а највеќе има регионо Анкаш (20).
Покраините на истокот од Перу во ретко населената дождовна шума Амазонија се поголеми, додека пак северно-централниот дел на земјата се одликува со поголем број на покраини. Најмалку окрузи има покраината Пурус (1), а највеќе покраината Лима (43). Просечниот број на окрузи по покраина изнесува 8 (29 покраини имаат токму по 8 окрузи).
Табела на покраини
[уреди | уреди извор]На табелава се прикажани сите покраини со нивните административни центри и регионот во кој се наоѓаат. Секоја од нив има единствен UBIGEO-код. Градовите со задебелени букви се воено и регионални главни градови.
По население
[уреди | уреди извор]Покраина | Население | Регион | Град | Окрузи |
---|---|---|---|---|
Лима | 7.605.742 | Лима | Лима | 43 |
Constitutional Province of Каљао | 876,877 | Каљао | Каљао | 6 |
Арекипа | 864.250 | Арекипа | Арекипа | 29 |
Трухиљо | 811.979 | Ла Либертад | Трухиљо | 11 |
Чиклајо | 757.452 | Ламбајеке | Чиклајо | 20 |
Пиура | 665.991 | Пиура | Пиура | 9 |
Мајнас | 492.992 | Лорето | Икитос | 13 |
Уанкајо | 466.436 | Хунин | Уанкајо | 28 |
Санта | 396.434 | Анкаш | Чимботе | 9 |
Куско | 367.791 | Куско | Куско | 8 |
Коронел Портиљо | 333.890 | Укајали | Пукаљпа | 7 |
Ика | 321.332 | Ика | Ика | 14 |
Кахамарка | 316.152 | Кахамарка | Кахамарка | 12 |
Суљана | 287.680 | Пиура | Суљана | 8 |
Уануко | 270.233 | Уануко | Уануко | 11 |
Такна | 262.731 | Такна | Такна | 10 |
Ламбајеке | 258.747 | Ламбајеке | Ламбајеке | 12 |
Сан Роман | 240.776 | Пуно | Хулијака | 4 |
Пуно | 229.236 | Пуно | Пуно | 15 |
Уаманга | 221.469 | Ајакучо | Ајакучо | 15 |