Прејди на содржината

Региони во Перу

Од Википедија — слободната енциклопедија

Регионите (шпан. regiones) се првостепени административни единици во Перу. Од неговото осамостојување (1821) па сè до 2002, Перу било поделено на одделенија или „департмани“ (departamentos), но ова во поново време се има покажано како проблематично поради сè поголемата централизација на политичката и економската моќ на главниот град Лима.

Покраината Лима не припаѓа на ниеден регион. За разлика од департманите, регионите имаат избрана управа (влада) и широк дијапазон на надлежности. Постапката на децентрализација и понатаму трае.

Регионите (како и департманите пред нив) се делат на покраини и окрузи.

Информациите за површина и население се преземени од податоците на Националниот институт за статистика и информатика (INEI).[1] Демографските податоци се добиени од пописот во [2]. Густината на населеност е изразена во жители по квадратен километар, со прецизност од едно децимално место. Секоја административна единица има и свој UBIGEO-код.

Регион ISO
UBIGEO
Гл. град Површина
(км²)
Население Густина на
насел. (/км²)
Положба
Амазон PE-AMA 01 Чачапојас 39.249 389.700 9,9
Анкаш PE-ANC 02 Уарас 35.914 1.039.415 28,9
Апуримак PE-APU 03 Абанкај 20.896 418.882 20,0
Арекипа PE-ARE 04 Арекипа 63.345 1.140.810 18,0
Ика PE-ICA 11 Ика 21.328 665.592 31,2
Каљао PE-CAL 07 Каљао
(округ Белависта)
147 810.568 5.514,8
Кахамарка PE-CAJ 06 Кахамарка 33.318 1.359.023 40,8
Куско PE-CUS 08 Куско 71.986 1.171.503 16,3
Ла Либертад PE-LAL 13 Трухиљо 25.500 1.539.774 60,4
Ламбајеке PE-LAM 14 Чиклајо 14.231 1.091.535 76,7
Лима PE-LIM 15 Уачо 34.802 864.853 223,2
Лорето PE-LOR 16 Икитос 368.852 884.144 2,4
Мадре де Диос PE-MDD 17 Пуерто Малдонадо 85.301 92.024 1,1
Мокегва PE-MOQ 18 Мокегва 15.734 159.306 10,1
Паско PE-PAS 19 Серо де Паско 25.320 266.764 10,5
Пиура PE-PIU 20 Пиура 35.892 1.630.772 45,4
Пуно PE-PUN 21 Пуно 66.997 1.245.508 18,6
Сан Мартин PE-SAM 22 Мојобамба 51.253 669.973 13,1
Такна PE-TAC 23 Такна 16.076 274.496 17,1
Тумбес PE-TUM 24 Тумбес 4.046 191.713 47,4
Уанкавелика PE-HUV 09 Уанкавелика 22.131 447.054 20,2
Уануко PE-HUC 10 Уануко 36.849 730.871 19,8
Укајали PE-UCA 25 Пукаљпа 101.831 402.445 4,0
Хунин PE-JUN 12 Уанкајо 37.667 1.091.619 29,0

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Банка на иформации за админинстративните единици Архивирано на 23 април 2008 г.“ - INEI (шпански). проверено на 30 ноември 2007.
  2. Пописот е спроведен од 2005 18 јули до 20 август 2005