Национален институт за статистика и информатика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Логото на INEI

Националниот институт за статистика и информатика (шпан. Instituto Nacional de Estadística e Informática, INEI) е полусамостојна владина агенција во Перу со задача да распишува пописи, составува и обработува статистички информации за земјата. Моментален директор на институтот е Ренан Киспе Љанос.

INEI го олеснува донесувањето на одлуки кај поединечни субјекти со тоа што нуди квалитетни статистички информации употребувајќи информатичка технологија, така придонесувајќи за развојот на општеството.

Пописна активност[уреди | уреди извор]

Последниот попис INEI го спровеле во август 2005. Претходниот попис е извршен во 1993 г.

Кодни системи[уреди | уреди извор]

Во наодите и извештаите INEI користи стандардни кодни системи за географска положба (Ubicación Geográfica) и класификација на стопанските активности (Clasificación Nacional de Actividades Económicas del Perú):

Надворешни врски[уреди | уреди извор]